Голем концерт на Каролина, сала Борис Трајковски - 13.05.2011

Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Најголемата македонска ѕвезда Каролина го потврди својот голем Скопски концерт. Промоција на новиот албум "Капка под небото" ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 16 - ти април!

Организаторот на концертот, Авалон Продукција најави дека наскоро ќе открие повеќе детали околу гостите и влезниците.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
ММмммм примамливо. Ако не бидат скапи картите, би требало да се оди.
Јас ја обожавам Каролина!
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Презакажан концертот на КаролинаЧетврток, 03.03.2011
Македонска сцена


Концертот на македонската поп ѕвезда Каролина, кој што требаше да се одржи на 16 април во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје, презакажан е за 13 Мај.
Организаторите, Авалон Продукција, со објаснување дека единствената причина за новиот датум на концертот е техниката која требало да стигне во Скопје, во месец Април, но поради објективни причини неможела да стигне навреме.

По српската промоција на шестиот албум на Каролина, „Капка под небото“, македонската, поп пејачката реши да ја реализира со голем солистички концерт. Последниот концерт на Каролина беше во 2008 во Универзална сала каде што беше и промоцијата на етно албумот „Македонско девојче“
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
ПОП ЅВЕЗДАТА ГО НАЈАВИ КОНЦЕРТОТ ВО МАЈ

Каролина во до сега невидено издание

На скопскиот концерт во салата Борис Трајковски на 13 мај, Каролина ќе се претстави во до сега невидено издание, најавија од "Авалон" продукција на вчерашната прес конференција во Скопје.
" Концертот ќе биде поделен на неколку делови, поп, рок, електронски и етно. Поради шаренилото во мојот досегашен репертоар имам простор за такво нешто. Гости ќе ми бидат Влатко Стефановски и "Беи д фиш". Влатко е гостин во песната "Не се враќаш", а со "Беи д фиш" го снимив дуетот "Идеална жена" (Идеал њоман). Сценскиот и визуелен дел имаме време да го осмислиме уште цели два месеци, рече Каролина.
На пресот беше промовиран и спотот за "Не се враќаш", актуелниот сингл, кој го изработи "Томато продукција", а го режираше Бане Поповиќ. На идеа на Каролина, во видеото играат актерите Весна Станоевски и Игор Стојчевски, а во студискиот дел гостува и Влатко Стефановски. Главната приказна во спотот се врти околу љубовта на двајцата актери кои во повеќето сцени пијат алкохол. На крајот, главниот актер во алкохолизирана состојба гине во сообраќајна незгода. Според менаџерот на Каролина, Бобан Милошески, спотот има позитивна поука за младите.
На 24 март, Каролина во Белград ќе го промовира актуелниот албум "Капка под небото", и се надева дека до крајот на годината ќе одржи концерт во Белград. Веднаш по пресот, поп-ѕвездата замина за Загреб, поради обврските со кампањата за борба против ракот на грлото на матката чије заштитно лице е.
 
Член од
18 март 2010
Мислења
53
Поени од реакции
1
Koga kje bida pushteni kartite za prodazba? Ochekuvam kje bidat numerirani ili?
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Пуштени влезниците за Каролина
[18.04.2011 - 14:25 часот] Сподели




Од денес, 18.04 во продажба се пуштаат влезниците за големиот концерт на Каролина, кој на 13-ти мај ќе се одржи во арената "Борис Трајковски".

На концертот на Каролина специјални гости ќе бидат Влатко Стефановски, Беи Д Феиш и браќата Тавитијан.



Со купената влезница, секој посетител на влезот ќе добие ЦД со последниот албум на Каролина, "Капка под небото".

Влезниците чинат од 300 до 500 денари, а можат да се набават во сите продажни места на сервисот www.kupikartizase.com
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086



К А Р О Л И Н А

со невиден спектакл на 13 мај - сала Борис Трајковски

 
P

PewDiePie

Гостин
не се враќаш неееееееееееееееееееееееееее не се враќаш кааааааааааааааааај менеееее :nesum:

:tv:
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Владо Јаневски - гостин на спектаклот


На досега најголемиот концерт на Каролина, кој ќе се одржи на 13-ти Мај во Спортската Арена "Борис Трајковски", концерт за кој има огромен интерес, ќе се појави како гостин Владо Јаневски. Ова беше желба на Каролина како потсетување на повеќе од успешната соработка од пред неколку години кога со Владо го изведоа дуетот "Љубовта е моја религија".
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Каролина во досега невидено издание!

- Во превод: Никој не сака да дојде за да ја види.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
^ Три пати има презакажано коцерт, затоа е НЕВИДЕН уште :D
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Наместо да подржите концерт на македонски изведувач, вие одма плукате. Не е случајот со Каролина, за се што е наше, е така. На Аца Лукас и Дара Бубамара ќе им ги полниме џебовите, а за изведувач кој опстојува веќе 20 години на естрадата и пее квалитетна поп музика, неизбежни се негативните критики од неколку форумџии кои најверојатно не слушаат македонска поп музика. Срамота.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Наместо да подржите концерт на македонски изведувач, вие одма плукате. Не е случајот со Каролина, за се што е наше, е така. На Аца Лукас и Дара Бубамара ќе им ги полниме џебовите, а за изведувач кој опстојува веќе 20 години на естрадата и пее квалитетна поп музика, неизбежни се негативните критики од неколку форумџии кои најверојатно не слушаат македонска поп музика. Срамота.
Што има да го поддржуваме или да не го поддржуваме ние? Заинтересираноста на публиката е најдобро мерило за успехот на некој изведувач. Ако не можат да соберат публика, јас ли треба да им берам гајле? Ако мене ми касни платата, Каролина ли ќе се секира за мене? Нека си пее и понатаму, немам ништо против. Песните и се фини, но не ме привлекува до тој степен да посетам некој нејзин концерт во живо.

Веројатноста некогаш да отидам на концерт на Каролина е 1:700.000. Ако е за некаква утеха, има далеку поголема веројатност да отидам на Каролина, отколку на било кој друг изведувач од просторите на екс-Југославија.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Наместо да подржите концерт на македонски изведувач, вие одма плукате. Не е случајот со Каролина, за се што е наше, е така. На Аца Лукас и Дара Бубамара ќе им ги полниме џебовите, а за изведувач кој опстојува веќе 20 години на естрадата и пее квалитетна поп музика, неизбежни се негативните критики од неколку форумџии кои најверојатно не слушаат македонска поп музика. Срамота.
а шојма врска државата за пеачот? Ај и боки е од македонија и да му одам него на концерт (ок лош пример) еве и лозаноски е македонец и него ли да му одам на концерт? незнам шо има врска државата за поддршката на пеачите.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
КОНЕЧНО ДОЈДЕ ПЕТОК 13
НАЈГОЛЕМИОТ КОНЦЕРТ НА НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА ПЕЈАЧКА


ВЕЧЕР МАКЕДОНИЈА Е ВО САЛАТА БОРИС ТРАЈКОВСКИ




:vozbud: :vozbud: :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom