Абе вие дипломати шо смирувате тука на форумов, кај видовте паника ?
Демек надвор луѓе ко муви без глави трчаат, се краде од продавници па мора војската да излезе и да се воведе полициски час па затоа вашиве „не треба да се паничи туку трезвено да глеаме на ситуацијава“ се баш на место....
Па уште и хуморот, иронијата и сарказмот од синојка биле непотребни....
Остајте ги идиотите на фб шо пишуваат на #prayformacedonia колку да бидат ин и да лапнат некој лајк, барем на форумов нема такви работи и нема потреба од вакви дипломатски постови.
Има паника друже особено кај оние се понеупатени. Не сите седат на кајгана, твитер и ФБ и се запознаени со интерни шеги од типот на прејфорскопје сликите. Пример мајка ми бајаги се испаничи, пошто жената видела нешто по телевизииве плус цел ден горе на дел од телевизииве одат вести од типот дека не очекувало големо невреме итн.
Имаш брз пренос на вести во странство од тие шегаџиски слики и твитови, па луѓе од странство вознемирени се јавуваат во Македонија да прашаат дали роднините им се добро.
Луѓето си ги поврзуваат работите со она што се случуваше изминатиов период во соседството и сигурно не им е баш јасно што се случува читајќи ги глупостите на некии сеирџии.
Цели градови отидоа под вода поради излив на РЕКИ, а нашиве од заебанции направија слика дека 30 минутниот дожд и НИКАКВАТА КАНАЛИЗАЦИЈА предизвикала слични поплави како и на Балканов.
Не се ова пораки за спласнување на паниката (која ти не ја осеќаш пошто знаеш дека се е зебанција затоа што си помлад и знаеш дека често се прават такви шеги низ светов) туку за прекинување за прекинување на такви имбецилни пораки за спас на Скопје
Мене стварно ми е смешен народов.
Од една страна имаш глупости од типот на #prayforskopje и други паникокревачки приказни, ама па од друга страна имаш циници што за да испаднат покул и попаметни и за да маваат контра на првите , се прават дека ништо посебно не се случило. (а веројатно и си седеле дома на топло и суво).
Факт е дека не се удавивме, не ни се срушија крововите над глава, здрави сме и живи, ама и факт е дека тоа што вчера се случи не беше за потценување.
А колку луѓе биле засегнати од она што се случило вчера? Има ли поплавени куќи? Има ли загинати, исчезнати, луѓе кои останале без домовите, повредени?
Не ме заебавај, ако ова е сериозно, ондак тука да се прелее Вардар кај ќе ни биде крајот.
Немаше дури ни проблеми со дефекти со струјата како што забележав (може грешам), нешто што се случува доста често при секое врнење кај нас.
Еве не мора ни да правиме споредби со тоа што се случило во соседството, што нема допирна точка со ситуацијава кај нас. Единственото нешто што не е за потценување се никаквите канализации. Дали е тоа нешто ново? НЕ! При секој дожд коли пливаат кај Мавровка, кај подвожњакот накај Црниче, ГТЦ се поплавува...
Нема потреба да се остава грешна слика, но секако има потреба ( и тоа многу одамна, а не од сега заради состојбите во соседството, градските власти да реагираат). Кога паѓа град низ Источна Македонија особено, има 1000 пати поголеми штети од оние од вчера, бидејќи се уништуваат цели насади, па земјоделците остануваат со празни раце затоа што цела работа им паѓа во вода.
Временските неприлики може да предивикаат многу полоши ситуации, дај боже да остане на тоа дека она што било вчера е најлошото што може да не снајде.