Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.489
На крајот од 2,5 километри долгата патека како втор пристигна Андреј Стојановски - глувонем од своето раѓање.
На 2 септември тој ќе ја преставува Македонија на Олимпијадата за глуви лица во Тајван.
15-годишниот Андреј Стојановски од своето раѓање има хендикеп.
Иако е глувонем, тоа за него не преставува проблем да биде меѓу најдобрите нлади пливачи во Македонија.
На „Малиот охридскиот пливачки маратон“ од 65 натпреварувачи тој на целта стигна втор.
Со помош на неговиот толкувач Андреј ни кажа дека е пресреќен што успеал да освои награда:
-„Многу натпреварувачи имаше, задоволен сум од освоеното место.“
Неговиот тренер од пливачкиот клуб „Вардар“ Боро Блажески вели дека е задоволство да се работи со Андреј и дека неговиот хендикеп не преставува никаков проблем:
-„Прекрасно е да се работи со вакви деца, тие имаат дополнителен мотив. Тоа што не слушаат го надополнуваат со голема амбициозност. Јас го давам него за пример на другите деца, бидејки тој работи во група, како може да ги разбере вежбите а тие не можат. Андреј дојде на базен како и секое друго дете да плива и го засака пливањето и не може ниту еден ден да помине без тренинг.“
На 2 септември Андреј ќе учествува на Олимпијадата за глуви и наглуви лица која ќе се одржи во Тајпеј, на Тајван.
Ќе ја преставува Македонија во пет дисциплини а негови противници ќе бидат пливачи кои имаат и по 30 години.
Ќе биде меѓу најмладите на ова големо натпреварување.
За родителите на Андреј, неговиот успех е успех и на Македонија:
-„Се надевам дека ќе имам прилика да го следам. Мислам дека му треба подршка моја. Очекуваме да ги подобри времињата и добро да ја презентира Македонија на Олимпијадата.“
Дека хендикепираните лица не се ништо поразлични од другите луѓе, говори примерот со Андреј.
Борбата продолжува, велат од Сојузот на глуви на Македонија.
Ја повикуваат државата да го почитува и помага секој успех на овие лица а не да ги остава на маргините на ова општество.
Извор
Секоја чест. Алал да му е на детево. Му посакувам никогаш да не се откажува од тоа што го сака и да не гледа на хендикепот како на голем проблем. Да даде Господ со медал да ни се врати.