Глобално затоплување (ВАЖНО)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Темава се мислев да ја отворам одамна, уште кога за прв пат го гледав документарецот ''Притаената вистина'', но не најдов доволно време за да ја разработам и да покажам начини, лесни промени во вашиот секојдневен живот со кои можете да го продолжете животот на планетата Земја.

Еве за почеток што можите да направите:

1. Едуцирајте се, распрашајте се, дознајте за проблемот и начините за неговото спречуавање. Не можете да ја раширите веста како да се реши ова ако не сте доволно запознаени со проблемот.

2. Колективност, една од најважните идеи кои треба да се форсираат во иднина. Користете јавен превоз, работите кои можете да ги направите заедно со други луѓе, не правете ги сами. На пример ако сте 5мина во кругот на пријатели а секој оди со својата кола до истата дестинација, тогаш штетата која ја предизвикувата на озонот е 5 пати поголема. Колективната организација и одењето со автобус или со една кола е далеку порационално решение.

3. Рециклирање, ова иако е секојдневие во земјите на запад, сепак за нас сеуште е шпанско село. Продуктите на пластичните маси кои ги употребуваме секојдневно се тешкоразградливи материјали, но тие можат лесно да се разградат и да се употребат пак и пак и пак. Но ние гледаме на хартијата и на пластиката како на потрошен материјал.

4. Алтернативи, еве најлесен пример. Своите најчесто употребувани 3 обични силајици/светилки во својот дом, заменете ги со флуоросцентни/неон сијалици. Едно заштедувате далеку повеќе пари бидејќи векот на една флуоросцентна светилка е 10тина пати поголем значи поретко ги менувате а од друга страна го намалувате и испуштањето на штетни гасови за околу 300 кг на годишно ниво.

5. Малите работи ја прават разликата. Со добриот и израмнет притисок во вашите гуми, заштедувате до 700 евра годишно и го намалувате испуштањето на штетни емисии во атмосферата за 200 кг.

6. Разумно користење. Машината за перење користете ја само кога е потребно. Почекајте да се исполни нејзиниот максимален капацитет и дури тогаш пуштете ја. Со нерезонско користење на машината за перење се испуштаат многу многу повеќе отровни гасови а плус и разликата ќе ја почуствувате на вашиот џеб.

7. НЕ за најлонот. Во високоразвиените земји веќе одамна е отфрлена најлонската амбалажа. Купувајте производи кои се во картонска амбалажа, таа е далеку поразградлива од најлонот. Ретко во кој супермаркет во странство купените производи ќе ви ги стават во кеса. Се оди во хартиена торба, значи сосем спротивно од тука.


.... продолжува.
 

rowling

Desperate Cranberrie
Член од
31 март 2007
Мислења
290
Поени од реакции
8
Мислам,срамота е што има таков мал интерес за таква важна тема...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom