Герилско градинарство – нова форма на изразување

Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Дали некогаш сте саделе онака без повод и причина? Каде?

Уметничкото претворање на секакви градски површини во зелени градини, се новите графити во градовите. Денес ќе ве запознаеме со едно движење во светот, познато како guerilla gardening и ќе ви дадеме, насоки за самостојни локални дејности.


Ако сте вљубени во село, но живеете во град… Ако имате потреба од сцена, од ритам, од нови слики… Ако го сакате градот, но сметате дека е грозен. Глуп и суетен, помалку сив. Тогаш може да му објавите војна. Да војувате со него, како што војуваат луѓето во белиот свет… Со рачно направени бомби, обележана цел и акција преку ноќ… Еден млад човек, точно сега додека ги читате овие редови, фрла граната во близина на бетонски блок, некаде во Париз… Само што гранатата се состои од овошни семиња и цвеќе.

- Зошто треба садењето и разубавувањето на градот да биде нешто како партизанска акција? Од една стана, знаеме дека тоа е незаконско- но исто и графитите се назаконски и значат рушење на градската средина. Теоретски гледано, може да завршите во затвор. Но, во реалноста никој не е затворен досега, дури општините покажале интересе, вели Ричард Рејнолдс, основач на движењето.

Во 2004 год. Рејнолдс, кој преку ден работи како рекламен агент, загледан преку прозорецот од својот стан кон запустено парче земја пред зградата, решава да го обогати и му даде малку магија. Растенијата кои ги сади, преживеале… а тоа било причина да продолжи. Покрај блогот што го води, guerillagardening.org и книгата со тема партизанско градинарство, неговата идеја се раширува и до денес брои илјадници следбеници од цел свет. Ако се поврзете со ова друштво на градинари, ќе може да дознаете многу корисни нешта. Од тоа какви семиња да користите, кога да делувате, каде и сл…Има пет начина да направите бомби од семиња, кои ќе може да ги подметнете на тешко достапни места. А се споделуваат и вести-акции за тоа, каде, кога и што точно ќе биде “нападнато“, обично преку ноќ…

Блогот на Рејнолдс не е единствено место каде се собираат зелените партизани. Во иста насока и со иста агенда делуваат Heavy Petals во Ванкувер, GreenAid во Лос Анџелис, Abahlali base Mjondolo во Јужна Африка, Have på en nat во Копенхаген…и уште многу други, назависно дали се органзиации или самостојни граѓани. Во Мелбурн, на дел од оголеното земјиште покрај железниците се издигнало зеленило, како резултат на напади, а во други делови никнале цели градини зеленчук. Во Ричмонд, Вирџинија, имале друга цел за акција- изградиле куќички за птици. Во Брисел, активистите си измислиле празник, 1 мај, ден на сончогледот… ден во кој сите садат сончогледови семки, покрај своите куќи или згради.

Поточно, има различни верзии за почетокот на движењето… некои сметаат дека тоа почнало од “Зелените партизани” (The Green Guerillas), кои во 70 тите, окупирале запуштен приватен имот во Њујорк… други велат дека, потекнува од “Копачите” (The Diggers) во Сури, Англија. Oрганизирано, во форма на протест, садењето е младо колку и бетонскиот град. Понекогаш акциите биле и чиста симболика…како во мај 2000, кога илјадници градинари го окупирале плоштадот пред парламентот во Лондон и засадиле зеленчук и цвеќе. “Отпорот е плодоносен“, пишувало на транспаренти.



Што треба да знаете, ако решите да се занимавате со оваа форма на градинарство?

Одберете по издржливи растенија, кои можат да преживеат во градски услови. Барајте такви, кои се множат сами, како момини солзи, маргаритки, бршлен. Луковиците од некои цвеќиња, цветаат со години. За да направите рачна бомба, помешајте земја и семиња со малку вода. Може смесата да ја ставите во обична хартија или просто оформете топка со раце.

Точно сега е времето кога можете да направите нешто едноставно, но важно за вашиот град. Без да бидете дел од некаква организација или некој од градските власти да ве мотивира да садите. Доволно се неколку луковици од цвеќе, кое може да се купи лесно и ефтино, една лажичка и по потреба ракавици. Изберете го најгрозното место на патот до вашата работа- она кое не сакате да го гледате. И таму засадете го цвеќето. Дупката треба да биде двапати подлабока од главата луковица. Тоа е се. Дури и ништо да не никне, цела зима мислата ќе ви биде во тоа место и ќе мислите на цвеќето, кое ќе расцвета еден ден. Вистинска тајна градина, нели?

Извор
 
Член од
22 јули 2014
Мислења
621
Поени од реакции
766
Замислете, оваа брилијантна идеја е на група студенти од Америка. Целта им била јасна: преку проектот сакале да привлечат внимание кон проблемот со оштетените патишта и улици,на забавен начин. Се што требало да направат, е да ги пополнат дупките со земја и свежо цвеќе. И успеале во идејата!


Оваа идеја на младите студенти не останала незабележана и набргу привлекла интерес. До денеска, ширум светот се појавиле многу улични градинари, кои редовно ги украсуваат дупките на улиците.Еден од нив е британецот Стив Вин (SteveWheen).

Еден убав сончев ден Стив Вин (SteveWheen) сватил дека, превозот до работа може да се претвори во кошмар, доколку патот не е во добра состојба. И решил да направи нешто во врска со тоа.





Така станал стрит (уличен) градинар во Источен Лондон, каде проблемот со дупките на улиците изгледа е сериозен. Полека почнал да ги претвора грозните и опасни “процепи“ во оригинални зелени катчиња.

Во нивната реализација творецот, вложува голема креативност и доза на хумор. Тој признава дека освен социјалната мисија да ги пополни и обезбеди градските дупки, има и друга важна задача. Вистински се радува кога преку малите градинки, успева да ги насмее минувачите и да им даде трошка оптимизам.

А ова се случува доста често:Неодамна Стив ја посетил и Италија, каде имал задоволство да учествува на Milan Design Week.

Во големото дизајнерско шоу се вклучени многу артисти од цел свет, за да ги презентираат своите креативни идеи. Уличниот градинар Стив имал изложба од цели 14 проекти,меѓу кои:


За жал, ние немаме ваков градинар кај нас. Но и да имавме, тој едвај ќе можеше да направи нешто сам. Потребна ќе е армија од такви градинари, за да се наполнат огромните јами на некои од улиците. Сепак, вакви паметни дизајнерски идеи му се потребни на човештвото, за да се променат нештата… на подобро.
Izvor

 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000

Kajgana Shop

На врв Bottom