Генетски инжинеринг на бебиња и клонирање луѓе

Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Светот остана шокиран по веста за кинескиот научник Хе Џианкуј кој за прв пат во историјата успеа да создаде генетски модифицирани бебиња, кои ќе бидат отпорни на ХИВ вирусот со кој е заразен нивниот татко.

Кон почетокот на овој месец се родија првите генетски модифицирани бебиња. Од двете девојчиња близнаци, само едното е потполно отпорно на ХИВ бидејќи кај него се отстранети двата клучи гени од парот во геномот.






Девојчињата се родени во добра здравствена состојба и засега нема никакви знаци дека имаат оштетени гени. Хе објаснил дека се одлучил на ваквиот зафат бидејќи вирусот е голем проблем во Кина. Експериментот со технологијата на модифицирање на гените наречен "CRISPR" на крајот вродил со плод и две здрави бебиња, и тоа сестри близначки.

"Лула и Нана дојдоа на овој свет плачејќи, здрави како и секое друго бебе", додал научникот.

Родителите кои биле вклучени во експериментот одбиле да бидат идентификувани или интервјуирани, а Џианкуј не открива ни каде тие живеат и каде било направено вештачкото оплодување.





Но, неговото научно достигнување предизвикало бројни критики, па така професорот по етика Џулијан Сафуласку го нарекол овој експеримент "монструозен". Освен критики, започнала и истрага на случајот во кој Хе е под "лупа" на својот локален одбор за медицинска етика кој ќе утврди дали неговиот експеримент прекршил некаков закон.

Универзитетот Рајс од САД изјавил дека го истражува својот професор по физика и биоинженеринг кој признал дека му помагал на кинескиот истражувач во создавање на првите генетски модифицирани бебиња.






Професорот Мајкл Дим изјавил дека бил во Кина кога учесниците на ова истражување дале своја согласност на неговиот соработник Хе. Универзитетот Рајс тогаш предупредил дека истражувањето со генетски модифицирани бебиња отвора "загрижувачки научни, правни и етички прашања".

Кинеските закони засега се уште не дозволуваат генетско модифицирање на деца, иако се предвидува дека постоечките ограничувања би можеле да станат пофлексибилни во иднина. Здравствените власти и членовите на етичкиот одбор во Кина исто така покренале истрага за целиот случај.

Најголемата етичка дилема поврзана со генетскиот инженеринг на луѓе е тоа што изменетата ДНК би можела да доведе до низа нови болести или пореметувања кои ќе бидат наследни за следните генерации, пишува американскиот "NPR". Другата причина за страв е што оваа метода ќе доведе до т.н. "дизајнирани бебиња" односно деца кои ќе бидат модифицирани не од медицински, туку од естетски причини - да бидат повисоки, поубави, посилни и попаметни.
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
А во ред е што во лаборатија го создале ХИВ за да се ретчат луѓето? Интересно е што си земаат за право многу луѓе и институции да кажуваат и пресудуваат за сите останати.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Значи ќе имаме редизајни на човекот.....јбг, ако има технологија ќе има и кој да ја употреби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom