Втор брак на вдовец/вдовица?

Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..Во секој случај оправдувам..заш покрај тебе секогаш ти е потребен некој да ти пружа љубов...грижа...безбедност!! не моеш тоа да го добиеш ако гледаш во слика на починатиот маж/жена :toe: ...сепак не би го оправдала ...на пример ако мажот/жената умрела и одма за месец да најдеш нов/а..тоа не е љубов....сепак треба време нели да преболиш некого..како и да дозволиш некого внатре...
 

GRUNGE

Cobain со цигарче!
Член од
25 февруари 2008
Мислења
677
Поени од реакции
28
Не знам, секогаш сум размислувал за темата, се надевам никогаш да не ја почувствувам.

Ако премногу сум ја сакал личноста со која сум бил толку време (Сопругата) и сум и предан во срцето, никогаш нема да можам да ја преболам и со тоа другата личност би ја „зел на душа“ , па ќе бидам сам и ќе си ги гледам децата.

Е сега од практична причина да, потребна е другата личност, ама што знам, наречете ме себичен ама помислата друг маж да ја грее мојата сопруга и после мојата смрт, ми изгледа многу одвратна.

И едната баба и другиот дедо останаа без сопругот/сопругата па еве години не ни помислувале за втор брак. Децата им се вториот брак.

Јебеш романтичен тип, љубов до смрт (и после смртта) :)
 

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
епа, за мушките да, оправдувам, зашо треба накоја да го пере да му готви да пазари...и тоа...:smir:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
14
Поени од реакции
1
Vaka, eve od pred tocno mesec dena ostanav bez soprugata koja prvo se porodi i mi ostavi edno prekrasno zlatno since, a posle saat vreme pocina. Inaku sum na polovina od prosecniot zivoten pat. Mozam da kazam samo deka nikogas nema da ja zaboravam i deka nikogas bolkata nema da iscezne. Na nikoj ne mu posakuvam da mu se sluci istoto, i sepak temata ne e bas za debatiranje, bidejki ednostavno bi kazal da ne ste vo moja kozha
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
епа, за мушките да, оправдувам, зашо треба накоја да го пере да му готви да пазари...и тоа...:smir:
..зарем само мажи смеат...а жени не? или тие можат сами да се перат :tapp::pos2::pos2:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
епа, за мушките да, оправдувам, зашо треба накоја да го пере да му готви да пазари...и тоа...:smir:
ахам, според оваа философија испаѓа дека жената е неопходна, а мажот не!
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
176
Поени од реакции
49
Vaka, eve od pred tocno mesec dena ostanav bez soprugata koja prvo se porodi i mi ostavi edno prekrasno zlatno since, a posle saat vreme pocina. Inaku sum na polovina od prosecniot zivoten pat. Mozam da kazam samo deka nikogas nema da ja zaboravam i deka nikogas bolkata nema da iscezne. Na nikoj ne mu posakuvam da mu se sluci istoto, i sepak temata ne e bas za debatiranje, bidejki ednostavno bi kazal da ne ste vo moja kozha
Mnogu e zalno i tazno toa sto ti se slucilo i nikoj ne ocekuva od tebe da ja zaboravis soprugata, no so vreme bolkata ke se namali, ke ti ostanat spomenite, ke dojde vreme koga ke se pomiris deka takva bila sudbinata i ke prodolzis so zivotot.
 

Фокси

Talk nerdy to me
Член од
11 октомври 2007
Мислења
2.358
Поени од реакции
1.390
Го оправдувам вториот брак.Замисли да се случи тоа на 30 години да ти почине партнерот(не дај боже)а ти имаш 28 и тогаш цел живот ќе го поминеш сам?Партнерот веќе го нема ама сигурно би сакал да си среќен и да продолжиш да живееш без него
 

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
ахам, според оваа философија испаѓа дека жената е неопходна, а мажот не!
да бе, а вие паз да не останете сами пред комјутер, па да нема кој да ви зготви испере и изпазари:tv:


ајт чао...хахахаха

каква плачка си значи...хахахахааа
 
G

GoddessOfRock

Гостин
оправдувам, ако сака да си продолжи нека продолжи со живот- не значи ако ти умре нешто дека крај, нема вече живот за тебе:pipi:
 

tomislayer

Елегантно дебел =)
Член од
18 ноември 2008
Мислења
1.482
Поени од реакции
82
Такви бракови не функционираат ако има деца... ви кажуем од лично искуство :nenene::nenene::nenene::nenene:
 

Desire

Refuse,Resist
Член од
25 декември 2007
Мислења
1.823
Поени од реакции
284
Такви бракови не функционираат ако има деца... ви кажуем од лично искуство :nenene::nenene::nenene::nenene:
Точно,особено ако децата се во пубертет или во слични “ризични“ години.Какво неподнесување се јавува тоа е нешто неверојатно.Најдобро ако се децата мали или па веќе пораснати,па разбираат.

Лично јас оправдувам втор брак под услов ако јас умрам да пројдат 5 или повеќе години од мојата смрт,во спротивно се друго би ми било сомнително,како да не сум му значела на партнерот,не дека јас ќе знам,ама ипак сакам првин да плаче да рика по мене партнерот неколку години.

А јас доколку би се нашла во таква ситуација да ми умре партнерот не знам како би продолжила понатаму,не знам дали би можела да бидам со друг пошто таква сум си по природа,многу се врзувам.Ако случајно се решам за втор брак,сигурно нема да биде во скоро време од смртта.
 

Mädchen

Smile
Член од
31 мај 2006
Мислења
1.571
Поени од реакции
38
Потребата од личност во животот после смртта партнерот е потребна,се согласувам.Потребата заедно да пијат кафе и да се муабетат за тоа како животот е осамен кога си без некој што си го сакал.Да се разменат мислења,животни случки.

Потребата од внимание и почит ќе речам ,зошто не станува збор само за љубов е голема и желбата да се осетиш пак потребна неможе само децата да ти ја удостојат зошто станува збор за различна љубов.
Колку многу љубов и да имало во тој брак,опстојувањето на овој свет сам наредните пример 30 години малку и не е лесен.Децата си ги тераат своите потреби и си имаат свои бракови.Останува сам/а.Живи суштества сме и неможеме да негираме дека ќе изджиме 30 години како степски волци,нели?Времето ги залечува раните,а со тоа се отвараат оние рани...рани кои отвараат простор за нова романса.


Јас несакам ниту би поднела нов татко во мојот живот.Не постои ни физичка замена за него.Значи би сакала мајка ми да ја видам пак насмеана и да видам дека некому му е пак потребна,ама несакам да го знам тој човек.Едноставно,не сум човек што се мава во гради дека е силен да помине низ такво нешто.

Значи сакам мајка ми да биде пак среќна,животот продолжува да,ама не сакам нејзин втор брак.
Овај одговор ми е најреалниот на оваа тема.И јас вака размислувам.Не верувам дека би имала сила да поднесам нов човек во животот на мајка ми/татко ми ако не дај боже на едниот нешто му се случи.Би сакала да бидат среќни,ама како што кажа CafeDelMar не би имала сила да го поднесам тоа.Барем не сега.Можеби потака во живото можи да го сменам мислењето,ама во овај момент не.
 

jeeeee8

Like dreams
Член од
28 ноември 2008
Мислења
647
Поени од реакции
16
Оправдувам, се се случува!
Може одма не, зашто ако навистина сакаш некој, нема ни да можеш одма ако збориме за смртен случај, ама после одредено време може пак ќе си најдеш некоја сродна душа што би се рекло. Е сеа не со сила колку да се рече дека има кој да те испере, да испазири и слично или да спонзорира тоа не оправдувам во никој случај! Сепак друго е и убаво е, во таква ситуација ако повторно најдеш некој со кој можеш пак да бидеш близок и кој се грижи за тебе да знаеш дека на некого му требаш!
 
Член од
21 декември 2007
Мислења
53
Поени од реакции
1
Па еве да искоментирам од моја гледна точка.

Имам и мајка и татко. Мајка ми се бори за живот, а доколку не се избори после извесен период јас лично не би се бунела доколку татко ми најде друга жена. Тоа е негов личен избор. Ни најмалку не би се налутила. Болката моја нема да престане за загубената мајка (доколку замине, нели) но немам во план да ускратам нечие туѓо задоволство.

Јас така гледам на работите, би оправдала, сепак ние живите одиме напред и заслужуваме да бидеме среќни :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom