Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
36.688
Поени од реакции
58.153
Зошто изгубиле Германците, е прашање кое е разгледувано тука доста. Комплекс од фактори, секако. Два од нив, кои често се споменуваат, се разузнавање и логистика.

Огромни превиди имало на неколку наврати во тие две гранки на воените сили.

Во јавниот наратив германското разузнавање и логистика се сметаат како слаби, неефективни, недоволни...

Но, Германија не потфрлила на тие два плана само затоа што нивните човечки и материјални потенцијали потфрлиле. Германското разузнавање не било лошо. Напротив, во неколку наврати завршило фантастична работа. Но, на негово чело стоел способен петоколонаш (Канарис), кој се додека не дошол во судир со Хитлер и партијата (најмногу поради Блумберг-Фрич аферата), си ја вршел феноменално работата (Рајна, Шпанија...). А потоа, полека почнал да се опкружува со противници на Хитлер, да го полни Абвер со нив и да дејствува како своевидна, тајна пета колона. Одел до таму и што примал во Абвер Евреи, само за никој да не ги закача. Не дека му требале. Партијата за разузнавачки потреби го оправдувала примањето на Евреи во Абвер, од практични причини. Но, морал да прима и луѓе верни на Гестапо како и Ес-Есовци, а активностите морал да ги балансира и да испорачува повремено резултати, цело време имајќи своја, лична, внатрешна структура во Абвер, која тајно работи за неговата агенда. Кога примале луѓе во Абвер, требало да се заколнат на верност, не на Хитлер, или Вермахтот, туку за верност на Абвер. Балансирал успешно и успеал Хитлер никогаш да не се посомнева.

Логистиката, исто така не била толку лоша, колку што била лошо третирана. На пример, кога планирал да го нападне СССР, сите генерали му го одобрувале потегот и го охрабрувале. Освен Вагнер, генералот од логистика, кој при планирање им рекол дека не може тоа така да функционира, како што си замислиле на тие далечини, дека до октомври, со ова што го имаат, кај Смоленск ќе им секнат линиите за снабдување.

Но, никој не го фермал. Му рекле, дека доста пред октомври ќе ги победат Русите. За месец и пол највише, море за две-три недели..

Зашто никој не го фермал?

Затоа што Германците, доста дилетантски, логистика и разузнавање ги сметале за неважни гранки. Во главниот штаб немало постојани претставници генерали на логистика и разузнавање. Кај сојузниците тоа не било така.

Генерално, не им е битна логистика, бидејќи воената доктрина се базира на кратки експлозивни војни. А разузнавањето го потценувале како небитно, бидејќи и така и така ќе ги згазат на терен противниците. Што е битно колку тенкови имаат Русите? Како што веќе имам пишувано, они не знаеле кој седи во одбрамбениот совет на Стаљин. Не дека Абвер не можел да дознае, туку не им било битно. Како ти да се тепаш со мравки и не ти е битно колку точно ги има. Нема да вложуваш во тоа да дознаеш. Само ќе идеш и ќе ги изгазиш.

Затоа не посветувале внимание и не алоцирале доволно ресурси за овие две гранки. Американците, да речеме, обратно. Кај нив логистиката е од огромно значење и имале фантастична логистика за тоа време. При зимската офанзива на Ардените (1944), има сведоштво од германски војник кој учествувал во заробување на американски камион: - Го отворивме и внатре имаше само американски пити, за војниците на фронтот за Божиќ. Тогаш сфатив дека ние нема шанси да ги победиме.

Ова звучи малку чудно, како тоа ни роевите бомбардери или Шермани не го натерале тоа да си го помисли, туку баш ова. Но, Германците биле гладни и во немаштија. Тие и при врвот на својата моќ, ни приближно така не се грижеле за својот војник, како Американците. Чоколади, продукти за забава, пратки од кока-кола за првите борбени линии... Можеби личат некои од овие работи како ситници, но штом такви ситници има и функционираат, тогаш што останува за крупните работи. На пример, Германците бензин немале ни за лек, а и кога го имале, не биле организирани во негова достава, до борбените линии, како што треба. Американците имале нафтовод од брег, до борбени линии.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
8.922
Поени од реакции
8.056
Зошто изгубиле Германците, е прашање кое е разгледувано тука доста. Комплекс од фактори, секако. Два од нив, кои често се споменуваат, се разузнавање и логистика.

...
Можеби е оф-топик, но дефинитивно одлично ги прикажува недостатоците кај германското разузнавање.

Филмов е класика од златното доба на Холивуд и дефинитивно мора да се изгледа од секој обожавател на класични филмови и на филмови инспирирани од Втората Светска Војна.

Од 5:15 до 5:53

Член од
28 декември 2015
Мислења
2.611
Поени од реакции
4.534

Порано имам читано нешто за Рајнхард Гелен кој после војната станува агент на НАТО преку Гелен операцијата, некаде имаше изјавено дека за време на ратот кога бил главен на Абверовиот отсек за Источен фронт, финансирањето на тоа разузнавање во тек на целата војна било секогаш недоволно, а кадровски било ужасно, особено во подолните ешалони. Секогаш тоа разузнавање било задња рупа на свирали па и покрај огромните напори на Гелен и одреден број на сосема ефективни оперативци, тоа никогаш не добило улога како во СССР или Британија.

А самиот пораз на Оската лежи во самата идеолошка рамка во која постоеле земјите членки, пред се Германија и Јапан, освен разузнавањето и логистиката, идеологијата игра огромна улога во губитништвото на оската.
Имајќи од почеток сулуди и манијакални цели, освајање на све од Атлантик до Урал па и преку него и реформирање на сите тие територии во нешто кое би личело на дистопичен роман, планирајќи нова супериона раса на хомо-сапиенс-сапиенс чии припадници би биле фармери и земјоделци лол на непрегледните плодни полиња на источна европа заедно со висок фертилитет на припадниците на таа раса.

Моментот на операција Тајфун и нејзината непотребност и нападот на Хаваји и стапувањето на САД како индустриски џин кој го снабдувал цел антифашистички свет со буквално све, од чизми до нафта, шајки и Мустанзи, биле два моменти, во размак од два месеци кои веќе во 1941 го решаваат исходот на војната.
Нормално, тоа може да се каже од денешна гледна точка, баш 1941 пост-заземањето на Југославија и Грција биле врвот на Рајхот, тешко дека тогаш изгледало дека оската е на пат да загуби.

Што мислиш за идеологијата кај Оската, до која мера би можеле да ја сметаме како фактор во конечниот пораз?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.611
Поени од реакции
4.534
Дивизии

Со тие единици се оперира кога се зборува за некој фронт. На мапите, дивизиите се обележуваат најчесто. Тоа се тие единици кои вообичаено, ги гледаме на мапа.

Што е дивизија навистина, можете да видите тука. Ова е германска стрелачка дивизија, од 1943-та (битно е која година, затоа што не се исто големи дивизиите низ годините)
Интересна е еволуцијата на борбените единици на оперативно ниво, а најголема промена има после француска револуција кога професионалните војски се заменети со регрутни и мобилизацијата се појавува на голема врата.
Дивизијата како основна автономна единица добива во значење во време на Наполеон кога се мобилизираат стотици илјади војници.
Многу беше чудно во претходни војни, како седумгодишна или за независност на САД кога батаљон а понекогаш и полк е основа па имаме order of battle пример Прусија има 188 батаљони пешадија, 64 ескадрони коњица и 95 батерии артилерија .

За време на Барбароса ако не се лажам, вермахт дивизија била скоро двојно побројна од онаа на црвена армија и покрај тоа што вермахт имал реорганизација, најчесто во оклопни дивизии па така од 500+ тенка и 20К војници имаме 250 тенка и макс.14К војници.

Сталин во една прилика прашал "Колку дивизии има тој Ватикан?" :icon_lol:
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.611
Поени од реакции
4.534
Интересна личност :) Овој ги загубил обете нозе под колената при акробатски лет некаде почеток на 30-ти, за секого тоа би значело крај на кариерата но Бадер вложил за тоа време сериозна пара за изработка на квалитетни протези кои му овозможувале да стои исправно и да не мора да се движи со помош на количка, па дури и да управува со педалите за правец во авионите. Подоцна 1940 кога пилотите биле во short supply од РАФ му пружаат шанса да се бори во воздухот.
Мислам дека имаше тотал 44 воздушни победи од кои 19 straight kills но во 1942 бил соборен над Франција и заробен па однесен во Колдиц, специјален лагер за заробени пилоти, некаков дворец на врв на планина од каде било тешко да се замисли бекство но Даглас се обидел неколку пати, безуспешно.
За среќа тамошните чувари не биле нешто посебно забегани нацисти па имале поштовање према Бадер, дури преку Црвен крст успевал да се допишува со сопругата и остали во Британија!
1945 се враќа дома и добива Викториин Крст, најголема награда за воено лице во Британската Империја во тоа време но и ден денес, заедно со титулата Сер.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom