Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.023
- Поени од реакции
- 83.446
Зошто изгубиле Германците, е прашање кое е разгледувано тука доста. Комплекс од фактори, секако. Два од нив, кои често се споменуваат, се разузнавање и логистика.
Огромни превиди имало на неколку наврати во тие две гранки на воените сили.
Во јавниот наратив германското разузнавање и логистика се сметаат како слаби, неефективни, недоволни...
Но, Германија не потфрлила на тие два плана само затоа што нивните човечки и материјални потенцијали потфрлиле. Германското разузнавање не било лошо. Напротив, во неколку наврати завршило фантастична работа. Но, на негово чело стоел способен петоколонаш (Канарис), кој се додека не дошол во судир со Хитлер и партијата (најмногу поради Блумберг-Фрич аферата), си ја вршел феноменално работата (Рајна, Шпанија...). А потоа, полека почнал да се опкружува со противници на Хитлер, да го полни Абвер со нив и да дејствува како своевидна, тајна пета колона. Одел до таму и што примал во Абвер Евреи, само за никој да не ги закача. Не дека му требале. Партијата за разузнавачки потреби го оправдувала примањето на Евреи во Абвер, од практични причини. Но, морал да прима и луѓе верни на Гестапо како и Ес-Есовци, а активностите морал да ги балансира и да испорачува повремено резултати, цело време имајќи своја, лична, внатрешна структура во Абвер, која тајно работи за неговата агенда. Кога примале луѓе во Абвер, требало да се заколнат на верност, не на Хитлер, или Вермахтот, туку за верност на Абвер. Балансирал успешно и успеал Хитлер никогаш да не се посомнева.
Логистиката, исто така не била толку лоша, колку што била лошо третирана. На пример, кога планирал да го нападне СССР, сите генерали му го одобрувале потегот и го охрабрувале. Освен Вагнер, генералот од логистика, кој при планирање им рекол дека не може тоа така да функционира, како што си замислиле на тие далечини, дека до октомври, со ова што го имаат, кај Смоленск ќе им секнат линиите за снабдување.
Но, никој не го фермал. Му рекле, дека доста пред октомври ќе ги победат Русите. За месец и пол највише, море за две-три недели..
Зашто никој не го фермал?
Затоа што Германците, доста дилетантски, логистика и разузнавање ги сметале за неважни гранки. Во главниот штаб немало постојани претставници генерали на логистика и разузнавање. Кај сојузниците тоа не било така.
Генерално, не им е битна логистика, бидејќи воената доктрина се базира на кратки експлозивни војни. А разузнавањето го потценувале како небитно, бидејќи и така и така ќе ги згазат на терен противниците. Што е битно колку тенкови имаат Русите? Како што веќе имам пишувано, они не знаеле кој седи во одбрамбениот совет на Стаљин. Не дека Абвер не можел да дознае, туку не им било битно. Како ти да се тепаш со мравки и не ти е битно колку точно ги има. Нема да вложуваш во тоа да дознаеш. Само ќе идеш и ќе ги изгазиш.
Затоа не посветувале внимание и не алоцирале доволно ресурси за овие две гранки. Американците, да речеме, обратно. Кај нив логистиката е од огромно значење и имале фантастична логистика за тоа време. При зимската офанзива на Ардените (1944), има сведоштво од германски војник кој учествувал во заробување на американски камион: - Го отворивме и внатре имаше само американски пити, за војниците на фронтот за Божиќ. Тогаш сфатив дека ние нема шанси да ги победиме.
Ова звучи малку чудно, како тоа ни роевите бомбардери или Шермани не го натерале тоа да си го помисли, туку баш ова. Но, Германците биле гладни и во немаштија. Тие и при врвот на својата моќ, ни приближно така не се грижеле за својот војник, како Американците. Чоколади, продукти за забава, пратки од кока-кола за првите борбени линии... Можеби личат некои од овие работи како ситници, но штом такви ситници има и функционираат, тогаш што останува за крупните работи. На пример, Германците бензин немале ни за лек, а и кога го имале, не биле организирани во негова достава, до борбените линии, како што треба. Американците имале нафтовод од брег, до борбени линии.