Врската успеала но..

TWEETY***

Мy life..my rules..any questions?
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.041
Поени од реакции
66
далеку од очи далеку и од срце (кратко и јасно) :)
Ке те скрие време негде далеку од мене...
И тогаш некоја будала ке те спомне ко на шала
а јас без глас ке те проколнам
што не знам
не знам да те преболам.
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Си ме разнежнила додека те читав...

Само уште едно :) иако излитено, пошто сметам дека однапред го знам одговорот. Според твоето изјаснување вие сепак сте се гледале, иако тоа било еднаш на ајде да речам 2-3 месеци. Мислиш ли дека ќе успеевте да ја одржите врската да не беа тие средби на пократок период? Пошто, едно е да знаеш дека нема да го видиш цела година, а сосем друго кога имате можност да се гледате секој 2-ри или 3-ри месец.

Па, јас кога си отидов, под прашалник беше дали воопшто ќе имам можност да си дојдам во Македонија во текот на учебната година. Постоеше можноста за едно доаѓање околу Нова Година, ама и тоа не беше сигурно, поради тоа што немав претстава колку пари ќе ми е враќање дома, и колку ќе можам да го постигнам тоа, паралелно учејќи. Така што не можам да зборувам со сигурност што би се случило, како што и тоа кое би го зборувала не знам колку би имало некакво значење за било која друга врска... Зошто има голема разлика, од случај до случај...
Исто, нашите „издржувања„ на 3месеци максимум не може да се некаков доказ за тоа колку е максимумот, ние сепак, бевме заедно само месец ипол пред да дојдам овде. Претпоставувавам дека во подолга врска не би било воопшто ни спорно дали ќе се издржи подолг период или не...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom