Вредноста на Дитас

Член од
9 септември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
4
Можеби и немаат некоја литературна вредност, но тие што зборуваат така забораваат дека во Македонија не постои друг автор на кој романите му се фотокопираат за да се дојде до нив и да се прочитаат. Најдете ми некој таков освен мене и јас ќе ви подарам што и да посакате. Таквата состојба многу кажува, колку сум читан и дали сум најчитаниот автор. Читателите го сакаат мојот едноставен начин на пишување, а за мене тие се најважни. Не обожавам тежок стил кој би го разбрале мал број на луѓе. Со таквото пишување само би ги изразил негативните комплекси кај човекот, надуеноста дека вреди повеќе од другиот. Затоа пишувам за да ме разберат од мали деца до најобразованите умови. Ако таквото изразување за некој нема литературно значење, нека му е. Тие луѓе или немаат ништо напишано или пак ако имаат не продале ниту една своја книга па и немаат чувство дека книгата се пишува за народот да ја прочита, па и тој ќе каже каква вредност има романот. За мене литературна вредност има онаа книга која остава голем впечаток кај читателот, нешто што човекот ќе го запамети од тоа читање и тоа паметење ќе му користи во животот. - Дитас
И да, и за мене литературна вредност има онаа книга која ке ми остави впечаток и ке ме подзамисли, а не онаа со најголем број метафори или што ти знам таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom