Во што готвите? Избор на кујнски прибор (тави, тенџериња, ножеви и тн.)

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
И се јавив на сестра ми за помош оти таа е подомаќин човек од мене и треба да видам некои турски садови со неа слични на Цептер по квалитет, само поефтинки.
Еден сет бил толку некаде, околу 200 евра. Ќе пишам за за името на брендот утре други ден.
 
peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
До сега користев тавчиња и тенџериња од Икеа но примети дека многу бргу губат облик и се гребат/деформираат.
Гледам седа се нудат некои керамички од топ шоп, марка Делимано, а видов и во нептук дека имаат исто така керамички тенџериња и тавчиња.

Дали може да препорачате добра марка и локација каде може да се набават пристојни пред се тави за пржење.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.205
Поени од реакции
34.441
Домаќинките кај мене дома користат од оние од пазар, кои ниту се марка, ниту фенси, ниту пак изгубиле форма - а јадењата се секако вкусни.
Ако ти е побитен изгледот и брендот на садовите отколку вкусот на јадењето (кој сигурно нема да се разликува), тогаш ја разбирам потребата.

Патем, се надевам дека нема да ми замериш што го променив насловот од „тави и тенџериња“ во „кујнски прибор“, за да може да ги опфатиме и останатите елементи од приборот за готвење, како ножевите на пример... :)
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Според мене подобро е да имаш 2 тенџерирања и 1 тавче но квалитетни отколку цел арсенал од кујнски прибор кој зафаќа место и тешко се одржува

моја препорака (работи кој ги користам и од кои сум задоволен)

Тенџериња од инокс произведени од Братство од Охрид (можеби се поскапи но квалитетот е неспоредлив со турските итаљанските и останатите тенџериња што се нудат кај нас и кој наводно се инокс)...лесни се за одржување, добро се готви во нив и пред се не му ја мислам дали ќе ослободат некоја токсична или канцерогена супстанца

Тавче за пржење од Тефал но не со тефлон туку со керамичка облога (не ги мешајте со керамички тави)...не лепи, лесно се одржува, не е осетливо како тефлонот, брзо готви, не загорува

За печење тавчиња од инокс од Братство Охрид и огноотпорни стаклени тави (боросиликат)....мислам дека ги има во Рамстор по пристојна цена

Комплет кујнски ножеви (5 парчиња) од ViktorInox....малку солени за македонски стандард.....но вредат за секој денар....и најверојатно ќе бидат долгодолгодолго во употреба
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267

Аферим за кажаното, Братство-Охрид се меѓу топ 10 производители на тенџериња во свет, нивно инокс тенџере или тава трае со години.
Е сеа моето искуство со керамичките тави и не е баш најсјајно, рок на траење им е преку сила две години али бар не се секираш дека ќе јадеш тефлон со палачинките.
Е сеа што се однесува до VictorInox ножеви, кај ги има кај нас ??? Ми треба асален сет а све што ми паднало во рака е кинезарија.
Ја би додал у арсеналот и една вок тава од лиено железо али никако да не е чкарт (Ако можеш да ја свиткаш со раце барем малку не е за тебе) У принцип асален вок е околу 1500 до 2000 денари али тоа нема смрт
 
не керамичка тава....тавата е од алуминиум со керамичка облога и каде каде е поквалитетна и посигурна од тефлонските....но и цената е

на времето во Скопје постоеше увозник за VictorInox....но за жал затвори.....некако успеав да го лоцирам типот и да купам од кај него од робата што му останала

за вок тавата си сосема во право...но кај нас тешко се наоѓа квалитетна

заборавив да напоменам дека за готвење употребувам бамбусови и дрвени лажици импрегнирани во масло

она што го барам подолго време , а неможам да го најдам е квалитетна машина за мелење месо рачна (контрадикторност - човек што не јаде месо)...пазарот е преплавен од алуминиумски и гусани кинески машини и "српски" кои се кинески и увезени во србија но тука ги продаваат како српски, а народ се лаже

барам машина од инокс или лиено железо....знам дека има квалитетни на струја, но јас барам рачна :(

peter

Петар Пан...
Член од
6 септември 2005
Мислења
636
Поени од реакции
165
Домаќинките кај мене дома користат од оние од пазар, кои ниту се марка, ниту фенси, ниту пак изгубиле форма - а јадењата се секако вкусни.
Ако ти е побитен изгледот и брендот на садовите отколку вкусот на јадењето (кој сигурно нема да се разликува), тогаш ја разбирам потребата.
Изгледот не е битен ама битно е од што се направени и колку тој материјал е штетен. Тави кои се користеле на плин е тешко да се користат на керамичка плотна поради деформацијата. Топлината не се распределува убаво, а тоа има ефект на јадењето.
Од друга страна, имам едно тавче за палачики кое го добив во наследство од баба ми.. кое никогаш не е измиено со детерџент, изгледа ужасно грдо, ама ги прај најдобрите палачинки.

Аферим за кажаното, Братство-Охрид се меѓу топ 10 производители на тенџериња во свет, нивно инокс тенџере или тава трае со години.

А каде уствари се продаваат тенџериња од Братство Охрид?[/quote]
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 11:47 ---
Тавче за пржење од Тефал но не со тефлон туку со керамичка облога (не ги мешајте со керамички тави)...не лепи, лесно се одржува, не е осетливо како тефлонот, брзо готви, не загорува

За печење тавчиња од инокс од Братство Охрид и огноотпорни стаклени тави (боросиликат).
Огноотпорни стаклени имам од мајка ми. И доста ги користам. За тавите од Тефал- тоа се оние кои се нудат до Веро и Рамсторе?
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
не керамичка тава....тавата е од алуминиум со керамичка облога и каде каде е поквалитетна и посигурна од тефлонските....но и цената е

она што го барам подолго време , а неможам да го најдам е квалитетна машина за мелење месо рачна (контрадикторност - човек што не јаде месо)...пазарот е преплавен од алуминиумски и гусани кинески машини и "српски" кои се кинески и увезени во србија но тука ги продаваат како српски, а народ се лаже
Пред некое време едно типче на зелено пазарче продаваше стари машини за мелење месо, тие у принцип смрт немаат али проблемот е што ножевите им се отапени и треба сам да ги остриш.
Инаку се разбираме за керамичките тавчиња, тоа се тави од алуминиум премачкани со слој од керамика кој што е нелеплив, нешто слично ко тефлонско премачкување ќе му дојде. Проблемот е во тоа што после 2 години релативно интензивно користење керамичкиот слој се изгреба и сега треба да барам нова. Како си задоволен од Тефал керамичките тави, колку години ги користиш?

Инаку да се вратам на темата, не се лажете по ефтини садови пошто на секои 2 години ќе треба да ги мењате и јадењата ќе ви загоруваат
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
......производите на Братство ги има во Тинекс, Веро, Рамстор

Тефал тавата ја употребувам скоро 2 години интензивно и нема никакви знаци на оштетување (употребувам исклучиво дрвени лажици) осем олабавен штраф од рачката кој брзо го средив
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Ќе напишам подолго по темава попосле,
но сега само ова: НАЈВАЖНО
кога одите да купувате кујински прибор ,посебно од инокс-росфрај 18/10 или нешто слично и на око многу убаво,не верувајте ви се што гледате и што пишува на налепниците-рекламите.
Понесете си во џеб еден мал магнет (може некој мал стар звучник или магнет од вратички од регал) и допрете го на тоа што сакате да го купите
АКО ЛЕПИ МАГНЕТОТ БЕГАЈТЕ ОД ТОЈ ПРОИЗВОД што подалеку
ова посебно се однесува на оние комплети големи кујински лажици,рендиња,сита,цедалки, модли за колачи и пити,тави и друго.
Ако залепи магнетот ќе ги фрлите за брзо време.
Браство од охрид имат добар квалитет.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Купи си од пазар, верувај нема да згрешиш :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Е сеа што се однесува до VictorInox ножеви, кај ги има кај нас ??? Ми треба асален сет а све што ми паднало во рака е кинезарија.
Има Carl Schmidt низ продавници, пробај со нив, само незнам како се рангираат во однос на VictorInox.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.547
Поени од реакции
33.692
Лиено железо е најдобриот компромис помеѓу материјалите, по мене.

Не-лепечките материјали се небезбедни или нетрајни, или и двете. Тефлонот е штетен и лесно се гребе, керамиката не е трајна и скапа (а и небезбедна ако се продолжи да се употребува по оштетување). Има алтернативи кои не сум ги видел кај нас, како ајонидизиран алуминиум кој е релативно отпорен на гребење но и небезбеден ако се продолжи да се употребува по оштетување. Најдобар би бил прибор од алуминиум или бакар, облиен со инокс. Но нема такви кај нас.
Иноксот (stainless steel), е релативно безбеден (може да лачи никел, молибден и сл. но само ако се оштети а тешко се оштетува). Проблемот е што е прилично инертен и лошо пренесува топлина.

За тоа лиено железо му е мајката, му треба неколку месеци употреба за да го добие го добие тој „грдиот„ црн слој (оксидација во главно), и потоа добива не-лепечки својства а добро пренесува топлина, многу подобро од иноксот. Може да личува минискулни количини железо во храната, но тоа не само не е штетно туку во тие количини е и здраво.

Од друга страна, имам едно тавче за палачики кое го добив во наследство од баба ми.. кое никогаш не е измиено со детерџент, изгледа ужасно грдо, ама ги прај најдобрите палачинки.
ОВА ^^
Никаде не можам да најдам тави/тенџериња од лиено железо, а некако ретардирано ми е да нарачувам од Амазон... нека пише некој ако разбере каде го има ова кај нас.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Тенџериња користам од Братство, додека тавите се Green Pan некаков белгиски производител и се продаваат во Нептун.
Генерално сум задоволен и од едните и од другите.Инаку од Икеа користам едни керамички тави за печење и сум задоволен од квалитетот кој кореспондира со цената.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Лиено железо е најдобриот компромис помеѓу материјалите, по мене.

Не-лепечките материјали се небезбедни или нетрајни, или и двете. Тефлонот е штетен и лесно се гребе, керамиката не е трајна и скапа (а и небезбедна ако се продолжи да се употребува по оштетување). Има алтернативи кои не сум ги видел кај нас, како ајонидизиран алуминиум кој е релативно отпорен на гребење но и небезбеден ако се продолжи да се употребува по оштетување. Најдобар би бил прибор од алуминиум или бакар, облиен со инокс. Но нема такви кај нас.
Иноксот (stainless steel), е релативно безбеден (може да лачи никел, молибден и сл. но само ако се оштети а тешко се оштетува). Проблемот е што е прилично инертен и лошо пренесува топлина.

За тоа лиено железо му е мајката, му треба неколку месеци употреба за да го добие го добие тој „грдиот„ црн слој (оксидација во главно), и потоа добива не-лепечки својства а добро пренесува топлина, многу подобро од иноксот. Може да личува минискулни количини железо во храната, но тоа не само не е штетно туку во тие количини е и здраво.

ОВА ^^
Никаде не можам да најдам тави/тенџериња од лиено железо, а некако ретардирано ми е да нарачувам од Амазон... нека пише некој ако разбере каде го има ова кај нас.

Садовите од лиено железо се неуништливи и релативно сигурни...но мора да се внимава да не се готви во нив реактивна храна (кисела храна или на пример сос од патлиџани) бидејќи садот реагира со киселината.....но одлични се за приготвување на теста, палачинки, инертен зеленчук и слично....за жал во МК нема квалитетни садови од лиено железо (Cast Iron)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom