Во што веруваат атеистите?

Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Библијата е мешавина од повеќе списи од Хебрејски мудреци, но е додавана и преправана од црквата.Во ваква форма е некаде од половината на вториот милениум 1500г ( нешто малку порано колку се сеќавам).Дури и преводите не се со ист квалитет, нашата( барем јас кога сум ја читал) е со послаб квалитет од Хрватската.Новиот Завет е покасно напишан и споен со стариот и ја имаме во оваа форма - денешна.Во ској случај - добро би било кога верниците па и другите би се придржувале до нејзините подуки за доблестите на луѓето.Но кој го гајле тоа - важно да се запали свеќа и попот да му опее вода???Постот се сваќа како диета??.........Верата е нешто друго......
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
790
NONTEIZAM јас мислам дека ти сепак неси во право библијата нее измислица еве да речеме јас сум ја прочитал едно 5 - 6 пати таја е една голема филозофија ама филозофија по која мозже да се Живее за разлика од другите филозофии значи да речеме како Што велиш ти еве да го земеме мојсеј како го "КРЕНАЛ ПАТОТ"низ морето некои научници сметаат дека е тоа сепак вистина, тие тврдат дека некогаш во времето кое до некаде се поклопува со времето кога се одделие робовите со помош на мојсеј така да речам ајде да недолжам многу имало голем зејотрес па настанало цунами водата се повлекла на места па најверојатно тука поминале мојсеј и робовите а кога стигнале фараоновите војници водата се вратила назад (ОД ЦУМАНИТО) и ги потопила значи тука мојсеј не направил нешто сам не ја одделил водата со рака ама сепак ГОСПОД го направил земјотресот па се другото е последица НЕ ЈА СФАЌАЈ БИБЛИЈАТА БУКВАЛНО СИТЕ ПРИКАЗНИ СЕ ВИТИНА И ИМААТ СВОЕ ПРЕНОСНО ЗНАЧЕЊЕ.
Незнам како тоа не сум во право? Па ти самиот велиш дека библијата претставува филозофија (и немам никаков проблем со тоа- и јас мислам дека е така), јас исто така спомнав дека многу настани се метафорично запишани а некои од нив претставуваат поучни приказни- ништо повеќе реални од басните на Езоп.
Сега и ти ме збуни... сите приказни се вистинити и имаат свое преносно значење??? За преносното значење си во право... дека се вистинити- НИКАКО!
 
A

ateist

Гостин
АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ

За атеизмот и атеистите се среќаваат неколку мислења .Штое атеизмот ?

Најчесто се вели дека атеизмот е помодарство и последица – контрареакција на теизмот .
Што нее вистина .
Атеизмот постои и постоел од почетокот на светот и без теизмот само што својата драстично видлива форма ја добива во судирот со теизмот .

Најчеста пропаганда на религиите и верите е дека атеистите го мразат бог односно атеизмот е измислен како би се искажала омраза – противење кон бог .
Што е тешка глупост . Атеизмот не дал дефиниција за бог а религиозната дефинција за бог е “ сегде и сешто и нигде и ништо “ . При една ваква дефинираност атеистите немаат што да мразат .Нели услов за омраза е да постои таргет –предмет- цел на таа омраза а во конкретниот случај со таква дефиниција нее можно да се насочи омразата кон некоја конкретна определена цел .Нема што да се мрази .

Друга заблуда за атеизмот и атеистите едека тие “веруваат дека неверуваат во бог” или другачје кажано “веруваат дека бог непостои” . Атеистите во склад со својата атеистичка вера за да се произнесат во врска со некоја – било која работа па и бог прво и елементарно мора да биде исполнет условот за дефинирање на објектот – предметот за кој треба да се произнесат . Атеизмот не дал своја дефиниција а имајќи ја предвид религиозната дефиниција за бог “ сегде и сешто и нигде и ништо “ не остава простор атеистите да се произнесат . Нема непостои конкретно дефиниран предмет - објект за кој би се изјасниле .

Уште една заблуда околу атеизмот е дека атеистите се луѓе кој веруваат во науките .
Атеистите НЕ веруваат во било кој и во било какви науки туку само оние науки кој не се косат со АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА . Може некој да шлапне налепница со натпис “логија” како што е случај со “тео-логија” или “асто-логија” (хороскопџиите ) арно ама таквата “логика-логија” атеизмот НЕ ја признава . Па така и астолошки или теолошки “науки” атеистите ги ставаат во наводници оти не ги признаваат .
Атеистите признаваат и веруваат само во оние науки кој се во согласност со Атеистичката ВЕРА .

Религиозната пропаганда шири лаги за атеизмот дека тоа е помодарство својствено на современиот човек.Што е тешка лага .Атеизмот си постоел и пред религиите и пред државите Атеизмот е првата најстара и единствено вистинска човекова природна ВЕРА .
Тој постоел и пред антиката и во антиката и пред Православието Католизцимот Протестантизмот и Исламот .Атеизмот постоел и пред појавата на идеологиите .

Па така кога збориме за судир меѓу атеизмот и теизмот поимаме судар меѓу две директно спротивставени ВЕРИ .

Во што се состои атеистичката вера и која е разликата со теизмот и теистите и нивната вера ?

Разминувањето меѓу атеизмот и теизмот е уште во самиот старт од самата почетна точка .

А почетната точка е :
Библија :
Евреите11:1 А верата е тврда увереност

Вера = цврста - тврда увереност-убеденост во нештата

Е само оваа почетна точка ( ЗБОРОТ ВЕРА САМО КАКО ЗБОР КОЈ ЗА ТЕИСТИТЕ И АТЕИСТИТЕ ИМАТ СПРОТИВСТАВЕНО РАЗЛИЧНО ЗНАЧЕЊЕ) е заедничка на атеизмот и теизмот се друго понатаму се огромни непомирливи непремостливи разлики и конфронтации .

И сега да ги видиме основните принципи , правилата на атеизмот и нивна разлика со теизмот .

1 ) принцип на ДЕФИНИРАНОСТ

Евреите11:1 А верата е тврда увереност-убеденост

ДА !
НО ВО ШТО И ВО КОГО ? И НАЈБИТНО НА КОЈ НАЧИН СЕ ДОАЃА ДО ТАКВАТА УВЕРЕНОСТ- УБЕДЕНОСТ .?


За атеистите сериозно да земат нешто да разгледуваат мора тоа нешто да се констатира на некој начин . Или барем да постојат извесни индиции показатели кој барем на еден индиректен (ако не очигледен ) начин ќе укажат дека тоа нешто постои . Значи откако тоа нешто во почеток ЌЕ БИДЕ ДЕФИНИРАНО потоа се составуваат ДЕФИНИРААТ средства методи начини на кој ДЕФИНИРАНИОТ објект ќе биде испитуван и на крајот СЕ ДЕФИНИРА ШТО ЌЕ БИДЕ ДОКАЗОТ (ШТО ЌЕ СЕ СМЕТА ЗА ДОКАЗ ) за испитуваниот набљудуваниот ДЕФИНИРАН објект .

Кај религиите и верите овој АТЕИСТИЧКИ ПРИНЦИП го нема
Кај нив нема дефиниран објект туку секому се препушта на фантазијата да замисли некаков бог кој е “ се и сешто а нигде и ништо” .
Нема дефиниран објект за испитување
Нема дефинирани средства методи начини на испитување
Нема дефинирано што ќе се смета како доказ

Се се сведува на ПРЕТПОСТВКА .
.
Кај атеизмот е задолжителен принципот на ДЕФИНИРАНОСТ како би можело да се збори за КОНКРЕТНА РАБОТА . Задолжителен Е и принципот на ИСПИТЛИВОСТ .
Кај атеизмот е ЗАДОЛЖИТЕЛЕН принципот на ДОКАЖЛИВОСТ
Кај атеистите кога некој нешто тврди ТОЈ Е НАЈПОВИКАНИОТ- должниот да си ги докаже тврдењата .

Кај религии и вери е обратно .
Секој може да тврди сешто , да фантазира измислува колку си сака безброј апсурдни и нелогични работи оти знае дека нема обврска да го докажува тоашто го тврди . Дури безобразието оди дотаму што од атеистите се бара да им ги докажуваат нивните забегании или се кријат за смешни обрзложенија дека тоа што неможе да се докаже незначи и дека не постои иако имале речиси 2000 години да си ги докажат смешните твдења .
.
.
2)принцип на ВЕРА = ДОВЕРБА

Евреите11:1 А верата е тврда увереност-убеденост


Значи точно е дека верата е цврста убеденост-увереност но за се дојде до таа убеденост мора да има нешто што ќе ни ВЛЕЕ – ВЛЕВА ИЗВЕСНА (степен на ) СИГУРНОСТ , нешто со што ќе ја стекне-заслужи нашата ДОВЕРБА дека е навистина така и дека може да се потпреме на таа работа.(предмет , машина , личност, систем итн) . Тоа нешто мора во склад со знаењата што ги имаме за него да ни влева ДОВЕРБА дека може да сметаме на него , да се потпреме на него значи дека имаме ГАРАНЦИЈА - сигурност .

ДЕФИНИЦИЈА ЗА АТЕИСТИЧКА ВЕРОНАУКА :


Атеситичка веронаука е наука за стекнување доверба и заслужување на доверие

За атеистите ВЕРА = ДОВЕРБА

За религиите и верите ВЕРА = ПРЕТПОСТАВКА- НАГАЃАЊЕ

Точно е дека се вели "верата е цврста убеденост" меѓутоа може ли некој да биде убеден во нешто ако претходно не стекнал доверба во истото .Непостои таков човек колку и да се декларира и да лаже .
Најчесто употребувана фраза меѓу религиозни е " јас верувам " но во смисла "претпоставувам" или "припаѓам во одредена групација" а нее дека во нешто стварно СТЕКНАЛЕ ДОВЕРБА или некој заслужил нивно доверие та можат во секое време да се потпрат на него .

Ова е СУШТИНСКА РАЗЛИКА
Атеизам .....................ВЕРА = ДОВЕРБА
Религии и вери .........ВЕРА = ПРЕТПОСТАВКА -НАГАЃАЊЕ

.
.
3) Атеистите се ДУХОВНИ луѓе
Дух –Идеал – свесно планирано тежнение кон некоја цел-идеал = дух
ДЕФИНИЦИЈА
Способноста / можноста умно разумните битија да ( тежнеат да ) вршат свесно планирани активности се нарекува дух

ПРАВНО ЗАКОНСКА ПОСЛЕДИЦА
ДЕФИНИЦИЈА : СЕКОЈ ДУХ Е ПОДЛОЖЕН НА СУД
Примери безброј... архитект проектирал а проект му е подложен на ревизија ( суд )
....изграден објект се врши технички прием (суд ) .....критика , законски последици , ревизии , судови , рецензии , отценувања ..итн значи ја нема таа свесно планирана активност ( дух ) што нее подложна на своевиен суд
Под свесно планирана активност ќе подразбираме дека е користена мисловна апаратура ..ум кој имајќи предвид повеќе параметри разработил една или повеќе варјантни решенија за еден ист проблем ( зададена задача ) и разумот кој врз основ на веќе зададени параметри водел сметка какви се ПОСЛЕДИЦИ на тернот а поготово во однос на други луге ќе предизвика таквото избрано дејстување -активност

Религиозните НЕ СЕ ДУХОВНИ бидејќи тие сметаат дека ништо не зависи од човекот туку се е преодредено А бидејќи се е предодредено човекот нема потреба да планира да се надоградува , да се усовршува бидејќи работите што треба да се случат тие секако ќе се случат .
За разлика од атеистите кој се духовни-планирачки луѓе религиозните се раководат од некакви ДОГМИ кој се измислени “вистини “ арно ама никој никогаш не ги докажал а и нема што да се докажува за нелогични претпоставки .
.
.

4) Атестите признаваат ДУША дека човекот не е само биолошко суштество – животно туку има и свој чувства и емоции

ДЕФИНИЦИЈА
Душа е способност можност на умно разумните битија да креираат/ создадат сопствени Вредносно емоционални критериуми / системи што ќе ги радува , жалости итн .

Дури и законски се санкционира – казнува нанесување на душевна-емоционална болка – стрес . Но тоа го обезбедува атеистичкото законодавство

Религиите и верите не призаваат Душа . имаат некакви објсанувања но не ги поврзуваат со чувствата и емоциите на луѓето што и нее чудно оти според нив луѓето се животни и може и да се убиваат да водат војни па така навредите - понижувањата емоционалните стресови И БОЛКИ не се сметаат за нешто битно и значајно .
Атеситите признаваат и совест па дури е пропишана иказна за несовесност .
Религиите и верите не признаваатсовест туку самите се амнестираат со наводно накакви истични ритуали дека некое непознато битие им проштаало што и да направатт .

Атеистите признаваат човекова психа и затоа постојат соодветни медицински науки . Признаваат и меѓучовечки односи и затоа постои и етика и други дисциплини кој ги проучуваат со цел нивно подобрување .Религии и вери непризнаваат ништо од сето тоа туку ги делат луѓето на садисти и мазохисти .Мазохистите требада се научат да уживаат во болките и страдањат од садитите оти тоа го барало некакво само ним знаено битие – бог .

5 ) Атеизмот не е организација

Атеистите не глумат лажно единство Кај нив од сто работи кој некој атеист ќе ги каже една да нее добра другите атеисти ќе му ги признаат тие 99 добри а ќе му ја бројат и таа една лоша –погрешна .Атеизмот нема лидери – водачи . Атеизмот не е организација .
Има две работи поврзани со тоа дека атеизмот не е организација :

А) и пет лудаци да решат да состават организација тие ќе ги совладаат сите атеисти бидејќи атеизмот нее организација .А поготово ако зад некој непотребни организации од типот на религии и вери стои вооружена државна организација тогаш атеистите за брзо време биваат истребени .

Б) Затоа пак атеизмот не може да биде обвинет дека бил поразан било кога од било кој . Тој отсекогаш бил последната одбрана на човештвото од налетот на религиозно верското лудило .
Секогаш атеистите биле тие кој први гинеле за својот дух – идеал .Биле први во борбата со религиозната затуцанштија неписмењаштија .Реки крв течеле од атеистите додека го извеле човештвото од канџите на религиозните крлежи и нивните заблуди и глупости .
Атеистите се локомотивата која неуморно го влече човештвото секогаш напред во напредок - прогрес.

Атистите може во секое време да се спорат меѓу себе во докажувањето ( ама збориме за Докажување а не претпоставки ) . Така тие имаат право да демантираат друг атеист да се оградат од него па дури и да го отфрлат . Тоа е нивно неспорно право . Такви се правилата .Не е битно дали некому се допаѓаат или не .
.
.
 
A

ateist

Гостин
6 ) АТЕИЗМОТ И НАУКИТЕ

Точно едека некој луѓе кој се импресионирани од науките се откажуваат од религиозноста .Но погрешно мислење е дека НАУКИТЕ создаваат АТЕИСТИ .
Тому спротивното .Науките се производ на АТЕИЗМОТ а не обратно .

Религиите и верите со силна пропаганда сакаат науките да си ги припишат себеси .
Не само што тие ја уништиле севкупната античка писменост , сета литература неброени дела на антички мислители , ги испоубиле сите луѓе што размислувале туку со тоа го вратиле човештвото во камено доба .Занимавање со науки било строго забрането и казниво (смртна казна ).
Но !
И да сакаат неможат да си ги припишат науките на себе
Зошто ?
Просто бидејќи темелот- основата и главна причина за постоење на науките е атеизмот кој се состои во тоа дека ВЕРАТА = ДОВЕРБАТА може и мора континуирано да се доусовршува, додефинира , допрецизира . Дека основата на науките не е религиозна туку атеистичка признаваат и самите религиозни кој се бунат дека наките и научните сознанија не се фиксни – статични туку често се додефинираат допрецизираат што е спротивно на РЕЛИГИОЗНИТЕ ДОГМИ кој се според нив вечни НЕПРОМЕНЛИВИ “ вистини “ .За разлика од религиозните догми науките кој се темелат на атеистичките принципи може СЕКОЈ да ги испитува ,ако успее да докаже може и да ги доусоврши допрецезира додефинира .Ако најде валидни докази може-има право дури и да побие –поништи одредени знаења за кој се сметало дека се докажани .Значи кај науките ги имаме истите принципи од атеизмот а тоа доаѓа оттаму што науките се производ на атеистичката вера и нејзините принципи . Атеизмот Е СОМНЕЖ , истражување , трудољубивост надградување ,подобрување Затоа атеизмот е тој што ги придвижува науките .

Па така основните начела на науките се атеистичките 1 ) дефинираност во сите три фази и почетната когасе дефинира објектот за проучување 2 ) принцип на ИСПИТЛИВОСТ 3 ) принцип на ДОКАЖЛИВОСТ

Ако овие атеистичи а со тоа и научни принципи се применат на религиите и верите И ТОА ПО НИВНО БАРАЊЕ НЕЛИ ВЕЛАТ ДЕКА НАУКИТЕ ТИЕ ГИ ИЗМИСЛИЛЕ ТОГАШ ИСТИТЕ ПРИНЦИПИ МОРА ДАСЕ ПРИМЕНАТ И ЗА НИВНОТО ГЛАВНО ТВРДЕЊЕ ЗА БОГ . Значи ќе мораат да го дефинираат , да дефинираат средства методи за ИСПИЛИВОСТ и според принципот на ДОКАЖЛИВОСТ ќе мора да си ги докажат тврдењата дека така ДЕФИНИРАНИОТ бог навистина постои .

Која наука се темели на некој религија и нејзини принципи .?Нема таква
Која наука е создадена од некоја религија .?Нема таква , непостои .
Сите се создадени од атеизмот и неговите принципи..
.
.

7) АТЕИЗМОТ И МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ ВО ОПШТЕСТВОТО

Атеистичката вера ја кажаме .
ВЕРА = ДОВЕБА и – или ДОВЕРЛИВОСТ КОЈА МОРА ДАСЕ ЗАСЛУЖИ .
Да се залужи а не да се добие без никаква заслуга па потоа и нема да има одговорност ако се изигра така поклонетата доверба оти таа и е добиена без заслуга .

Тој кој е цел на ДОВЕРЛИВОСТ мора тоа прв да го докаже дека заслужува а дури потоа од другите да бара ВЕРА – ДОВЕРБА која во меѓучевечки односи се нарекува и ЛОЈАЛНОСТ – ПРИВРЗАНОСТ –ВЕРНОСТ .

Атеизмот рековме дека не е организација .
Но атеистите може да формираат свој политички а со тоа идеолошки организации
Па така дел од атеистите формираат капиталистички политички партии наречени и десница и демократски . Овие атеистички партии – организации оранизираат капиталистички општеста кој се темелат на научни сознанија и научен атеистички прогрес . Но таквите општества се конфликтни оти се темелат на крволочни меѓучовечки односи бидекќи главен двигател е алчноста на луѓето . Поради нехуманоста на ваквите општества атеистите кој ги организираат на помош ги повикуваат религиите и верите како пропагандна машинерија која ќе шири простатилак омраза и раздор меѓу луѓето па во едни такви околкности на општа НЕДОВЕРБА – НЕДОВЕРИЕ и злоба меѓу луѓето самите организатори и алчните луѓе кој најмногу ќе приграбат од општествените богатства ќе можат спокојно да дејствуваат .

Друг дел од атеистите кој решиле да формираат свој политички а со тоа и идеолошки организации кој се залагаат за хумани меѓучовечки односи кој се познати и како комунисти и анархисти и- или левица .

Треба да се каже дека атеистите не се должни да се приклучат кон било која политичка опција . Па така сите атеисти во капитализмот не се капиталисти .Исто како што и во самоуправувањето -социјализмот не бевме сите комунисти .
Не ! . Комунистите си беа комунисти а другите си бевме атеисти .
.
.
.
8) улогата на атеизмот во историјата на човештвото

Од сето погоре до-кажано јасно е дека науките и човечката цивилизација своето постоење му до должат на атеизмот на трудољубивоста и пожртвуваноста на атеистите .

Религиите и верите се обичен продукт на политички интерес па своето постоење го темелат благодарение на на политиката Но како би имале што да им понудат на политичарите вршат метафизичко затупување на луѓето .Бидејќи со нивните смешни твдења за богови одамна ќе исчезнеле така тие своето постоење го врзуваат со : државата , владетелите , политиката , националната припадност на луѓето , и сексуалноста кај луѓето . Религиите и верите отпосле се инсталирани вештачки во човечките општества- цивилизации . Во веќе постоечките општества .Најочигледен е примерот со Православ Католик Протестант и Ислам .
Атеизмот е вера дека сомнеж мора да постои . Позитивен сомнеж дека се мора да се преиспитува , дотерува , подобрува , усовршува . В о однос на другите луѓе атеистичкиот принцип е дека ДОВЕРБАТА се ЗАСЛУЖУВА многу тешко со многу труд но може многу лесно да се изгуби ако се изигра .
Религиите и верите незаслужено бараат доверба за нешто недокажливо иако дури и за тоа безброј пати ја злупотребиле со ништо заслужено добиената доверба . Кај атеистите малку фали да се изгуби довербата а за изгрувања како што ги правеле религиите одамна ќе ги снемало . Но тие постојат благодарение на политиката на капиталистичките атеисти .
.
9 ) ПРИНЦИП НА ФУНЦИОНАЛНОСТ

АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е ЕДИНСТВЕНАТА ВИСТИНСКА ВЕРА
ЗОШТО ?

ПА ГЛАВНА НЕЈЗИНА ПРЕОКУПАЦИЈА СО КОЈА СЕ ЗАНИМАВА Е ВЕРАТА = ДОВЕРБАТА = ГАРАНЦИЈАТА = ДОВЕРЛИВОСТА = ЛОЈАЛНОСТА = СИГУРНОСТА .

Сите други религии вери , движења , асоцијации на луѓето им нудат забегување да фантазираат замислуваат некави ликови со кој ќе си муабетат .ТИЕ СЕ НЕКОНКРЕТНИ , НЕДЕФИНИРАНИ И СО ТОА НЕРЕАЛНИ .

Атеизмот е КОНКРЕТЕН И РЕАЛЕН .
СЕГА И ОВДЕ .
Атеизмот секогаш дава РЕЗУЛТАТ КОЈ Е ВИДЛИВ И ИСПИТЛИВ ОД-ЗА СИТЕ ЛУЃЕ .Тој е ПРАКТИЧЕ НИ ФУНКЦИОНАЛЕН .

Атеизмот е чесен не се затскрива ад некави тајни туку аконавистина такви постојат ги проучува апотоа демистифицира а ако се измислици како во случајот со религии и вери тогаш атеистите како чесни луѓе ги предупредуваат другите дека станува збор за ИЗМАМА .

Нештата или функционираат или нефункционираат .Нема трета опција

Тврдењата на религиите и верите НЕ ФУНКЦИОНИРААТ .
Никакви богови невидовме никого да излечат од болест или спасат нечиј живот или предупредат за опасност или оживеат мртов човек .Нивните богови дефинитивно НЕФУНКЦИОНИРААТ ОТИ И НЕ ПОСТОЈАТ .АКО НИВНИТЕ БОГОВИ ПОСТОЕЈА тогаш требаше и да се докажат гаранциите затие богови кој се ЗАПИШАНИ- НАПИСМЕНО во книгите на кој и самите се повикуваат и гарантираат .А ете сведоцисме веќе 2000 год ништо од тоашто е запишано НЕ ФУНКЦИОНИРА .
Функционираат само нивните-РЕЛИГИОЗНО ВЕРСКИ нечесни интерси и пропаганда .
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Atheism, in a broad sense, is the rejection of belief in the existence of deities. In a narrower sense, atheism is specifically the position that there are no deities. Most inclusively, atheism is simply the absence of belief that any deities exist. Atheism is contrasted with theism, which in its most general form is the belief that at least one deity exists.
Атеизмот е ... одбивање на верувањето на постоење на божества,.... позиција (став) дека нема божества ... или може да се каже одсуство на верба дека било какви божества постојат .. значи ова е генерална дефиниција за атеизам .. (нерелигиозност се одделува од атеизам)

во темава гледам само објаснети се (на твој начин, затоа шо Атеизмот генерално има 3правци http://en.wikipedia.org/wiki/File:AtheismImplicitExplicit3.svg ) контрадикторностите со религиите и наводно според тебе заблудата на религиите во односот кон атеизмот ... плус односот Атеизам - Наука, Атеизам - Меѓучовечки односи во општеството ... сепак доказ не даваш за постоење на Атеизам јас би рекол учење а не Атеизам како вера (или според тебе доверба) пред воопшто религиите (па и паганизмот треба да го ставиш тука) ... иако Има но не си ја навел ..

Although the term atheism originated in 16th-century France,[17] ideas that would be recognized today as atheistic are documented from classical antiquity and the Vedic period.
значи терминот Атеизам потекнува од 16век во Франција, но од денешна гледна точка идеи препознати како атеистички се документирани во периодот на Ведите .. (историја на атеизмот)

(бидејќи си исклучил пораки на профил и ПП, па неможам да ти кажам таму, темава ти е во насока на други теми кои веќе постојат како, Во што веруваат атеистите , Атеизам - Дефиниција )
 
A

ateist

Гостин
Атеизмот е ... одбивање на верувањето на постоење на божества,.... позиција (став) дека нема божества ... или може да се каже одсуство на верба дека било какви божества постојат .. значи ова е генерална дефиниција за атеизам .. (нерелигиозност се одделува од атеизам)
ако АТЕИЗМОТ Е одбивање на верувањето ТОГАШ И САМИОТ АТЕИЗАМ Е верување = претпоставка значи дека е РЕЛИГИЈА или ВЕРА што би рекле протестантите (поевтина варијанта од религиите бидејќи се исфрлени обредите)


Разгледај ги сите теми ќе видиш дека најголемиот судар меѓу атеистите и религиите и верите е сетокму точките - принципите што сум ги навел .
Атеист нее атеист ако ја отфрла ЛОГИКАТА
Религиите и верите не би биле тоа што се ако ја немаат ОТФРЛЕНО логиката , принципот на фунциопналност итн

еве ти само некој некој од многуте теми каде апла ќе се увериш :

Кој треба да го докаже бог ?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?29836-Кој-треба-да-го-докаже-бог/page5

Зошто Верата ја негира Логиката
http://forum.kajgana.com/showthread.php?38583-Зошто-Верата-ја-негира-Логиката&p=2513091&viewfull=1

итн

--- надополнето ---

во темава гледам само објаснети се (на твој начин, затоа шо Атеизмот генерално има 3правци http://en.wikipedia.org/wiki/File:AtheismImplicitExplicit3.svg )
На мој начин ....
Па во самиот текст убаво го објаснив атеистичкиот принцип :
Кога некој нешто тврди тој е најповикан да си го докаже тврдењето .

И еве го ставам на јавна критика и тоа што сум кажал сум спремен да го бранам аргументирано со докази

Туѓи атеистички мисења може да почитувам но тие се смртници како мене а не богови или надлуѓе па нивни мислења да бидат конечни и како единствено релевантни и точни .

--- надополнето ---

контрадикторностите со религиите и наводно според тебе заблудата на религиите во односот кон атеизмот ...
нема заблуда на религиите во однос на атеизмот .
самите религии се заблуда и шират заблуди камо да се поФалат барем со една аргументирана докажана работа што ја тврдат

Атеизмот е СПРОТИВНОСТ на религиите но не само декларативна ( ти веруваш - претпоставуваш ја неверувам -не претпоствувам )
туку СУШТИНСКА по сите основи СИТЕ ТОЧКИ ШТО СУМ ГИ НАВЕЛ

--- надополнето ---

.. плус односот Атеизам - Наука, Атеизам - Меѓучовечки односи во општеството ... сепак доказ не даваш за постоење на Атеизам јас би рекол учење а не Атеизам како вера (или според тебе доверба)
ако одиме тоа правило што го наведуваш тогаш и религиите и верите не се (темелат на) ВЕРУВАЊЕ туку УЧЕЊЕ оти ништо ПРАКТИЧНО не докажале еве веќе 2000 год .

и да разгледај ги сите теми ( тоа ти е работа па модератор си )
ќе видиш дека АТЕИСТИТЕ ПОД ВЕРА СЕКОГАШ ПОИМААТ ДОВЕРБА а не претпоставка

и атеистите во својот речник го имаат зборот ВЕРА-ВЕРУВАЊЕ на кого ишто можеш и до кој степен да му ВЕРУВАШ = ИМАШ ДОВЕРБА

тоа што религии и вери го поимаат под вера - верување атеистите го имаат дефинирано

еве ја религиозно верската вера :

аксиом и аксиома (грч axioma) СТАВ ШТО СЕ УСВОЈУВА БЕЗ ДОКАЗИ и што не произлегува од порано усвоени аксиоми

ЗНАЧИ РЕЛИГОЗНО ВЕРСКАТА ВЕРА - ВЕРУВАЊЕ Е :

СТАВ ШТО СЕ УСВОЈУВА БЕЗ ДОКАЗИ

--- надополнето ---

па и паганизмот треба да го ставиш тука ...
наведи некоја битна разлика меѓу паганизмот и Православ Католик Притестант и Ислам

ова добро сум го објаснил

Дали Исламот Православие Католицизам Протестантизам се Монотеистички Религии ?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?38822-Дали-Исламот-Православие-Католицизам-Протестантизам-се-Монотеистички-Религии

Немаа примедба дека се пагански .Јасна им е таа работа .
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
1.543
Поени од реакции
42
Сељак,
атеизмот е сосема спротивна ствар од вера,тоа е НЕВЕРУВАЊЕ!

Едит:
Прво Предупредување!
Навреди не се толерираат ...
 
A

ateist

Гостин
значи терминот Атеизам потекнува од 16век во Франција, но од денешна гледна точка идеи препознати како атеистички се документирани во периодот на Ведите .. (историја на атеизмот)
НЕ
Атеизмот не го измислиле Французите .Може само да му дале терминолошко значење но далеку е тоа дека од нив започнал атеизмот .
Во Библијата јасно си пишува дека атеисти си постоеле отсекогаш па дури и во еврејското општество а не само кај античките Грци

--- надополнето ---

(бидејќи си исклучил пораки на профил и ПП, па неможам да ти кажам таму, темава ти е во насока на други теми кои веќе постојат како,
не
такви теми имам и јас отваорено и пред тие автори што ги наведуваш

Оваа тема е многу КОНКРЕТНА и и затоа е уникатна .

има (ќе наведувам и други точки со соодветни образложенија ) конкретни точки за кој можже да се дискутира подинечно една по една .
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ


Ти сериозен ли си?

Атеизмот како став или доктрина без теистички верувања или со активно неверување во непостоењето на божества неможе да е најстара "религија", бидејќи за да се појави атеизмот пред него требало да постои верување во постоењето на божества/религија.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
А што е разликата во очите на еден на пример христијанин помеѓу некој кој не верува во бог и некој кој верува во друг бог (кој за христијанинот не постои - е лажен) на пример атеист и будист ? кој е од нив НЕВЕРНИК
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
ако АТЕИЗМОТ Е одбивање на верувањето ТОГАШ И САМИОТ АТЕИЗАМ Е верување = претпоставка значи дека е РЕЛИГИЈА или ВЕРА што би рекле протестантите (поевтина варијанта од религиите бидејќи се исфрлени обредите)
Не навлегувам, само ти посочив како е дефиниран терминот во светот ..


Разгледај ги сите теми ќе видиш дека најголемиот судар меѓу атеистите и религиите и верите е сетокму точките - принципите што сум ги навел .
па тоа ти велам, ти во темава збориш за Судирот помеѓу религиите и Атеизмот, наместо да говориш за почетоците, за историјата ... затоа шо насловот на темата наведува на тоа ... овака поставена е таман за спојување со погорните теми кои ти ги наведов ..

ако одиме тоа правило што го наведуваш тогаш и религиите и верите не се (темелат на) ВЕРУВАЊЕ туку УЧЕЊЕ оти ништо ПРАКТИЧНО не докажале еве веќе 2000 год .
Се темелат на верување од кое произлегува цело учење .. ако не верувале немало ни што да учат .. а е верување па затоа и нема шо да докажуваат .. ти веруваат дека е така (без разлика дали имал или немал факти тој Верува)... верник ќе ти рече Јас Верувам во Бог, а нема да ти рече Јас Знам за Бог затоа шо не го има видено ... еве Гностик на пример ќе ти рече Јас Знам за Бог затоа шо тврди дека го спознал, осетил ..

и да разгледај ги сите теми ( тоа ти е работа па модератор си )
па ги разгледав .. и ова тука напишано не е во контекст на насловот на темата кој наведува на Историјата на атеизмот како едно старо учење (или ај да речеме како шо милуваш најстара вера)

наведи некоја битна разлика меѓу паганизмот и Православ Католик Притестант и Ислам
го знам твојот став за тоа .. верувам го знаеш и мојот .. но ирелевантно .. сепак се раздвоени и дефинирани како различни работи ...

Атеизмот не го измислиле Французите .Може само да му дале терминолошко значење но далеку е тоа дека од нив започнал атеизмот .
Во Библијата јасно си пишува дека атеисти си постоеле отсекогаш па дури и во еврејското општество а не само кај античките Грци
незнам шо не ме свати .. читај шо напишав ...
тоа ти го викам .. Терминологијата, терминот атеизам е од Франција 16век, ете ти ги и Ведите ти ги наведов

(сепак од модераторска гледна точка за организирање на подфорумов прочитај ми го болдот, затоа шо пример: Отвораш тема за античката историја на Македонија а ми говориш за спорот на Македонија со Грција), затоа ќе ја спојам темава со една од погоре 2те наведени .. а се надевам ќе отвориш тема за Историјата на атеизмот и ќе ја поткрепиш со работи за да покажеш дека е Најстара „Вера“, нема лутиш, тука во оваа тема нема ниту една работа за почетоците на Атеизмот (а во вовед треба тоа да го има) за да го поткрепиш тврдењето во насловот на темата, значи во интерес на дебатата дај вовед добар, пократок без Сите докази според тебе за да може да тргне дебата па полека да се изнесуваат ставови,а ти да приложуваш докази постепено, сам гледаш дека слабо дискусија на овакви теми километарски поставени)
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Е вака сега , ме мрзи да читам кој што напишал(да не ми се љутат другите оти одвај станав сабајлево многу су уморен ама ми се виде убава темава).
Се водам од насловот , кој е: АТЕИСТИЧКАТА ВЕРА Е НАЈСТАРАТА ВЕРА НА СВЕТОТ.
Нели атеизмо не е верба туку се е логика(лева страна од мозокот) , бај д веј нема ни Д од десна страна на мозго.
Како може да се роди вера од логика?
Што , ке рачуна колку бога останале ако биле двајца и после еден си отишол , а пред тоа имале заедно lim 1/x каде X тежи кон бесконечност(години) .
Кажи колку бога се , и по колку години имаат?
Нема логика у потрагата по Бог , уствари самата потрага те одалечува од истиот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Иначе интересна мисла ми ''блесна'' читајќи ги коментарите од атеистите или ''неверниците'' како што сакам ја да ги наречам, од темата за ''Чудото во Св.Димитрија''..таму сум баниран па морав друга тема да отворам за да прашам...
Атеистите не веруваат во Господ,во чуда уште помалку,ги негираат сите ''божји знаци''...ги исмеваат верниците ..и имам некое чувство дека тие не веруваат во ништо освен во самите себеси..А добро,нели мислите дека има и некој над вас?
Одговорот дека верувате во науката ми е некако излишно, мада има смисла..но моето прашање е кој ја создал науката како таква...,физиката,хемијата и сл.. ? :)
 
Член од
9 април 2012
Мислења
6
Поени од реакции
2
...ги исмеваат верниците ..и имам некое чувство дека тие не веруваат во ништо освен во самите себеси..
:)
Баш тие квази атеисти треба да бидат исмевани од сите останати социјални, верски, етнички и какви ли ти сеуште не групи...Велам квази бидејќи 90% од тие луѓе појма немаат шо им е и у каква позиција се, и што всушност се
 

Kajgana Shop

На врв Bottom