Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека ... [стара]

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 мај 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
''Sto e tvoe ke si dojde'' mislam deka ova ne postoi,ako ti ne poijdis da si go zemis
mozi da si cekas ehhehe.
ova i jas go primenuvav,ama gotovo bese dosta e so toa
sega vo akcija:)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Не сакам, туку можам да ти кажам дека преку "таквото" ми е од лигавења, лигави луѓе и лажни емоции. Не знаат тие да сакаат, туку само си играат ку**т.
Недораснати гнаси се. Полека ги забележувам, полека се откриваат, не знаат да бидат искрени. Е не дај боже ти така да направиш....
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.848
Поени од реакции
5.674
со погрешен човек си "играш", ти го кажав тоа и вчера и денес ти го повторив сто пати :) ќе се изгориш, како што никогаш до сега не си се изгорела, верувај ми :helou:
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
18
Поени од реакции
0
Nikoj nemozi da znae na covek kako mu e
mozis samo da predpostavis kako mu e,ali ne i ona sto stvrno go cuvstvuva so teskite momenti.Nevelam ne,sie znaat samo da kukaat I filmovi da snimaat ama ima momanti koga stvarno ti e tesko.
 

рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
Здраво!
Те сакам!
Чао!:pipi::smir:
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Дали е до тоа што сакам долги додворувања, чудни метафори кои обожавам да ги читам по десет пати и пак да се мислам што ли значат? Дали е до тоа што не можам да сфатам што сакаш со твоите налик површни реченици...Море површни се, ама се си мислам дека кријат нешто.. Дали е затоа што те мразев, а всушност со тоа се мразев себе си зошто ние некако испаднавме слични?
Не знам до што е кај мене, ама подобро и тебе да ти е до нешто од ова, или ќе видиш убаво.... :back:
 

butterfly1135

Tutto questo amore...
Член од
30 август 2008
Мислења
209
Поени од реакции
5
Аааааа аман веќе дај не ме измачувај - пушти срце и пиши ми:( Ќе пукнам :nesum:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Сакам да си лежиме заедно, гушнати, слатки и мене да не ме мрзи да зборувам. Да не ми се затвораат очичките:). Работата е што секогаш кога со тебе си лежам, ми се нанка. Многу смирувачки делува твојата прегратка. И најубави гради имаш за лежење на нив. Те сакам мило мое грижливо душиче!
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Гомце едно :) Како успеа да ми се пикнеш под кожа толку брзо бе?
Те сфаќам за тоа што ми го кажуваш и сега за сега е ок, али ќе мора да поработиме на довербата...
Знам дека сум ти интересна кога се нервирам, на сите сум им, ама сфати дека не смеам! Ми го креваш притисокот 200 за секунда еј! Ќе отрпнам после некое време али сепак, немој!
И знам дека не е исто како што беше, можда малку сум оладена, али се' ми е испомешано во главава, таков ми е периодот... Се надевам брзо ќе пројде зашто ги мразам овие периоди...
Се гледаме вечер :back:
:wub:
 
Член од
2 април 2007
Мислења
96
Поени од реакции
12
Ми треба гушкање, ми треба милување, ми требаат сите оние нежни зборови што ти ги кажував и ми ги кажуваше секој ден, секоја наша средба, секое наше заедничко време. Сите не сметаа за најидеален пар, пар кој знае што е љубов и знае како да ја искаже истата. Зверу не сум навикната да бидам сама, џабе ми е и шетање и милион удварачи и дечковци кој едноставно не ги приметувам. Со сите сум, а во душата сум како празна школка, неисполнета со љубов и емоции кој само за тебе постоеја. Сите ми велат, ајде секое зло за добро, можеби и е така, но ете, моето срце 10 годин те сакаше само тебе, се уште те сака само тебе и цел живот
е биде скршено на 1000 делчиња кој ќе те сакаат како 1000 срциња.
Те сакам и неможам да те заборавам никако!:toe:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Писмо до некогаш најмилото...

Please forgive for my distance
The shame is manifest in my resistance
To your love, to your love, to your love
I would've warned you, but really, what's the point?

Зошто ти дозволив? Зошто ти дозволив да влезеш во мојот живот толку брзо, толку неочекувано?
Сега сфаќаш дека не те заслужувам? Сфаќаш ли дека нема да имам храброст ни да те погледнам во очи и да ти кажам дека е готово?
Прости ми што толку те одбегнував, што не ти дозволив да знаеш што се случува со мене. Прости ми, што сакајќи да се заштитам себе, те повредив тебе.
Еднаш ти кажав дека ги повредувам сите кои ме сакаат и кои ги сакам.
Зошто тогаш не ме сфати сериозно?
Зошто не избега од мене, оставајќи ме сама?
Наместо, ти несвесно ме охрабруваше, додека јас, полека но сигурно, тонев,
претворајќи се во мало, страшно чудовиште, кое руши се` околу себе. Чудовиште, од кое се плашев долго време.
Сега знаеш дека не сум толку добра личност?
Ти благодарам што ме трпеше. Сега ми е јасно дека нема никогаш да бидам среќна. Не знам да бидам среќна. Кога не можев покрај тебе, нема да можам покрај никој. Не го барај тоа од мене.
Немам веќе што да кажам, се` повеќе би било веќе чуено, веќе прочитано.

Sincerely, Leah.
 

BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
Самоубиство. Пак ?

Депресија во летен период ? Никогаш не сум ја имал. За се има првпат. Но некој работи едноставно несакаат да престанат . Поради тебе неможам да ги гледам другите парови , знаејќи што пропуштам. Покрај тебе секое останато женско човечко суштество ми изгледа неспоредливо, толку си далеку од сите , а толку си блиску до мене. Има моменти кога знаеш да ме изнервираш до степен каде што тивко , во себе ќе вриснам , меѓутоа и покрај тоа. Те обожавам . :back:
Незнам што би правел доколку друга би била покрај мојата страна.
Незнам како би изгледало доколку друг би бил покрај твојата страна.
Незнам што би било ако воопшто не се сретневме , а да бидам искрен , несакам ни да дознаам.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Секој момент поминат без тебе, е уште еден момент во низата изгубени...:pipi:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
О боже колку сум заљубена!Само ти можеш да ме разбереш колку сакам и што се можам да направам за да ги поминеме сите препреки и да останеме до крајот на животот заедно.Не ги фрлам овие години поминати со тебе во вода,па ако треба светот наопаку нека застане.Ама он веќе и наопаку е,амо кој го е.е,ние сме посилни од времето.Те љубам мило.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Со тебе научив многу работи..
Научив како вистински да сакам, како проклето да се каам за многу кавги и ситуации низ кои сум поминала, коси да си кубам за да го вратам времето.
Научив како да станам уште посилна, со сите сили, со заби, со раце, со се` што имам да се борам за да не го изгубам она кое што најискрено го сакам, без разлика колку ќе патам.
Научив да се топам во твојот поглед, да плачам и да липам од радост или од среќа како мало дете кога ќе се скараме или кога ќе се потрудиш малце повеќе и ќе ми обрниш внимание онолку колку што сакам јас.
Ги научив сите песни од твојата омилена група, за заедно да ги пееме, и да ги доживуваме.
Научив да те чекам на секое твое заминување, и го броев секој проклет ден се` додека си дојдиш.
Научив да давам се` што имам, без да барам ништо, само за да бидам со тебе.
Научив да живеам само за тебе, и светот мој да се врти само околу тебе. И не се каам, затоа што знам дека вредиш.

И нема да се откажам од нас, колку сака нека боли, ќе се борам до последните сили само за да бидам со тебе. Запамти го то!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom