Писмото на Татјана до Онегин
Ви пишувам – зар друго можам?
Што уште би ви рекла вам?
Дал казнета со презир ќе сум
Јас сосема на вас оставам.
Но ако пак, во часов зол
Се најде жал за мојот бол,
Ве колнам: подајте ми рака!...
Јас отпрво да молчам сакав.
Верувајте: за мојот срам
Би знаел еден господ сам
Да имав барем надеж кратка:
Бар еднаш неделно, за час
Крај себе да ве видам вас,
Зборојте да ги слушам слатки;
Да зборувам ќе најдам моќ –
Да мислам потем ден и ноќ
И ноќ и ден на средба нова.
Но – велат дека чудни сте
И здодевно ви било се.
А тука... нема блесок за вас;
Но, чекаме со радост на вас...