Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Во Србија за денес е најавено основање на христијанска гарда. Низ целата земја е започнато собирање на доброволци кои во случај на прогласување независност на Косово би биле подготвени да војуваат. Наводно, гардата веќе брои 5.000 борци.
Имено, Гардата на светиот цар Лазар и Обединетото српско народно движење организираат собир на кој денес пред црквата Лазарица во Крушевац "официјално" би требала да биде основана Гардата на светиот цар Лазар, јавуваат српските медиуми.
Според најавите на претседателот на Движењето на српските ветерани Жељко Васиљевиќ, во дворот на црквата ќе се построи христијанската полиција во униформи, составена од искусни воени ветерани од триесет градови од цела Србија. Васиљевиќ тврди дека гардата брои 5.000 доброволци.
"Ние немаме никакви амбиции самостојно да се вооружуваме и самостојно да делуваме надвор од институциите на државата. Ние само сакаме во случај да се прогласи независност на Косово, оваа единица да ја ставиме на располагање на војската и полицијата" - изјави Васиљевиќ.
Но, еден од организаторите, Хаџи Андреј Милиќ, облечен во воена униформа им порача на новинарите: "Без разлика дали државата ќе сака да војува или не, Гардата на цар Лазар ќе оди. Не може никој да не сопре и нема никогаш да се откажеме од Косово и Метохија. Никогаш."
Српскиот воен аналитичар Зоран Драшиѓиќ формирањето на воената формација ја оцени како противзаконска, бидејќи Србија има војска која е единствена легално вооружена сила. "Секој друг кој ќе се обиде во оваа држава да создаде било каква вооружена формација, ќе мора да се соочи со акција на надлежните државни органи" - предупредува тој.