Војната на патиштата

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Имплицираш дека е зелено и за вртење лево и за напред?
Не го знам тој семафор и не ни знам каде точно за да проверам на стрит вју, но мислам дека на ваква раскрсница не е можно и во двата правци да е зелено за право И за вртење, плус тој првиот пред него што чека на семафор ваљда не е глуп па за џебе дреме на семафор.

Сакам да кажам - на сите ни се има случено малку да подзабрзаме да фатиме зелено светло... Ама НИКОГАШ, и повторувам НИКОГАШ не ми се случило на црвено да поминам семафор, ни било како а најмалку онака кога некој веќе чека пред мене. Плус земи во обзир како брзо заврти лево, како да е сам на планетава.

Така да освен ако не испадне некоја заврзлама каде:
- е зелено за лево и истовремено е црвено за тој што иде право
- тој застанатиот на семафор е во дефект или е глуп/заспан/пијан/итн
Само во ваква комбинација тој што вртеше лево може да не е е крив. Ќе видиме, ама се сомневам.


Инаку убиениот дечко наводно имал двомесечно бебе со сопругата. Познаник се знае со роднина негов, дечкото од свадба се враќал... И тоа наводно му понудиле да го вратат со кола ама одбил, сакал за да се прошета до дома.

 

Ако е истата раскрсница, ова долу е гледано од аспект на тој што наеднаш заврте лево..
Се гледа дека кога е зелено за право, црвено е за вртење лево. Баш како што гледавме на видеото, за лево беа застанати две аута а за право се возеше. Од тој аспект гледено, имало црвено светло за двете застанати коли од кои тие во втората кола решиле да поминат на црвено и го предизвикале сударот.


1690921028976.png
 
Имплицираш дека е зелено и за вртење лево и за напред?
Не го знам тој семафор и не ни знам каде точно за да проверам на стрит вју, но мислам дека на ваква раскрсница не е можно и во двата правци да е зелено за право И за вртење, плус тој првиот пред него што чека на семафор ваљда не е глуп па за џебе дреме на семафор.

Не! Туку дека за ПРАВО е изгаснато зелено, и е во онаа зона кога тоа за лево ќе стане зелено, што и станува/се менува 1-2 секунди(премалку време, за да биде се уште зелено за право) после сударот помеѓу двете коли. Што би значело тоа? Грубо гледано, на вака лоша снимка, тој што иде од спротивно „лета“ за да помине право, има друг кретен, кој што се прави паметен и на црвено заобиколува, пробува да помине, и се дешава катастрофа. Секунди после сударот, семафорот над колата која што чека, менува бои, најверојатно од црвено кон зелено. Сето ова е нагаѓање, односно делува така.
Тој семафор работи на принцип - спротивни ленти право, па после само лево, како што е и ставена сликата погоре.
 
Тој семафор работи на принцип - спротивни ленти право, па после само лево, како што е и ставена сликата погоре.
OK, значи едниот брзал да фати зелено. Веројатно и на жолто поминал, можеби дури и црвено фатил. Второво е големо не-не, но што со следново: Другиот на ФУЛ ЦРВЕНО поминува, и тоа брзо вртење лево - со фул куроболие без воопшто барем прво претпазливо да погледне дали некои иде од таму од каде е зелено и може да налета некој. Притоа заобиколува друг застанат на семафор.

ОК. Факт е дека првиот ако не го бркал семафорот, веројатно немало да се деси бељата. Ама оној вториот со вакво однесување и резонирање - гарантирано ќе направел беља друг пат. Може уште 100 пати ќе поминувал вака, се додека еднаш не се поклопат коцките. Како што се поклопиле сега.

Само сакам да се направи разлика. Веројатно и двајцата се криви, но од 1 до 10 првиот би рекол дека е 3 или најмногу 4... Но вториот е 10 од 10 крив.
Заради вакви работи избегавам да „бркам зелено“. Но некогаш се дешава да се брзам. Сакам да кажам буквално на секој може да му се деси да помине со 5-60 на раскрсница и некој ако вака брзо ти излета нема шанси да го избегнеш ни со 40 да возиш.
Тоа кажано овој првиот барем 70-80 возеше и ќе го јаде заедно со второт кој дефакто и дејуре ја направи сообраќајката. На негова душа е убиството.
 
Според мене двајцата се подеднакво криви, едниот што не знае основни правила другиот што според снимката изгледа дека вози пребрзо.

Едино жал за дечкото, ете колку е животот вреден, во еден момент го живееш, во другиот веќе те нема.
 

Тој „левиот“ е секако крив, но не може целата вина да му се препише него, кога вака грубо(нејасно, делумно) гледано, и „правиот“ треба да го јаде, затоа што го бркал семафорот. Секако ништо нема да го врати изгубениот живот, но мора подеднакво да го јадат и левиот и правиот.

Во нивниот кретенски, ретардиран (и не знам како да ги наречам) обид да стигнат некаде порано, некој трет си „замина“ порано.
 
Не гледам како може подеднакво да се криви кога еден од нив поминува на црвено светло. Не велам дека и другиот не треба да биде казнет, ама секако не колку тој што ја предизвика несреќата. Неправење разлика меѓу брзо возење и намерно ретардирано минување на црвено светло, за мене тоа е црно бело гледање на работите.
 
Уште нешто, јас би казнувал и ако возат со максималната ограничена брзина и на десна лента.

Еве пример ограничено е на 50км, како јас да претицам на лева со 45-50км ако идиотот десно ми вози со 50км?
 
Не ми е јасно што е тунелската визија со км/ч моментот, кога 9 од 10 несреќи ги прават тие што поминуваат на црвено светло и општо не се замараат со сообраќајни правила и закони. Со 40 да возиш, на твое зелено онака некоја ретарда да ти искочи навечер - скоро сигурно го удираш. И ако се деси потоа да се одбиеш директно во пешак... :(
 
Уште нешто, јас би казнувал и ако возат со максималната ограничена брзина и на десна лента.

Еве пример ограничено е на 50км, како јас да претицам на лева со 45-50км ако идиотот десно ми вози со 50км?
Нема брза лента веќе, на двете ленти можеш да возиш 50. Или ќе возиш позади него исто со 50 или ќе го поминеш со 70 и ќе продолжиш пак со 50:D
 
каква брза лента на ограничување на брзина ?

брза лента кога имало шлепери и автобуси кои возеле со 50 надвор од населено место,во населено место дозволена брзина е 40 до 50

секое возило кое наидува на пешачки е должно да ја намали брзината за безбедно одвивање на сообраќајот до 30
 
Макс сакаше повеќе да потенцира на брзината на движење отколку на тоа дека лентата е пресуден фактор. Нормално дека во таа лента кај што врти во лево или десно треба намалување на брзина, треба и во другите една или две при крстосници чисто ради вакви пиздарии.

Колкава штета за прерано згаснат живот. Детево минувало пешачки, ни криво ни должно ќе оди 2 метра под земја. Уште поголема да е трагедијата не е прв случај и најверојатно нема да е последен.
Тешко и на фамилијата, вака да заминиш... да те гледаат на youtube или тв како те има - па те нема. Лесна му земја.

Се надевам ќе ги осудат двајцата кретени кои го предизвикаа ова.
 
Уште нешто, јас би казнувал и ако возат со максималната ограничена брзина и на десна лента.

Еве пример ограничено е на 50км, како јас да претицам на лева со 45-50км ако идиотот десно ми вози со 50км?
Vo grad nema brzi spori lenti, vo sekoja e 50kmh i vo-od sekoja moze da se pretica
 
Aко се испостави дека возачот што возел право возел над дозволената брзина, и тој ке има вина, а по видеово, ми делува дека баш, ама баш брзо вози.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom