Олимпија
Македонија во срцето!!!
- Член од
- 26 март 2008
- Мислења
- 5.624
- Поени од реакции
- 9.146
Киев ни ги прави восочните револуционери
Киевскиот Музеј на восочни фигури ќе изработи 105 фигури за Музејскиот комплекс - Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунизмот, кој се гради на кејот на Вардар во Скопје. Посредник во набавката е фирмата за оружје и воена опрема „Специјална опрема-Скопје“, според која секоја фигура ќе чини околу 12.000 евра, вклучувајќи ги и трошоците за транспорт.
- Првиот обид беше проектот да се оствари со меѓународен тендер, но тоа пропадна. Ние во Украина сме присутни од 1992 година, имаме контакти и се нафативме да го спроведеме проектов практично без профит - вели генералниот директор на „Специјална опрема“ Јовица Ѓуричиќ.Неговата фирма го добила договорот за јавна набавка на 65 восочни фигури на личности од историјата на Македонија, склучен на 16 февруари со Министерството за култура, за кој бил објавен тендер на 12 ноември лани.
- Станува збор за два договора, за 40 и за 65 фигури. Ќе бидат изработени како во „Мадам Тисо“ и другите такви музеи. Видливиот дел ќе биде од пчелин восок со адитиви, за косите и брадите ќе се употребат човечки влакна, кои на фигурата се ставаат влакно по влакно, а протетичари ќе ги изработат забите и очите. Костимите ќе бидат изработени во Македонија, а на нив ќе работи позната пензионирана костимографка во киевскиот музеј, куклите ќе ги изработува седумчлен тим уметници - вели Ѓуричиќ, чија фирма е вклучена во украинскиот проект „Букефал“ за нов оклопен транспортер „БТР-4“.
За киевските уметници да може да набават материјали и да почнат да ги изработуваат фигурите, однапред биле платени првите 20 фигури. Според огласот, последните фигури треба да бидат готови до крајот на 2011 година.Според него, вкупната цена за една кукла, со транспортот до Македонија, ќе биде околу 12.000 евра, додека цените на куклите на „Мадам Тисо“ достигнуваат до 200.000 евра, а во музеите во Москва и во Петроград по повеќе од 100.000 долари.
Според тендерот за 65 восочни фигури, објавен на интернет-страницата на Бирото за јавни набавки, „Специјална опрема“ била единствена фирма што се јавила на огласот на 12 ноември. Министерството за култура одобрило 69.601.220 денари за набавката на 65 фигури, односно околу 1,132 милион евра. Грубо пресметано, за секоја од овие 65 фигура се одвоени по 17.411 евра. На интернет-страницата го нема договорот за другите 40 фигури.
Програмската содржина на двата музеја, на ВМРО и на жртвите на комунизмот, ја изработи Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Македонија. Тој вчера рече дека нема овластувања да дава информации за оваа фаза на проектот. Од Министерството за култура, кое неделава не одговори на прашањата за набавката на фигурите, соопштија дека в понеделник ќе објаснат подетаљно кој ги изработува восочните фигури, како ќе изгледаат, кому ќе бидат посветени, колку ќе чинат.
Во изработката на слики, портрети и сцени од битки, кои ќе бидат поставени во музејскиот комплекс, требаше да биде вклучен и украинскиот уметник Анатолиј Гајдамака. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска се сретна со него лани во текот на официјалната посета на Киев. Гајдамака пред седум месеци беше во Скопје, но тогаш не постигнаа конечен договор со министерката за култура.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=188719F1E4CCFC4FA5F05734EEB39DD9