Вонземјаните ја сакаат Македонија
Во Македонија има над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала и вонземјани на нашето небо. Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967!
Покрај Јужна Америка и Ново Мексико, Македонија е најинтересната земја за вонземјаните, тврдат уфолозите. Проучувањата велат дека вонземјаните доаѓаат поради две причини - во потрага по можности за духовна хармонија или како предупредување за можна катаклизма, политички пресврти или револуции. Македонската земја важи за земја на древни цивилизации, но и за земја на луѓе со чиста душа, кои во гените носат предиспозиции за живот во хармонија и љубов.
Во Македонија има над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала и вонземјани на нашето небо. Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967, кога голем НЛО се појавил над скопското село Глумово. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека хронологијата на НЛО-посетите на Македонија е поинаква. Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско
"Беше околу осум навечер и тамам се имаше стемнето. Бев во дворот кога насекаде блесна светлина како да е ден. Над ридот над мојата куќа полека леташе светлечки креденец. Си реков во умот дека е тоа некоја божја работа. Не се исплашив, туку ме обзеде некое блажено чувство. Си имав мака со болното срце, па ревма. Арно ама, откако го видов тоа на небото, се ми помина. Сега летам како младо момче", ни ја раскажа својата средба со НЛО во 1997, 90- годишниот Здраве Лазески од кичевското село Раштани. Драстичното подобрување на неговото здравје било потврдено и од неколку лекари-специјалисти .
Уфологијата, односно науката која ги проучува неидентификуваните летачки објекти, тврди дека последниве педесетина години Македонија е под инвазија на вонземјани. Еден од ретките, ако не и единствен фанатичен проучувач за НЛО во Македонија, кичевецот Стојмир Симјаноски тоа го објаснува со тезата дека вонземјаните се заинтересирани за проучување на древните цивилизации и култури, а Македонија е една од најстарите цивилизации. "Покрај Јужна Америка и Ново Мексико, Македонија е најинтересната земја за вонземјаните. Проучувањата велат дека вонземјаните доаѓаат на Земјата, главно, поради две причини - во потрага по можности за духовна хармонија или како предупредување за можна катаклизма, политички пресврти или револуции. Општо познато е дека македонската земја е земја на древни цивилизации, но и луѓе со чиста душа кои во гените носат предиспозиции за живот во хармонија и љубов. Затоа вонземјаните сакаат да испитуваат обични, но умни луѓе. На оваа земја живееле големи умови како Александар Македонски, кој бил генијалец, потоа се докажа дека Михајло Пупин е од овие краишта и уште многумина други кои се интересни за вонземјаните", вели Симјаноски.
Меѓутоа, тој во својата СФ книга "Мит за сите времиња" го поставува и прашањето дали посетите на вонземјаните на Македонија во минатиот век биле предупредување за она што ни се случи во 2001 година. Како доказ дека Македонија била под своевидна вселенска инвазија, Симјаноски посочува над 35 евидентирани случаи на посети на вонземјани и многу повеќе незабележани летала и вонземјани на нашето небо. Првата посета на вонземјани на Македонија за која објавиле медиумите датира од 22 август 1967, кога голем НЛО се појавил над скопското село Глумово. Меѓутоа, истражувањата покажуваат дека хронологијата на НЛО-посетите на Македонија е поинаква. Првпат НЛО над Македонија бил виден во мај 1942, кај селото Добреноец, Кичевско, кога бил виден и вонземјанин, следната година повторно кај Добреноец, на 31 август 1957, над селото Иванчишта зад Пресека,-Кичевско, бил виден огромен вселенски конус, во 1961 над селото Дедебалци, Битолско, каде што вонземјанка се обидела да се симне од леталото и да влезе во една селска куќа. На 1 август 1964, кај Барбура, врв на планината Јама, била видена вонземјанка, јуни 1965 таа се појавила и во Суви Дол, Кичевско, а на 15 април 1969 250 ученици кои биле на екскурзија, виделе огромен НЛО над Извор, Велешко. Во септември 1969 бил виден голем НЛО над штипски Кумлак, и од леталото излегле седум помали НЛО, во разни бои. На Илинден 1972 била регистрирана летачка топка кај Прентов Мост, Охридско, во август 1980 два НЛО повторно над Кумлак, Штипско, а во 1983 летало четириесет минути вртело над селото Стење во Преспа. На 1 септември 1990 бил виден НЛО над Кичево, истата година над планината Буковиќ, 1992 година над селото Покрвеник кај Ресен, и на 28 март 1997 над штипскиот Исар. На 3 април 97 селото Стење повторно го надлетувале вонземјани, а истата година биле посетени и Пресека, Раштани, и повторно Штип. Во мај 1997 свратиле пак над Штип, на 5 јуни истата година над Бистра, јули 1997 помеѓу Кичево и Другово, ноември 1997 над Чавкова Чешма кај Штип. Две години подоцна за вонземјаните станала интересна Битола, во февруари 1999 Скопје, мај истата година Ѓорче Петров, а летото 1999 - планината Јама. Во август 2000 вонземјаните, како призраци, летале над месноста Цареви Кули, Валандово и повторно Штип.
- Не можам да издвојам кои се побитни, а кои помалку битни случаи на појава на НЛО, бидејќи не се работи за нешто што се случува секој ден. Сепак, некои предничат пред другите. Таков е случајот на Синадинка Костадиноска, која е првата што проговорила дека видела НЛО и вонземјани во Македонија. Значаен е случајот во селото Стење, случајот со д-р Наум Целакоски, со бебето- вонземјанин и, секако, средбата на дедо Здраве Лазески од кичевското село Раштани - вели Симјаноски.
Во пролетта 1942 година Синадинка Костадиноска била кај кладенчето над градината и наеднаш како да слушнала нечиј глас кој сосем јасно и рекол: "Синадинке, слушај што ќе ти речам и кажувај им го тоа на луѓето", почнал гласот, а Синадинка останала како вкочанета. Отпрвин не зборувала ништо за случката, но подоцна, по втората сердба, кога и се гледало како сонцето да и се приближува, им кажала на роднините и на пријателите. Оттогаш многу често паѓала во транс и зборувала неповрзани работи кои отпосле излегувале дека се пророштво.
- Сега воопшто не можам да се присетам што всушност работевме, но еден момент некој од овчарите што минуваа тука со овците, извади нешто што го носеше на две прачки и го донесе кај нас. Долги години се мачам да се присетам што точно беше тоа. Овчарот го стави на неколку папратки и ние се собравме околу него. Суштеството тој го нашол во долот и прво му заличало на фрлено голо, штотуку родено бебе, но му било необично и затоа го зел и го донесе да го покаже. Беше долго околу триесет сантиметри, широко 10-12 сантиметри и толку сантиметри дебело. Ми се чини дека и сега го гледам пред себе, а татко ми го вртеше за да го разгледаме подобро. Бојата му беше некоја комбинација од сива и од бакарна, со чудни бледоцрвени линии. Немаше коса на зашилената глава, која личеше на рибина. Крлушки немаше, но имаше набрана кожа, под која на градите се истакнуваа ребрата. И рацете и нозете, наместо овални, беа ромбоидни, со истакнат раб и одозгора и одоздола тој преминуваше во проsирна 'рскавица од задната страна. Наместо опашка, имаше лигава проsирна кожичка која завршуваше во задниот дел на колената, во форма на малку повеќе зашилено лопатче - сведочеле неколкумина селани од кичевското село Лекомлаче за вселенското бебе што го нашле во далечната 1957 година.
Од сите жители во Македонија, штипјани имале најмногу средби со НЛО. Дури над 20. Во неколку наврати тоа биле разнобојни или портокалови кругови над Исарот, додека во 1957 НЛО се спуштил на само 50 метри од куќата на сведокот Петар Бошков.
На 29 март 1997 година нешто чудно се појавило на небото над селото Стење. Жителите на селото се колнеле дека на небото виделе летало во форма на голема печурка, со три ногарки од долната страна. На кружните рабови на леталото, кое застанало сосема ниско над куќите, блескале повеќе разнобојни светла, кои некако неизменично светнувале со црвена, сина и со жолта боја.
На 10 април 1997 година, во периодот меѓу 9 и 11 часот, над Штип одеднаш се појавиле два бели огромни правилни бели круга, со дебелина на обрачите од околу половина метар. Немало штипјанец што не го видел и што не го збунило чудото, бидејќи природните појави, како виножитото или други слични, се вертикални, додека двата круга над Штип биле во хоризонтална положба.
- Кога на 10 прил 1997 година МТВ јави дека дента над Штип се забележани два чудни бели светлечки круга, кои камерите и ги покажаа, следуваше и стручно објаснување дека тоа е природна појава која настанува како последица на јонизацијата на воздухот или прекршувањето на светлината. Меѓутоа, тогаш никој не спомена дека двата круга над Штип биле хоризонтални, што ја менува ситуацијата и дава слика на НЛО - вели во својата книга Симјаноски.
- Девојката имаше доста карактеристичен изглед, со широко чело, триаглесто лице со бледа бакарна боја и со црни големи очи - сведочи С.С. И таа го гледала него без да трепне. И пулсирало само едно топче над челото, менувајќи ги боите. Дури му се причинило и дека тоа светкаво топче ги покажува чувствата, па кога тој еднаш се обидел да се помести, топчето силно блеснало со црвена светлина, а вонземјанката само се насмевнала.
На 2 август 1961 година, на околу 200 метри над земјата, кај Прентов Мост, Охридско, слетала сребренеста топка со пречник од 15 метри. Неа ја видел д-р Наум Целакоски и тргнал да види што е тоа. Во леталото имало вонземјанин, кој се појавил пред сведокот. Кога Целакоски тргнал кон него, дојденецот ја подигнал раката и од предметот што го држел блеснал тенок долг млаз црвеникави зраци кои го погодиле во челото. И покрај драматичноста на ситуацијата, д-р Целакоски сфатил дека она зелено суштество, всушност, не сака да му напакости, туку да го опомене да не оди преблиску до вселенскиот брод.
- Беше околу осум навечер и тамам се имаше стемнето. Бев во дворот, кога насекаде блесна светлина како да е ден. Над ридот над мојата куќа полека леташе светлечки креденец. Си реков во умот дека е тоа некоја божја работа. Не се исплашив, туку ме обзеде некое блажено чувство. Си имав мака со болното срце, па ревма. Арно ама, откако го видов тоа на небото, се ми помина. Сега летам како младо момче - ни ја раскажа својата средба со НЛО во 1997, деведесетгодишниот Здраве Лазески од кичевското село Раштани. Тој е посебен случај, бидејќи неговата влошена состојба драстично се подобрила по средбата со летачката чинија, што било потврдено и од неколку лекари-специјалисти. Неговата приказна ја поткрепуваат исказите на неколкумина негови соселани, кои во исто време го виделе истото летало. Тие биле од другата страна на ридот и на диво береле дрва. Кога блеснало леталото, помислиле дека се запалила шумата и избегале за да не ги обвинат нив.
Во теориите зошто вонземјаните толку често ја посетуваат нашата планета се наведуваат уште многу други причини. Тие ги проучуваат нашата планета и нашата цивилизација од повеќе аспекти и од повеќе причини, ги привлекуваат нашите рудни богатства и енергија, загрижени се за нас и сакаат да ни помогнат, бидејќи гледаат дека ја уништуваме сопствената планета, имаат намера да не колонизираат, па психички не подготвуваат за големата средба, загрижени се за себе поради нашиот продор во вселената, па сакаат да не спречат или да не упатат, или бараат погодна планета за преселба, бидејќи нивната е веќе уништена. Македонија, велат уфолозите, многу лесно може да се вклопи во која било од овие причини.