Возете велосипед по патека за да не платите 25 евра казна

  • Креатор на темата Креатор на темата Zan zivotnoto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Уште еден закон којшто нема да премине во пракса, туку само да се пуфкаат дека донеле Европски закони во Македонија....
 
Фалат паркинзи низ градов, тоа е проблемот. Секој слободен метар квадратен го искористија за подигање на згради без да размислат дека тие луѓе на кои ќе ги шиткаат становите имаат возило/а. Не се најголеми кривци паркираните по тротоари, ги сфаќам. Непланското размислување го уништува градов.
Според закон, секоја зграда што се гради, со нејзе треба да бидат изградени и паркинг места. Ако овој закон се почитува секаде низ Скопје, поточно ако секоја нова зграда си има паркинг место тогаш не си во право.Често има случаеви на многу места низ градот каде што луѓето без оглед на тоа што имаат паркинг места, ги оставаат колите на тротоар пред нивната зграда или куќа на штета на пешаците и велосипедистите, кои мора да се движат по улица и на таквите сопственици заслужуваат да им бидат одземени возилата од пајак или пак да им се стави ливче на шофершајбна.

Иначе си имаше закон и порано за велосипедисти, во смисла да мора да се движи велосипедистот по соодветна патека, или пак да има соодветна брзина преку која ќе се движи итн. Засега имам дознаено дека казнуваат ако се движиш со велосипед покрај автопат. Казната изнесува околу 25 евра.
 
Иначе си имаше закон и порано за велосипедисти, во смисла да мора да се движи велосипедистот по соодветна патека, или пак има соодветна брзина преку која ќе се движи итн. Засега имам дознаено дека казнуваат ако се движиш со велосипед покрај автопат. Казната изнесува околу 25 евра.

45евра мислам дека беше ама сепак друго е автопат, а друго е ова. По нивново испаѓа дека луѓето по другите градови нема да смеат да се качат на точак зашто сегде нема велосипедска патека.
Во ред е законот ама прво да се обезбедат соодветни патеки, па да се обезбедат и казни за пешаците што ќе се движат по велосипедски патеки, па на крај да се казнат велосипедистите.
А не вака...жити таквото што ќе им платам и да ме фатат.
 
45евра мислам дека беше ама сепак друго е автопат, а друго е ова. По нивново испаѓа дека луѓето по другите градови нема да смеат да се качат на точак зашто сегде нема велосипедска патека.
Во ред е законот ама прво да се обезбедат соодветни патеки, па да се обезбедат и казни за пешаците што ќе се движат по велосипедски патеки, па на крај да се казнат велосипедистите.
А не вака...жити таквото што ќе им платам и да ме фатат.
Види, според законот, ако таму каде што треба да вози велосипедистот нема велосипедска патека, истиот може да вози одма покрај самата улица. А за другово се согласувам.

Приметив дека во некои од улиците во градов ставиле знаци од типот на патека за пешаци и велосипедисти. Е сега, според мене глупо е што ги ставаат пешаците и велосипедистите во ист кош. Пешак и велосипедист не е исто, пешакот не може да се движи со 20 км на час, освен да трча.
 
Ова го подржувам. Добра идеја. Јас би направил и 50 евра казната. :mad: Да се научат кај да возат. Секој ден гледам како старци како возат на сред улица. Па опни го 100 евра па нека мисли другпат кај да вози. Алооо со кој памет вози на улица кај што возат колите.
 
А дали ќе се реши проблемот со тротоарите кои одамна служат за паркинг на возилата. Го искршив точакот качувајќи и симнувајќи се од тротоар. Нека видат малце кај бит пазар кај се движат возилата, па после нека спроведуваат мерки и казни. Тоа не се знае дали е пешачки, тротоар, улица или булевар. Како и да е, битно даноци и казни да се вметнуваат, а инфраструктурата нека остане под знак прашалник.

Не не ти се молам..За бит пазар тоа правило не важи...Не ни СМЕЕ да важи, да бидам појасен ;) (бит пазар и “булеварот“ Цветан Димов ти се дива лига)

Без везе...Ова само за нивниот златен Аеродром важи...Па и на Аеродром не се придржуваат ко шо треба...Ја пред некој ден возам и све пешаци на патеките...Замисли што ќе биде кога ќе ИЗГРАДАТ патеки за велосипедисти на главните улици...Граѓаните ќе кажат
9da187a7a191431db943a9a5a6fec6f4.jpg

и ќе си шетаат и по патеките. Пошо еј, реално гледано - они ги проширија тротоарите ако така напраат, не дека изградија бициклистичка патека.. :)
 
Ве молам казнете ме затоа што имам брада од 3-4 дена. Можеби така ја уништувам убавината на нацијата со моето мрзливо однесување кон моето убаво лице.....

Како бе вака, до кога ова. Казнете ги возачите што сеуште не ме третираат како дел од сообраќајот, казнете ги оние кај градски ѕид што немаат паркинг, оние кај буњаковец кои паркираат на тротоар. Казнете ги оние фенси кретени кои од полу отоворен прозор го пцујат од А до Ш оној кој вози точак.
 
Како човек шо вози 20 километра дневно точак, а можда и више, да ви се намочам во законот. Нека излезат да возат точак по десниот раб на улицата! Ќе те убијат , ќе те изгази некој ебате.
 
Сепак држи вода сори дечки има премногу камикази со точаци кои возат на улица за моторни возила и го загрозуваат својот живот зошто да носам на живот некој старец кој не платил регистрација и уште ми покажува дискриминација ако не сум му дал предимство на улица која е наменета за возила со мотор.

Еве зошто јас кога возам точак немам комплекси и си возам на патека и немам проблем кога ќе видам некој со џип.

дајте ве молам ако некој има финансиски проблем да му помогнеме .
 
Abe prvo zakoni posle pateki, pa so? Barem se pravi nesto ane ko porano.

Ni rekata ne bila reka pri samiот poчеtok. Da ni e жiva i zdrava drzavi4kata, pa ima vreme i za tocaci i za pari. Ne se seкirajte доtolku de.
 
овоа е тотална глупост па у нашиот град нема ни патеки, ја еднаш си идам од град со велосипед и се возам по еднонасочна улица по тротоар и сеа колите одат надоле а јас нагоре и еден цајкан ми вика нешто како дечко неесмееш да возиш по оваа наскота ... сум се изнасмеал у пм
 
Возам секој ден по 15 километри и возам скоро цело време по пат, по тротоар кога возам, значи секогаш, некоја нинџа баба ме пцуе, или некој хипстер ми вриска или нешто слично, друго тоа паркираните по Партизанска скоро секогаш ги има па и по другите улици исто срање е, после тоа патеките што ги има до некаде, се крш, ниту се познава нешто, ниту се вози по нив, повеќе пешаци има по нив него велосипедисти.
Најпрво треба да се обезбедат услови, односно добри патеки, па после закон да стапи у сила ли као се вика, ова вака е мижи асан да ти баам...
 
а што ке се случи ако велосипедистот или велосипедот настрада поради некој друг несовесен учесник во сообраќајот или поради дупка на патот? тогаш дали ке можеш да ја тужиш државата, општината, градот полицијата, улици и патишта паркови и зеленило , или пак цацко ќе биде крив па со него ке треба да се расправаш?
ќе бараш оштета од улици и патишта:vozbud:
 
Ова го подржувам. Добра идеја. Јас би направил и 50 евра казната. :mad: Да се научат кај да возат. Секој ден гледам како старци како возат на сред улица. Па опни го 100 евра па нека мисли другпат кај да вози. Алооо со кој памет вози на улица кај што возат колите.
Запознаен си со законот? Велосипедистите, доколу нема точно определена патека, возат на коловозот еден метар оддалечени од тротоарот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom