Zan zivotnoto
Jean l`animal
- Член од
- 30 јуни 2010
- Мислења
- 29
- Поени од реакции
- 24
МВР ги предупредува велосипедистите на тротоарите да се движат само по обележаните велосипедски патеки доколку не сакаат да заработат казна од 25 евра
Казни за велосипедистите кои нема да возат по обележаните велосипедски патеки. Според дневниот весник Вест, МВР ги предупредува велосипедистите на тротоарите да се движат само по обележаните велосипедски патеки доколку не сакаат да заработат казна од 25 евра.
Доколку пак нема патека велосипедистите треба да се движат по десниот раб на улицата. Како што пренесува Вест, од МВР велат дека периодов постојано ги чистат патеките од возилата кои се паркираат на нив, а од градот Скопје пак најавуваат дека на сите главни улици наскоро ќе се обележат патеки за велосипеди.
Ваквата законска одредба лошо помина во Хрватска. Таму пред околу половина година полицијата почна да ги казнува сите велосипедисти кои не возат по патеките во Загреб, а казнита бешеоколу 40 евра. Тоа предизвика протести организирани од хрватскиот Синдикат на велосипедисти од каде, како и кај нас, бараа прво да се обезбедат услови за безбедно возење велосипеди, а дури потоа да се казнува.
---
Еден симпатичен вирален видео пример за апсурдот на оправданоста и спроведливоста на оваа казнена мерка