Воени авиони

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.603
Поени од реакции
42.125
Миг -35 не гледам каква иновација претставува со оглед на тоа дека во најголем дел е базиран на претходникот Миг - 29, освен може некаква надградба или под варијанта. Ако не се лажам ги користи истите мотори дизајнирани во 80тите.
Миг-35 може и да напаѓа цели на земја, носи тродупло више оружје него старите, има современ aesa радар и други модерни системи. Затоа е 4++ генерација. Моторот од кога е не е ни битно дали е еуро 5 или 6 иначе и тој е усовршен. Овој авион е нешто како америчките ф-16 наменет за извоз у држави како Индија и Египет само што чини дупло поефтино.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305

Еве ти од прва рука коментар на главниот командант за воздухопловство на Индија, на МАКС 2019 им беше дозволено на два индиски пилота да го летаат и испробаат, подоле у текстот имаш што се е ново у авионот у споредба со Миг-29, скоро се.

Иначе моторите се RD-33MK/MKV со thrust vectoring нова верзија со производство од 2001 година. Колку за споредба F-35 моторот нема Thrust vectoring што е многу битно за dog fight.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.822
Поени од реакции
36.857

Тоа се согласувам, дека авионот е подобра верзија наменета за извоз.
Автоматски споено мислење:

Еве ти од прва рука коментар на главниот командант за воздухопловство на Индија, на МАКС 2019 им беше дозволено на два индиски пилота да го летаат и испробаат, подоле у текстот имаш што се е ново у авионот у споредба со Миг-29, скоро се.

Иначе моторите се RD-33MK/MKV со thrust vectoring нова верзија со производство од 2001 година. Колку за споредба F-35 моторот нема Thrust vectoring што е многу битно за dog fight.
Кога го дизајнирале F-35 сигурно dogfight способноста не им била во првите пет приоритети за авионот.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Кога го дизајнирале F-35 сигурно dogfight способноста не им била во првите пет приоритети за авионот.
Па се гледа дека не им била :)
Можда рачунале американците дека догфајт нема да им биде потребен и од 86 год мислам дека ги развиваат исклучиво стелт авионите за воздушна надмоќ, али со новите фотонските радари и OLS-35 infrared радар што го има мислам и Миг-35 стелт паѓа у вода целосно, пошто поготово F-35 моторот остава најголема топлинска слика.
Su-57 пример има 3 комада IR sensor balls исклучиво ради тоа, иако тие им ја нарушуваат стелтноста на авионот
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.603
Поени од реакции
42.125
Малце да ја освежиме темава, за сладокусците на борбена техника. Најновиот авион во ВВС на Руската федерација, СУ-57. Мултинаменски ловец од пето поколение, наменет да се спротистави на западната агресија. Нарачани се првите парчиња и официјално е влезен у производство, ќе користи стари мотори од су-35 додека не биде готов изделие-30 верзијата на AL-31 моторот, и се претпоставува дека тогаш ќе ги добие правите перформанси пошто ќе има способност за суперкруз како американскиот Раптор кој е реално најдобриот авион на денешницата.

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.603
Поени од реакции
42.125
F-15EX или официјално F-15 Strike Eagle II, е новата верзија на добро познатиот ловец Ф-15 кој е во служба во авијацијата на Соединетите американски држави уште од седумдесетите години од минатиот век. Овој ловец е познат по тоа што има најдобро kill to death ratio во споредба со било кој ловец на денешницата. Без ниту еден соборен примерок. Али сепак е интересен и фактот дека има 123 авиони загубено ради технички дефекти, отприкика 3 авиони годишно.
Новата верзија на овој авион е уште наречена strike eagle на стероиди, поради неговата можност да носи огромно количество на најразноврсно оружје. САД беа решени да го пензионираат моделот, но откакако увидоа дека Ф-35 е многу скап и нефункционален за да ги превземе мисиите на ф-15, одлучија да му го продолжат векот и да нарачаат нови парчиња кои треба да ги обавуваат борбените мисии околу светот.

Првиот примерок на новиот ф-15, нефарбан, тазе од фабрика, на стомакот можете да ги видите многуте места за прикачување бомби.

Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.603
Поени од реакции
42.125

Русите го претставија новиот Су-75 на МАКС 2021. Под името шах мат или checkmate на англиски.

Според прикажаново ќе биде авион за странски пазар, да ја потполни дупката, пошто ф-35 нема конкурент а многу земји сакаат да набават авион со исти карактеристики.

Авионов според Сухои би требало да биде оперативен до 2025та што е екстра амбициозно за од макета да имаш готов производ за 4-5 години.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.960
Поени од реакции
6.441

Неверојатното советско летало конструирано од италијански конструктор-комунист Роберто Бартини (Бартини-Бериев ВВА-14).
Нешто слично на екранопланите но освен употребата на граунд ефект и воздушна перница, ова летало не било ограничено на екстремно мали висини врзани за перницата како екранопланите туку имало можност и за летање на поголеми височини.
Со еден збор ова би било идеално за летало за гаснење пожари.
Доколку оваа технологија се развивала низ деценииве, денес ќе имавме летала кои во еден налет ќе истовареа 200-300.000 литра вода врз пожар.
Меѓународна соработка за држење на една до две ескадрили на регионално ниво "на готовс" кои би интервенирале веднаш при зачеток на голем пожар и би го изгаснале пред да се рашири на големо простанство би било огромна придобивка за човештвото.

Но за жал нема ништо од тоа. Сеуште пожари се гасат со Канадери кои се технологија од WW-2 :facepalm:
Иако секоја година милиони хектари шума исчезнуваат заедно со илјадници животи, нема никаква меѓународна иницијатива за изградба на најповолно летало кое би решило многу проблеми.
Приоритети.
 
па поедноставно е да се направат канадери него нешто вакво. Овие модели на екраноплани биле исклучиво замислени како против бродски оружја. И не знам колку би било рентабилно да имаш вакви машини само за гаснење пожар.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom