Приказната за таканаречената стелт технологија одамна отиде во заборав.............дефинитивно само уште еден трик да се трошат пари на даночните обврзници, а при тоа нив уште и да им е интересно...и возбудливо. Единственото нешто што може да се прикрие е радарскиот одраз, но тоа дефинитивно се постигнува само со летање ептен ниско под линијата на гледање на радарите, што е многу напорно за посадата заради големите G оптоварувања, дури и во услови кога авионот сам лета без потреба од пилотска рака....
Секој авион , како физичко тело...посебно на големи брзини остава разни трагови во граничниот слој меѓу него и атмосферата кој одамна лесно се детектираат. Ако не си забележал американците ги пензионираа сите F-117-ки , а овие другите извикани невидливи се реално далеку од тоа, освен ако не напаѓаат некави зулу земји , каде и евтини леташки би вршеле работа.
Секако дека сум запознат...се решаваат од 117 од неколку причини. скапо одржување, недоволно носивост на бомби само 2, и секако доаѓање на нова генерација на ловци, погоре споменатиот F-22 Раптор, кој ги заменува F-117. Инаку претходно споематиот авион е забранет за продажба на пријателски земји на УСА до 2030 година. Иако некои земји како Велика Британија, Израел и сл имаат покажано истерес за купување, забраната е донесена директно од Конгресот на САД. Сепак има нешто вредно во нив чим не сакаат да ги продаваат..