- Член од
- 27 јули 2011
- Мислења
- 633
- Поени од реакции
- 241
Поимот воена стратегија во современи услови го губи значењето што го имал во античкиот период на војување. Имено во тие услови кралот ја имал улогата на врховен командант, државотворец и сите други главни одлуки за опстанок на државата, без оглед на тоа што ги донесувало Народното собрание, сепак ги одобрувал кралот, односно врховниот командант. Воената стратегија ги интегрира сите воени, политички, економски и дипломатски потенцијали на кралството во институцијата крал, односно врховен командант, со кои тој ги остварува државните цели.
Во големиот неред што настанал по смртта на Александар III Македонски, Македонската Империја која се протегала од Јадранското Море до Индија се распаднала. Следбениците на Александар, наречени Дијадоси во 321 г. п.н.е. ја поделиле Империјата на пет дела. Антипатар завладеал со Македонија и Елада, Лисимах со Тракија, Антигон Едноокиот со Мала Азија, Селеук со Вавилонија и Птолемај со Египет. Династијата на Аргеадите владеела се до 309 г. п.н.е. кога Касандар, синот на Антипатар ги убил Роксана и Александар IV, сопругата и синот на Александар III Македонски. Со тоа убиство насилно е прекината лозата на Аргеадите. По нив доаѓа династијата на Антипатридите која владее до 294 г. п.н.е. а по нив Антагонидите владеат до 168 г. п.н.е. кога последниот македонски крал Персеј е поразен од Римјаните.
Без оглед на тоа што Македонската Империја по смртта на Александар III Македонски се распаднала, етничките Македонци во текот на целата своја историја живееле во кралско уредување - монархија, за разлика од Хелените кои имале полисно уредување. Притоа, за видот на монархијата кај Македонците постојат различни и спротивставени гледишта: дека македонското кралство било од конституционален тип; дека било национално кралство; дека било апсолутна монархија; дека било воена демократија; дека било патријархално кралство и дека било договорно кралство. Меѓу наведениве, доминираат две тврдења во врска со македонската монархија: едната е дека македонското кралство било од конституционален тип, и второто е дека тоа било персонално или автократско кралство. Според првото тврдење, македонското кралство било водено со општоприфатениот збир од традиции, во чии рамки различни групи имале и ги применувале обичајните норми, надгледувани и применувани од кралот. Второто гледање е дека кралството било подредено на автократијата на самиот монарх, кој го правел токму она што го сакал или она што можел да го стори кралот во практика. Од овие две гледања предност му се дава на првото, односно на конституционалистичкото за кое пишува и Ариан во Александровата анабеса, во која вели: „… синот на Филип, кој потекнува од родот на Херакле и на Ајак, чии прадедовци дошле од Аргос во Македонија, не ја водат Македонија како тирани, туку според законот” Со менувањето на династиите се менувало и внатрешното уредување, но тоа секогаш било монархија. Филип V ја продолжил традицијата на Аргеадите, управувајќи со државата во нешто изменета форма приспособена на неговото време, ги задржал институциие на монархијата, па и него на предлог на македонските првенци за крал на Македонија го именувало македонското Собрание.
Филип V е роден 238 г.п.н.е., син на македонскиот крал Деметриј II од династијата Антигониди. Крал на Македонија е од 221 до 179 г.п.н.е. Тој бил мошне енергичен владетел кој ја обновил супериорноста на македонската војска, а Македонија ја воздигнал на ниво на најсилна и најмоќна држава на Балканот во тоа време. Водел успешни војни против Дарданците на север и против Ајатолската лига на југ. Доминантната позиција на Македонија била загрозена од експанзионистичката политика на римската држава. Римјаните склучувале разни договори, правеле заговори и создавале воени сојузи се со цел да ја потиснат доминацијата на Македонија.
Филип V, слично на неговите прославени претходници, Филип II и Александар III Македонски имал развиена воена вештина комбинирана со воената дипломатија и со тоа развивал препознатлива македонска воена стратегија. Пред секоја војна склучувал со посилните мировни спогодби, со рамноправните создавал воени сојузи, а послабите ги освојувал. Војувал против Етолскиот сојуз, а потоа склучил мир, за да се сврти против Дарданците. Во 215 г. п.н.е. склучува воен сојуз со Картагинците за војна против Римјаните. Во првата македонско-римска војна задобил превласт над Хелените и во Долна Илирија. Меѓутоа, со својата деспотска политика овозможил Римјаните во новата војна против Македонците да пронајдат сојузници меѓу Хелените и така да ја добијат втората македонско-римска војна. Подоцна Филип V во сојуз со Римјаните војувал против Етолците и Сирија. Во последната деценија од своето владеење успеал да ја реформира својата војска и да ја засили државата.
За воената стратегија на Филип V најмногу, се чини и најреално, пишувал римскиот историчар Полибиј. Тоа е разбирливо, ако се имаат во предвид трите војни што ги воделе Македонците против Римјаните: првата од 215 до 205, втората од 200 до 196 г. п.н.е. што ги водел Филип V и третата од 171 до 168 г. п.н.е. ја водел Персеј.
Македонската војска за претстојните македонско-римски војни била организирана на препознатливиот македонски начин на воено организирање. Војската се состоела од пешадија, коњица, инжинерија и разни специјалности.Тежиштето го сочинувале пешадијата, односно фалангата и коњаницата.
Воената организација на античките Македонци
Воената организација на античките Македонци била максимално централизирана. Врховен војсководач и заповедник бил кралот. Тој бил носител на сите планови и акции, освен ако сакал да им пренесе на потчинетите некои посебни команди. Кралот бил опкружен со претставници на племството кои се нарекувале негови другари (хетајри). Од нив кралот сам избирал највисоки соработници. Тие биле од македонско потекло, а се одликувале по својата способност, чесност, храброст, а, пред се, морале да му бидат лојални на кралот. Биле организирани во вид на совет со советодавна функција, но во исто време биле и телесна гарда на кралот.
Фалангата како формација кај Македонците постоела уште од порано, меѓутоа Филип V, со одредени иновации, го применувал традиционалниот тип на фаланга. Војниците биле вооружени со копја (сариси) во должина од 5,5 метри. Ваквата зголемена густина на македонската фаланга и овозможувала поголема ударна сила. Македонската фаланга била формирана на три нивоа: бригада (такса), чета (лоха) и вод. Бригадата броела до 1.500 борци и била формирана на територијален принцип. Четата имала 250, а водот 16 фалангисти. Фалангата се постројувала во 16 редови. Фалангистите ги држеле копјата со две раце. На тој начин биле зголемени пробојноста и подвижноста. При судирот со непријателската фронтовска линија македонските долги копја можеле да прободат повеќе противнички редови, па потоа да дојде до физички допир меѓу нив.
Македонската војска била составена од два вида: копнена војска и морнарица - флота. Копнената војска ја сочинувале родови и служби, а во родовите постоеле специјалности. Основни родови биле пешадијата (пезетаири), коњаниците и инженерците. Специјалностите биле формирани во рамките на родовите: во пешадијата поделбата била на тешка, на средна и на лесна пешадија. Коњицата се делела на тешка и на лесна коњица, а инженерците се делеле на специјалци за изработка на разновидни орудија, како што биле торзионите катапулти, каменофрлачките, потоа на градители на мостови, патишта итн. Разликата меѓу тешката и лесната пешадија како и меѓу тешката и лесната коњица била во нивната опрема и оружје, односно во нивната брзина и пробивност. Лесната пешадија имала куси копја, помали штитови и полесен оклоп што ја зголемувал брзината, но ја намалувал пробивноста. Тешката пешадија, односно фалангата, била вооружена со копја (сариси) долги 5,5 метри и со поголеми штитови што го забавувало движењето, но ја зголемувало пробивноста.
Сите слободни Македонци, племството, селаните, како и другарите, имале обврски да одат во војска пешки или на коњ, а кралот одлучувал кога и каде ќе ги повика за вежба или во војна. Коњицата била организирана во ескадрони од по 200 души, а тие се состоеле од чети (ила) чија бројна состојба изнесувала 20 коњаници. Составот на македонската војска по родови и специјалности овозможувал ефикасна примена на основните приципи на воената вештина: брзината, содејството и решителноста, со што се зголемувала пробивноста. Службите, како што била курирската, разузнавачката, логистичката, санитетската и други, само ја дополнувале ефикасноста на македонската војска. Во македонската војска сите делови дејствувале кон истата цел. Таа претставувала органска целина, а сите командни места биле резервирани за македонското племство. Војската ја сочинувале различни македонски племиња и оние што биле ставени под македонската власт. Покрај овие формации, особено била развиена и опсадната техника. Особено бил усовршен катапултот, при што неговите инженери го произвеле таканаречениот торзионен катапулт кој имал многу поголема ударна сила од претходните, со што ја усовршил опсадата и освојувањето на утврдените градови. Меѓу опсадните направи имале и т.н. воз за опсадување на градовите. Македонската војска била постојана и професионална, но, сепак, со силна кохезија. Таа можела да војува во текот на целата година, а не само во летните месеци.
Римски борбени формации
До почетокот на Пунските војни основна борбена формација во римската војска била легијата. По Втората пунска војна (218-201 п.н.е.) Римјаните развиле поефикасен борбен строј, кој се состоел од манипули и кохорти. Во римската војска тешките пешадинци биле прво поделени по години на старост во три групи, поставени во три линии по длабочина: во првата линија биле најмладите борци (хастати), по нив на 60 до 80 метри биле борците од средна старост (принкипи), а зад нив на нешто поголемо растојание биле најстарите борци (триари). Секоја од овие групи се делела на 10 манипули. Манипулите на хастатите и принкипите имале по 120 луѓе (6 врсти и 20 редови), а манипулите на триарите имале по 60 луѓе (3 врсти и 20 редови). Освен меч, хастатите и принкипите имале и копје за фрлање, а триарите за бодење. Манипулите од втората и од третата линија ги покривале меѓупросторите на првата, односно на втората линија. Манипулите, всушност, се почетоците на тактичките единици внатре во легиите. Секоја манипула имала свое знаме околу кое се собирале нејзините борци. Манипулите се состоеле од по две кентурии (чети). Во напад манипулите поаѓале со маршев чекор и во движење го затворале меѓупросторот меѓу манипулите. Првиот удар го нанесувале со фрлање на копјата, а потоа манипулите од првата линија ја започнувале борбата со мечеви. Манипулите на принкипите ги пополнувале празнините создадени кај хастатите. Вовлекувањето меѓу противникот била честа појава кај Римјаните. По реформите на Гај Мариј (крај на II и почеток на I век п.н.е.) легијата станала еднородна формација составена од 10 кохорти. Секоја кохорта имала по три манипули од по 200 борци. Кохортите биле тактички единици со кои можело да се маневрира. Војсководачот можел да ги поставува во еден или повеќе степени по длабочината, да врши маневри во движење во текот на борбата, да ги употребува на фронтот или по крилата.
Првата македонско-римска војна
Македонскиот крал Филип V со цел да го искористи ангажирањето на римската војска во војната против Картагинците, по битката кај Кана, односно во 215 година п.н.е. склучил спогодба со Ханибал. Со тоа бил создаден македонско-картагински сојуз за заедничка борба против Римјаните. Спогодбата предвидувала Картагинците да го нападнат Рим, на Филип V на помош да му ја испратат флотата, а Македонците да започнат војна во Илирија против Рим. На страната на Македонија биле грчките држави Ахаја и Битинија, а на страната на Рим Ајтолскиот сојуз и Пергамското кралство. Во пролетта 214 година п.н.е. Филип V продрел во јужна Илирија и на брегот на Јадранското Море и со помош на Илирите ги освоил градовите Аполонија и Орик кои 226 година п.н.е. паднале под Римската Империја. Истата година, римскиот војсководач Марко Валериј Левин со првата легија од 6.000 луѓе и флота од 55 бродови го преминал Јадранот и ја поразил македонската војска. Во таа битка Филип V загубил околу 3.000 луѓе, сите борбени направи и бил принуден да се повлече во Македонија. Во 212 година п.н.е. Картагинците испратиле една флота помош на Филип V. Натамошните борби меѓу македонската и римската војска се воделе со променливи успеси. Во 206 Ајтолскиот сојуз бил принуден да потпише сепаратен мир со Филип V. Првата македонско-римска војна траела до 205 година п.н.е. Во таа војна Римјаните главно ги постигнале своите цели: војната ја воделе на територијата на Грција, во голем дел ја воделе римските сојузници, Римјаните го спречиле продирањето на Филип V во Италија, а било спречено и зацврстувањето на македонско-картагинскиот сојуз.
Втората македонско-римска војна
Македонскиот крал Филип V и сирискиот крал Антиох III склучиле сојуз со цел да ги поделат вонегипетските територии на Птолемеј. Антиох III навлегол во јужна Сирија, а Филип V ги зазел Птолемаидските поседи на северниот дел од Егејското Море. На тој начин биле загрозени интересите на Римјаните во Средоземјето. Во 200 година п.н.е. Рим го започнал настапувањето кон Исток, а тоа значело агресија врз Македонија. Римскиот сенат испратил ултиматум со кој се бараше од Филип V да се повлече од заземените птолемаидски територии, да ги прекине воените операции против Хелените и прашањата меѓу Пергам, Родос и Филип V да ги реши арбитражен суд. Филип V го отфрлил ултиматумот, а Рим & објавил војна на Македонија.
Во Втората македонско-римска војна на страната на Римјаните биле Пергамското Кралство и Родос, а во текот на војната кон Рим се приклучиле Илирите, Дарданците и Ајтолскиот сојуз, додека Сирија се обврзала на неутралност. Филип V можел да собере 30.000 војници, а во Грција под негова власт биле Тесалија, Магнезија, градовите Коринт, Халкидик, Деметријада и островот Еубоја. Акарнанија му била сојузник на Филип V. Прекинувајќи го римско-македонскиот договор во 200 година п.н.е. римскиот конзул Галба Максимус со две легии од Илирија навлегол во западна Македонија. Во исто време нападот го започнале и римските сојузници, а нивната флота дејствувала кон Халкидик. Во првите две години Римјаните не успеале да го избркаат Филип V од Епир и Тесалија. Меѓутоа, во 189 година п.н.е. конзулот Тит Квинтиј Фламинин го присилил Филип V да се повлече во Тесалија, а сојузничката флота се заканила дека ќе ја нападне Еубоја. Во 197 година п.н.е. римската дипломатија презела мерки за да & нанесе дефинитивен пораз на македонската војска. Поради тоа создала голема антимакедонска коалиција во чиј состав влегле: Рим, Пергам, Родос на кои нешто подоцна им се приклучиле Ајтолците и Ахајскиот сојуз. Покрај тоа, Рим склучил спогодба со Антиох III според која Римјаните не се противеле на Антиоховото освојување на сириските поседи на египетскиот крал, додека Антиох се обврзал дека нема да го помага Филип V во војната против Рим. Со создавањето на антимакедонската коалиција завршиле дипломатските и започнале воено-политичките подготовки во кои Фламинин стекнал голема предност.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 22:04 ---
Битката кај Киноскефале
Киноскефале е област близу до Фарсала во Тесалија, каде што се водела решавачката битка во 197 година п.н.е. Битката започнала кога еден римски извидувачки одред од околу 300 коњаници и 1.000 пешадинци наишол на македонска претстража и бил отфрлен. Потоа римскиот војсководач Фламинин го засилил овој одред со 500 коњаници и 2.000 пешадинци, па во противнапад ја отфрлил македонската претстража и ги запоседнал возвишените места. Филип V вовел нови сили, па повторно ги зазел поранешните позиции и ги отфрлил Римјаните дури до логорот. По тој неуспех за да не ја деморализира римската војска, Фламинин ја извел својата војска од логорот и ја построил за битка. Тој располагал со 24.600 пешадинци (2.600 Грци) и 24.000 коњаници (400 Грци). Филип V се двоумел дали да ја прифати отворената битка на ридест простор со оглед дека тоа не било погодно за движењето на компактната македонска фаланга. Меѓутоа, под притисок на потчинетите кои однапред биле сигурни во успех, Филип V ја извел својата војска од логорот. За оваа битка тој располагал со 23.500 војници и 2.000 коњаници. Дел од тешката пешадија се построил во фаланга на висовите, а од останатите формирал лево крило во растресит строј. Фламинин тргнал во напад со своето лево крило, но Филиповото десно крило го отфрлило овој напад. Тогаш Фламинин се префрлил на десното крило каде што биле и слоновите и тргнал во напад. Левото крило на Македонците кое с# уште не било построено за борба со оглед на тоа дека тешко се формирала фаланга на ридест простор, било поразено од Римјаните. Филип V бил поразен во битката кај Киноскефале и бил принуден да потпише мир под услови кои му ги диктирал Рим. Според тие услови Рим не добивал територии, а Филип V се откажал од сите освоени територии, а како надомест за воената штета на Рим требало да му плати 1.000 таланти, да ја предаде својата флота, освен шест брода, а копнената војска да ја намали на 5.000 луѓе. По таа битка Македонија морала да ја признае слободата на Елада по повеќевековната потчинетост.
--- надополнето: 15 мај 2012 во 22:06 ---
остатокот од текстот го имате на
http://www.mn.mk/aktuelno/2706