Водич низ галаксијата - филмски каталог за тапчовци!

Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Многу недемократска тема. Не можете да пишувате ем немате право на глас. Но се одлучивме да одвоиме (доста) време за да направиме еден обемен каталог од филмови кои треба да ги изгледа секој што има смелост да се нарече филмоман. За поискусните форумџии ништо посебно, за оние кои ќе сватат дека пропуштиле многу добри филмови ќе биде вистинско задоволство.


Пред да почнете да кукате (не оти ни е гајле) да појасниме: листа ко листа, далеку е од совршена. Но се потрудивме да се усогласиме и да бутнеме по 10 филмови (некаде и по 20) во секоја од долунаведените категории:

1. Crime / Drama
2. Thriller / Mystery
3. S.F
4. Post Apocalypse
5. Fantasy / Adventure
6. Horror (постари)
7. Horror (нови)
8. Drama
9. Sport / Drama
10. Romance / Drama
11. Romance / Comedy
12. Comedy
13. War / Antiwar
14. War / WWII
15. History / Epic
16. Action
17. Animation
18. Musicals
19. Westerns
20. Classics
21. World Cinematography

Ќе завршиме кога ќе завршиме...

Crime / Drama
Следуваат 10 филмови кои ги одбравме, и не е тешко да се погоди зошто почнуваме со оваа категорија.

1. The Godfather (1972)


Од каде да започне човек ако не од легендарниот филм на Francis Ford Coppola за сагата на семејството Корлеоне и сицилијанската мафија во Америка. Работено според делото на Mario Puzo, со Marlon Brando, Al Pacino и Robert Duvall во главните улоги (во вториот дел и Robert DeNiro) топло го препорачуваме, не само првиот дел туку комплетната трилогија.

2. Goodfellas (1990)


Добрите момчиња не освоија Оскар за најдобар филм но признанието го доби Joe Pesci за перфектно одиграната улога. The Godfather или Goodfellas е често прашање помеѓу филмаџиите.

3. American History X (1998)


Филмов отиде високо на листава со едногласна одлука, поради енергичната глума на Edward Norton во приказната за еден поранешен Нео-Нацист кој се обидува да го спречи помалиот брат да тргне по неговите стапки. Страшно добра воведна сцена, не ми се веруваше што се случи!

4. Scarface (1983)


Иако често оспоруван филм, не може да зборувате за Крими/Драма а да не се сетите на „Лицето со Лузна“. Al Pacino во улогата на Тони Монтана, многу потемна верзија од онаа на Мајкл Корлеоне. Филм на Brian De Palma.

5. Pulp Fiction (1994)


Доаѓаме до забеганиот ум на Quentin Tarantino и неговите „Евтини Приказни“, филм кој направи вистински бум во 1994 година. И ден денес се наоѓа на врвот на филмските топ листи. John Travolta, Uma Thurman и Samuel L.Jackson во главните улоги.

6. Reservoir Dogs (1992)


Уште еден култен филм на Tarantino, филм за банда криминалци кои треба да извршат грабеж, но работите тргнуваат на лошо и доаѓаат до израз нивните карактери. Harvey Keitel, Tim Roth, Michael Madsen, Chris Penn... се „Бесните Кучиња“ на Тарантино.

7. Once Upon A Time in America (1984)


Вистинска магија на филмското платно се филмовите на Sergio Leone, посебно кога се помогнати од прекрасните мелодии на Маестро Ennio Morricone. Додадете го Robert DeNiro и Америка во времето на Прохибицијата и добивате безвременска гангстерска приказна.

8. Heat (1995)


Ал Пачино и Роберт ДеНиро ги здружија силите на филмското платно и подоцна, но нивната соработка не го достигна нивото од овој филм во кој двајцата се наоѓаат на спротивната страна од законот. Val Kilmer го надополнува триото во оваа напната и возбудлива крими/драма.

9. L.A. Confidential (1997)


Kevin Spacey, Russel Crowe и Guy Pierce играат во оваа детективска приказна сместена во 50-тите години во Лос Анџелес. Еден од најдобрите филмови кои вклучуваат полициска корупција.

10. A Few Good Men (1992)


Еден војник умира во базата Гвантанамо Беј, по што се случува истрага во која генералот Nathan Jessep (Jack Nickholson) ќе седне на жешката клупа во судницата обидувајќи се да му се спротистави на младиот и неискусен адвокат Danniel Kaffee (Tom Cruise). И двајцата даваат фантастична претстава (незаборавниот говор на генералот помеѓу другото) и затоа е овој филм меѓу 10-те кои ги предлагаме.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Thriller/Mystery

1. The Usual Suspects (1995)


1995та година е година на мега хитови. Само да потсетам, два од највлијателните трилери се излезени во иста година. Овој и Se7en. И Мел Гибсон со Braveheart. Ама да не забегам настрана.
Филм што лектира уште во основно. Ако се почне негде со трилерите, многу тешко беше да се издвојат само 10, а уште потешко од каде да се почне па еве од тука. Кевин Спејси во неговата најдобра улога како сакатиот Вербал Кинт. Ова е тип на филм од оние кога некој рандом другар ќе ти го расипе во една реченица. Ко вицот за тој што продавал пуканки пред кино и му велел на некој “купи пуканки” и тој не сакал. И пуфкаров му рекол “епа докторот е убиецот, оди сега гледај го филмот”.
Така да, изгледајте си го што побрзо и ќе бидете на раат, затоа што е спомнат во премногу други серии/филмови. (последно го спомнаа во последната сезона од House M.D.)

2. Primal Fear (1996)


Филм во кој, ако не се лажам, Едвард Нортон го имаше своето деби во актерскиот свет и се прослави со својот неверојатен талент. Ричард Гир не заостанува со своите перформанси, ама и покрај глумата ова е еден од оние филмови за кои имаш милион теории додека ги гледаш и на крај се изненадуваш од тоа колку само не си бил во право. Никако за во друштво, не особено ако во друштвото има некој што го гледал филмот, жива гњаважа ќе е.

3. Silence of the Lambs (1991)


Ентони Хопкинс во улога на Ханибал Лектер е еден од најдобрите негативци воопшто. Заедно со Џоди Фостер и овој филм изобилува со неверојатна актерска екипа. Ама не само тоа, филмот е ремек дело во поглед на напнатоста која е константна и во ниеден момент не го губи темпото. Ова е еден од оние филмови за кои нема да одите на мочање иако можете да го стопирате во секое време. Култен филм за легендарниот човекојадец. Овде почнува трилогијата, продолжува со Hannibal, преодно,па завршува со Red Dragon, филм кој исто така не смеете да го пропуштите ако го обожавате овој.

4. Memento (2000)


Кристофер Нолан е еден од најдобрите режисери на денешницата и Мементо е пример дека само доброто сценарио е поважно од се друго. Ако го земеме интересниот факт дека филмот е снимен за само 25 дена и е 30ти на листата на имдб, говори доволно за какво ремек дело станува збор. Ќе мислите на филмов уште едно добри 4-5 дена откако ќе го изгледате. И ќе се осеќате омалаксани.

5. Fight Club (1999)


Омилениот филм на многу форумџии овде. Направен според книга, а според многумина многу подобар од самата книга. Многу жени го гледале ради Бред Пит и Едвард Нортон, а мажи ради зборот “fight”, ама длабочината и филозофијата што ја носи филмот цело време отвора безброј дискусии и создава дилеми. Must see филм, иако мислам дека барем 90 посто од оние кои го посетуваат подфорумов го имаат гледано.

6.Se7en (1995)


Овој во секоја филмска фаза на еден филмоман одел во пакет заедно со The Usual Suspects. Двајца партнери (по дифолт едниот белец, другиот црнец), многу сложени убиства, безбој осомничени... Детективски трилер во морбидна атмосфера. Да не се повторувам да зборувам за актерската екипа. Ремек дело.

7. The Devil’s Advocate (1997)


Овој филм, за разлика од овие погоре е помалку спомнуван на форум. Ние едногласно се одлучивме да го додадеме овој во топ 10, иако имавме поголем избор ама од едноставна причина што филмот е еден од најпотценетите на сите времиња (не е ни во топ 250 на имдб), заслужува барем да биде во топ 250 кај нас. Тие што го гледале сигурно ќе се сложат, а тие што уште размислуваат или им е во watchlist веќе неколку месеци, нека го спуштат и нека го гледаат одма.

8. The Sixth Sense (1999(

Што и да кажам за овој филм ќе биде спојлер. Важи за него истото како и за сите други во оваа категорија: гледајте пред некој да ве зезне со една реченица. Ако не знаете ништо за филмов, има да ве шокира, па да го премотувате од почеток и да го гледате одново. Има силни емотивни сцени и фантастично одглумено од малиот Haley Joel Osment. Што се однесува до Bruce Willis, тој си е стандард :)

9. The Machinist (2004)


Кристијан Бејл во својата најдобра улога. За оваа улога ослабел толку што продуцентите се уплашиле за неговата здравствена состојба.
Тревор Резник е човек кој не спиел скоро година дена...
Исто така еден од најпотценетите филмови на сите времиња. Гордо, едногласно поставен во најдобрите десет трилери на форум.кајгана.ком/филм и тв J

10. Mulholland Drive (2001)


Кој друг ако не овој филм да го оставиме за самиот крај на листава. Неприфаќан од многу луѓе, обожаван од уште толку, трилер/мистерија која до ден денес не е отклучена. Ако за Мементо сте се умориле и сте мислеле 3 дена, јас за овој филм сум се мислел 3 години. Иако нема да ви изгледа возбудлив на почетокот, нема да ви изгледа како и останатите филмови, запомнете си дека станува збор за режисер кој е понапред едно 300 години од другите и е енигма сигурно и за неговите дома, а не пак за нас обичните филмомани. Да не должам многу, има еден коментар на имдб “love lynch, or hate lynch, admit he's a master:D

п.с. ако се прашувате зошто го нема Donnie Darko, Jacob's Ladder или слично, не се секирајте, не сме ги заборавиле, само сме ги стокмиле во некоја друга категорија. :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
3. Science Fiction

1. Star Wars (1977)

Веројатно првите зборови кои ве асоцираат на Science Fiction жанрот се Star Wars. Трилогијата од крајот на 70-тите години која беше своевиден врв на имагинацијата доби нови три дела на кои им се израдуваа милиони фанови. Вечната битка помеѓу доброто и злото во една галаскија, далеку далеку одовде...

2. Back To The Future (1985)

...e според многумина најдобриот Time Travel филм на сите времиња. Режисерот Robert Zemeckis во обидот да направи перфектен филм отиде до таму што ја отпушти главната ѕвезда Eric Stolz и го започна филмот одново со Michael J.Fox во главната улога. Ризичен, но вистински потег, токму Michael е најзаслужен за успехот на оваа трилогија.

3. Matrix 1 (1999)

Огромното мнозинство S.F. гикови и фрикови ќе ви кажат дека Matrix е фантастичен филм, но само првиот дел, додека трилогијата потфрли. Затоа и го препорачуваме Matrix 1, филмот во кој е сместена приказната, суштината и мистеријата. Што е Матриксот, кои се Нео, Тринити и Морфеус, зошто ги гонат агентите... погледнете во филмот, а потоа започнете ја потрагата по пошироко значење на филмот, кој предизвика бура од воодушевување и сигурно долго време ќе остане во топ 10 филмови од овој жанр.

4. Terminator (1984)

Кога Џејмс Камерон го снимал нискобуџетниот филм за Киборгот дојден од иднината со цел да го убие малиот Џон Конор, на крај памет не му паѓало дека таа приказна ќе стане еден од синонимите за жанрот S.F. Филмот го направи Arnold Schwarzenegger огромна ѕвезда иако човекот едвај зборуваше англиски, а седум години подоцна Камерон се надмина себе си и направи продолжение кое според многумина го надминува првиот дел. Terminator 2: The Judgement Day беше мега-хит! За жал, третиот и посебно четвртиот дел не заслужуваат да се најдат тука како предлози.

5. E.T. - The Extra Terrestrial (1982)

Мега популарниот мал вонземјанин на Спилберг, еден од филмовите кои оставија силен печат во овој жанр. E.T. Филм кој посебно го обожаваа децата и оние кои тоа сакаат да бидат, и филм во кој за прв пат ја видовме Drew Barrymore.

6. Artificial Intellegence: A.I. (2001)

Можеби маната на овој филм е неговата должина, но приказната низ која не води Спилберг, за малото дете-робот кое копнее да стане вистинско дете и да ја добие љубовта на својата мајка, е уште подолга и емоционална. Малиот Haley Joel Osment сме го виделе и во уште подобра улога, но за тоа подоцна.

7. Contact (1997)

Да, има и подобри филмови, но ни се допадна овој: Џоди Фостер во улогата на Dr.Arroway, научник кој открива вонземјански живот и се обидува да стапи во контакт со вонземјаните, обид што за неа ќе заврши изненадувачки. Филм на Robert Zemeckis.

8. Armageddon (1998)

Критиките можеби беа пресртоги кон Armageddon, филмот на Michael Bay со Bruce Willis во главната улога. Група на обични луѓе кои се бават со ископување на нафта се пратени во мисија да разнесат огромен астероид кој се заканува да ја уништи земјата. Го паметиме и по soundtrack-от и темата на Aerosmyth: I don't wannt to miss a thing.

9. 2001: A Space Odyssey (1968)

Филмот на Stanley Kubrick, како и сите негови филмови, не се за сечиј вкус. Дури и дел од жирито има проблем со должината и бавното темпо на овој филм, но факт е дека овој филм е далеку пред неговото време и дека и ден денес има огромен број фанови.

10. The Thing (1982)

Можевме и во хорор, но може и тука. Група научници на Антарктикот се соочуваат со „Нешто“ кое го презема нивниот лик и ги убива. Мало ремек дело за тоа време на John Carpenter. Kurt Russel во главната улога.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
4. Post Apocalypse

1. 12 Monkeys (1995)

Ако некој некогаш се посомневал во квалитетите на Бред Пит тогаш не го гледал филмов. Ова е еден од оние филмови што откако ќе го изгледаш ќе се запрашаш “што гледав досега” и ентузијастички ќе го премоташ назад, ќе пуштиш некои сцени и ќе почниш да читаш по блогери, имдб и рецензии на други сајтови затоа што едноставно не е само да го гледаш за да ти помине времето. Ова не е таков филм. Мора да се сконцентрираш и да се внесиш во него, иначе џабе... Плус, режисер е Тери Гилијам, еден од најдобрите режисери на денешницава. Ако ви се допаднал овој (а тоа е сигурно) тогаш видете му ја филмографијата и ќе наидете на Brazil па може да го изгледате и него.

2. Mad Max (1979)


Една од најпознатите трилогии воопшто. Ако се сеќавате уште пред 10 години на времето ко се мирцаше, едно 10тина души минимум се потпишуваа “Лудиот Макс”. Филмовите, колку што знам се снимани со многу мал буџет. Ретко кое продолжение е подобро од првиот дел, мене лично најмногу ми се свиѓа вториот. Сум ги гледал одамна, сум се навратил на нив пак пред некое време за да се потсетам, и имам едно мото според кое се водам “добар филм греота е да се гледа само еднаш”, така да, земете си еден слободен ден и изгледајте ги сите три маратонски.

3. V for Vendetta (2005(


Еден од најактуелните филмови денес, прилично нов а веќе култен. Базиран според стрип. Авторот на стрипот се оградил од филмов, не знам зошто, не сум го читал стрипот ама дефинитивно еден од најдобрите филмови на сите времиња. Ако доволно навлезите во филмов, во Лептокарија во Инфлуенс имате маски од Вендета за 700 денари. :D И од ко ќе ја ставите може да цитирате “Beneath this mask there is an idea Mr. Creedy, and ideas….” итн итн.

4. Blade Runner (1982)


Мојот најомилен постапокалиптичен филм. Ридли Скот го направил филмов според книга која не ја ни прочитал. Откако авторот на книгата, Филип К. Дик, го изгледал филмот му рекол “алал да ти е како си ја доловил суштината”. Е за таков мастер мајнд станува збор. Харисон Форд и репликантите... да не должам многу, немам како да го опишам филмов затоа што само се доживува. И секој нареден пат одново и одново. Еден од омилените цитати ми е од овај филм.
"I've seen things you people wouldn't believe. Attack ships on the fire off the shoulder of Orion. I watched C-beams glitter in the dark near the Tannhauser gate. All those moments will be lost in time... like tears in rain. Time to die." :D

5. Planet of the Apes (1968)


Ако веќе сте го гледале римејкот на Тим Бартон, а сте го пропуштиле овој, седнете и изгледајте една класика. Можеби требаше овој во таа категорија, ама сепак е еден од најдобрите постапокалиптични филмови според било кои критериуми така да... овде му е местото. Тим Бартон направи солиден римејк... ама само солиден затоа што сепак перформансите на Марк Волберг се толку скромни што дури и ги нема. И ја нема таа атмосфера како оригиналов. За некое време ќе излезе prequel кој ќе се вика Rise of the Planet of the Apes и ќе го има стилот на Аватар. Јас искрено ќе почекам додека да седнам да го гледам затоа што еднаш се прави еден ваков филм и не му се потребни ни римејци, ни продолженија. Некои филмови само треба да се остават на мира и тоа е тоа...

6. Equilibrium (2002)


Матрикс 2 и 3 можат лајна да јадат за филмов. Сериозно. Земи ги Кристијан Бејл и Шон Бин од другата страна во еден филм и ете ти ремек дело. Само да седат на еден кауч и ништо да не прават пак ќе се јаки. Ама овде има работи кои го креваат адреналинот и не ве оставаат рамнодушни. Негде прочитав “најсовршениот несовршен филм”, ама пак ако почните да барате нелогичности и дупки во сценариото тогаш не го гледајте филмов. Ова е must see филм. И уште една работа. Не треба човек да го споредува со Матрикс... првиот Матрикс. Автоматски ќе го мразите или едниот или другиот, ама пак... зошто да не ги обожаваш и двата кога го заслужуваат тоа?

7. Logan’s Run (1976)


Во некоја подалечна иднина се е совршено освен тоа што луѓето живеат до својата 30та година. Пред неколку години на форум еден постар форумџија го спомна филмов. Мислам дека беше Lurtz или Атом-Ант, па седнав и го изгледав. После кога видов дека е од 1976та година, се чудев. Не ради ефектите или акцијата, за разлика од денешниве филмови е смешно да се споредат, туку поради идејата и целата атмосфера во филмов. Мислам дека е дефинитивно еден од најпотценетите, затоа што сепак 6 кома нешто е многу мала оцена за ваков култен филм. Мислам дека не постигнал толкава слава затоа што наредната година се појавил Star Wars. Има еден коментар на имдб – Before Luke, there was Logan. :D
Немојте да се двоумите. Ако досега не ви е гледан, обавезно. Ќе ви биде чуден... ама идејата е прејака.

8. I am Legend (2007)

Можеби многумина овде ќе наидат на несогласување околу тоа филмов да биде во топ 10 постапокалиптични филмови, ама пак од друга страна ќе биде глупаво да не се спомене. Во првата недела откако излезе филмов заработи повеќе дури и од LOTR 3. Не е многу споменуван на форум во последно време ама сигурен сум дека многумина го имаат гледано. Вил Смит е класа глумец без разлика за каков жанр на филм станува збор. Филмот можеби не е совршен, ама пак ја има онаа атмосфера која освежува во ваква декада на глупави филмови. Само да напоменам дека филмот има 2 краја, т.е. две верзии во кои е сменат само крајот. Јас сум ја гледал првата верзија, после мислам излезе уште една, нешто слично како што се случи со 1408 со Џон Кјузак. Гледајте го ако не сте го гледале досега. Многу пари се потрошени на филмов... и мислам дека во поново време за ваквиот скоро изумрен жанр е добро што постојат вакви филмови.

9. Escape from New York (1981)


Култен филм на Карпентер. Со Курт Расел во него. Нема шанси да не сте го гледале. Особено затоа што секоја втора недела го даваа на А1, на времето кога можеа да бидат фер и наместо Хари Потеровци да дадат нешто вакво. Змијата Плискин е впечатлив лик и често споменуван на сосема трети места. После имаше продолжение, Бегство од Л.А. кое не сум стигнал да го гледам. Мислам дека излезе уште некое “Бегство” потоа, не сум сигурен, ама како и да е, за џабе не е во топ 10 овде, затоа што верувајте, цели 3-4 месеци сме работеле на изборот на филмови и мислам дека го направивме најправилниот додавајќи го овој филм овде.

10. Children of Men (2006)


Ваков филм нема да се направи никогаш повеќе. Ако некој мисли дека оригиналните идеи изумреа заедно со минатата декада тогаш нека го гледа филмов и ќе биде изненаден. Некои не се слагаат околу тоа дека филмов е освежување во својот жанр и го оценуваат како пропаднат обид со многу нелогичности, бавен тек на дејствието и што не...
Во 2027 година жените веќе не можат да раѓаат деца и човечката раса така полека почнува да изумира...
Прекрасен филм. Не многу дискутиран на форум, ама кога ќе имаме наредна прилика сигурно ќе го редиме во темата за дискусии. Ако има интерес, а сигурен сум дека ќе има.

:eek:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
5. Fantasy / Adventure

1. The Lord of the Rings 1, 2, 3 (2001, 2002, 2003)

Најдобрата трилогија воопшто. Култна трилогија која ја имаат гледано барем 5/6 од земјинава топка. Само за споредба, парите што ги вложил Камерун за да го направи единствениот засега Аватар се еднакви на парите што ги потрошил Питер Џексон за сите три дела... Кога завршил со снимањето на првиот дел рекол “сега сфаќам зошто никој досега не се нафатил да го снима Господарот на прстените”. Наредната година се очекува Хобитот, исто во режија на Џексон, кој ќе биде во... 2 дела, колку што сум разбрал, така да фановите на трилогијата можат да бидат среќни, пред се затоа што Јан Меккелен ќе глуми во Хобитот.
П.С. Никогаш во животот не му верувајте на човек кој не ги сака LOTR.

2. IndianaJones 1, 2, 3 (1981, 1984, 1989)

Стивен Спилберг заедно со Џорџ Лукас ја создаваат најдобрата трилогија – авантура на сите времиња. Сите 3 дела се лесни и интересни за гледање. Особено за со друштво и маратонски. Не здосадуваат никогаш. Освен 4от дел кој беше... далеку од квалитетот на овие.

3. The Mummy (1999)

Потценет филм. Култен филм. Стивен Сомерс не е којзнае каков режисер ама пак зад себе има оставено неколку добри филмови, меѓу кои и Van Helsing (патем прејак филм). Првиот дел од Мумија беше вистински хит барем кај нас. Нема шанси да не сте го гледале затоа што на Сител/А1 за секоја Нова Година го даваат него и Гладијатор, така да...

4. Groundhog Day (1993)

Како е да живеете еден ист ден долго време....?
Филмов се двоумевме дали овде или во комедии, ама сепак одлучивме овде затоа што во комедии беше жестока конкуренцијата така да, сепак спаѓа во овој жанр. Некои велат дека е оригинална идејата, некои не... ама небитно. Филмот е премногу интересен. Се сеќавам дека на форумов се актуелизира пред околу година дена и тогаш пола форумџии го гледаа. Кој не го изгледал досега, ова е вистински филм за некој подепресивен ден. Ма не е битно. За секој ден. Обавезно на спуштање.

5. The NeverEnding Story (1984)

Десет годишно несреќно дете го наоѓа својот мир во продавница за книги. Еден ден, газдата му подарува “магична” книга која го носи на места кои не сме ги замислиле никогаш. Филмов не е само за деца, за сите возрасти и во кој било момент. Ќе ве расположи, ќе ве направи да сонувате по цели денови.

6. Pirates of the Caribbean (2003)

Овде го ставаме само првиот дел затоа што единствено најреално само тој вреди да се стави. Џони Деп во една од најдобрите улоги како Џек Спероу. Неверојатен саундтрак за кој диџеите во нивните очајни периоди од кариерата направија ремиксови (???) од саундтракот. Филм кој исто така не е тежок за гледање + ќе ве расположи. ++ Кеира Најтли е во него.

7. Field of Dreams (1989)

Се сеќавате на филмов? Малку подзаборавен, а одличен филм. Кевин Костнер во главната улога. Филм со одлична кинематографија и неверојатна глума. Кога ќе отворите имдб немој да мислите дека филмов е еден од оние во кои се игра бејзбол. Филмов не е ни за тоа. Има многу подлабока суштина и вреди да се гледа. Никогаш нема да го заборавите.

8. The Chronicles of Narnia (2005)

Тешко ама моравме. Филмов си има обожаватели, колку и да е без некоја динамика и возбуда, сепак многу суштества оживеаа на големото платно. Вечната борба меѓу доброто и злото. Просечна глума, добра кинематографија.

9. The Wizard of Oz (1925)

И овде се мислевме дали во светска кинематографија или не, ама таму сепак е најжестока конкуренцијата а овде има слободен простор. А филмов е таткото на сите останати фантазии. Само погледнете која година е направен и се ќе ви биде јасно. Има премногу референци во различни филмови и серии, затоа што е култен филм и понапредните филмомани веќе го имаат гледано, ама сепак, основен, најосновен филм ако се почне од негде со овој жанр.

10. Big Fish (2003)

Најголемото ремек дело на Тим Бартон. Рај за очи. Прекрасна кинематографија, визуелно предобар филм. Како да гледаш приказна која не сакаш никогаш да застане... трае само 2 часа. И никогаш не знам кај летаат толку брзо. Како да живееш во тој свет, ти дава надеж филмот, откако ќе го изгледаш се осеќаш некако... весело. На чуден интересен начин.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
6. Horror, part I - (снимени до 1990)

1. The Omen 1, 2 (1976, 1978)


Приказната за Американскиот Амбасадор во Италија кој ќе свати дека неговиот син буквално е Антихристот, е едно од ремек-делата на овој жанр во 70-тите години. Филмот доби Оскар за најдобар музички скор а веројатно академијата немаше смелост да додели Оскар за најдобра оригинална песна за темата Ave Satani. Тешко е да се гласа за таков наслов, но факт е дека таа тема го направи филмот она што е. Римејкот без оригиналниот саундтрак изгледаше смешно. Филмот има четири продолженија, но се издвојуваат првиот и вториот дел, познат како Damien: Omen II.


2. The Exorcist (1973)


Од денешна гледна точка филмот и не е така страшен, но на времето ја шокираше светската јавност со дотогаш невидените сцени во кои режисерот не се плашеше да го предизвика гневот на гледачите. Се работи за едно опседнато девојче чија мајка бара помош од двајца свештеници.


3. Rosemary's Baby (1968)


Филм на Роман Полански за една мајка која има проблеми во бременоста, за по некое време да свати дека има нешто чудно со нејзиното бебе и со луѓето кои ја опкружуваат... Прекрасната музичка тема која нема да ја заборавите лесно и шокантниот крај го исфрлија овој филм како all-time класика.


4. The Shining (1980)


Едно семејство оди на зимски одмор кој се претвора во кошмар бидејќи непознати сили го тераат таткото да се однесува насилно. Џек Николсон е ѕвездата во филмот на Кјубрик, правен по новелата на Stephen King.


5. A Nightmare on Elm Street (1984)


За многумина најстрашниот хорор на сите времиња. Додека од другите страшни хорори обично не можете да заспиете, од овој не смеете. Затоа што во сонот доаѓа Фреди Кругер... Филмот имаше 6 дела кои вреди да се изгледаат, иако подоцна почнаа да се снимаат и нови, но нема поента...


6. The Fog (1980)


Како деца, секогаш се вадевме од памет кога имаше густа магла, а причината е овој мал филм на Џон Карпентер. Во едно мало гратче кое ја прославува 100-годишнината од своето постоење доаѓа магла, која со себе носи духови дојдени по одмазда.



7. Halloween (1978)


Можеме само да претпоставиме како страв кај публиката предизвикал овој слешер за убиецот кој веднаш по бегството од ментална установа започнува да сее терор по улиците. Одличната creepy музика тема дополнително ја подигна тензијата, а ни еден филм од овој тип на хорори не се доближи до Halloween. Jamie Lee Curtis во главната улога, режијата е на чичко John Carpenter.



8. Children of the Corn (1984)


Загубени помеѓу огромните полиња со пченка, еден млад брачен пар наидува на еден град во кој нема возрасни, но затоа пак има една група религиозни деца предводени од младиот свештеник Isaak. Од мрачниот ум на Stephen King, ова не е филм кој изобилува со добри ефекти, но има некои култни сцени и музика од која ќе ви полазат морници. Има многу делови но вреди само првиот.

9. Carrie (1976)


Carrie e повлечено девојче, често малтретирано и омаловажувано од сите. Но Carrie има чудни телекинетички способности и еден ден кога ќе ја исфрлат од контрола, нејзината одмазда ќе биде... страшна. Повторно од новелите на Stephen King, режисер brian De Palma.


10. Black Christmas (1974)


Непознат психопат тероризира куќа на едно сестринство, убивајќи ги девоките кои живеат во неа една по една. Веројатно филм предходник на сите Halloween-type филмови.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
7. Horror part II - (снимени по 1990)


1. Dracula (1992)



Постојат многу филмови за Дракула во жанрот Хорор. Некои од нив не наликуваат на хорор, а некои го срамат ликот и делото на познатиот крвопиец..:) Оваа верзија на Френсис Форд Копола е една од најдобрите верзии на Дракула. Имено, во филмов ќе најдете импресивна листа на имиња почнувајќи од Гери Олдман и Ентони Хопкинс, па завршувајќи со Кијану Ривс и Винона Рајдер. Освен тоа ќе можете да видите како работи стариот мајстор на дело.
Ако некогаш сакате да гледате хорор филм каков што поновоте време не знае да создаде, мора да го погледнете токму овој.

2. Blair Witch Project (1999)



Овој филм постави нови основи во овој жанр. Сосем нетипично дотогаш, снимен е да изгледа како документарец притоа постигнувајќи го ефектот да го убеди гледачот дека гледа нешто базирано на вистинит настан. Нешто што и Паранормал Активити го искористи многу успешно.
Неколку студенти одат во шума за да истражуваат урбана легенда. Меѓутоа исчезнуваат во таа потрага, а по некое време пронајдена е нивната камера на која го снимале својот проект...

3. Interview with the Vampire (1994)


Некој спомна вампири..:)
Во филмот се појавуваат Бред Пит и Том Круз како вампири кои се поврзани на еден мошне бизарен начин. Осудени се да опстојуваат заедно, а воедно да бидат и непријатели. Едниот го создал другиот. Прашањето е дали го спасил или го проколнал со тоа што му подарил вечен живот. Извонредна актерска изведба и прекрасно смислена приказна. Must See!

4. Jeepers Creepers 1 (2001)


Брат и сестра си ја бараат бељата втурнувајќи се во невоља. Враќајќи се накај дома наидуваат на чудна глетка на човек кој фрла нешто што наликува на труп. Љубопитноста ги води во вистинска опасност, соочувајќи ги со опасно суштество.

5. Scream 1, 2 (1996, 1997)


Кога се појави Врисок, веројатно никој не претпоставуваше дека ќе прерасне во култен серијал од рангот на Ноќта на вештерките. Нев Кемпбел се прослави благодарение на нејзината улога во овој филм. Приказната се врти околу еден убиец со маска кој убива тинејџери. Група пријатели обидувајќи се да го разоткрие станува негова мета. Едно е сигурно, нема никогаш да ја заборавите маската на убиецот..:)

6. The Ring (2002)



Филмов е еден од најзборуваните хорор филмови во последната деценија. Инаку исто така е римјек везрија. Настрана што има свои нелогичности во приказната, сепак го нуди она што малку филмови од овој жанр можат да го понудат: Страв. Наоми Вотс е новинарка која истражува серија смртни случаи поврзани со мистериозна лента. Девојчето кое ја глуми малата Самара со сигурност, нема да ви излезе од глава подолго време.

7. Event Horizont (1997)


Еден екипаж е пратен да го пронајде ѕвездениот брод "Event Horizon" кој исчезнал мистериозно пред неколку години. Екипажот ќе открие ужасна вистина која се крие зад исчезнувањето на бродот, и која истовремено ќе ги загрози нивните животи.

8. Final Destination 1 (2000)


Група пријатели за влакно избегнуваат авионска несреќа, благодарение на претчувството на Алекс кое му вели дека авионот ќе експлодира. Меѓутоа, смртта не престанува да ги лови оние кои се спасиле. Еден по еден сите се наоѓаат на работ од смртта. Прашањето е дали може да се избега на судбински предодредените нешта?

9. Exorcist: The Beginning (2004)


Кога ќе се спомене егзорцист, прва асоцијација е класикот од 70 тите кој стана култен филм од овој жанр. Токму затоа, огромен ризик беше да се сними приказна поврзана со него, особено што класикот се смета за еден од врвните хорори. Сепак излезе дека можело нешто добро да излезе и од ваков проект. Занемарете ја оценката на ИМДБ, таа е заслуга на Нечестивиот:D


Приказната се врти околу еден археолог и поранешен свештеник кој доаѓа во Африка да истражи црква закопана во земја. Тој е приморан да се бори со злото, притоа соочувајќи се со своето минато кое го натерало да се откаже од свештенството.

10. Amityville Horror (1979) i (2005)

Било која верзија да ја одберете нема да згрешите. И во двата случаи извонредно е прикажана приказната.Оние кои го потценуваат Рајан Рејнолдс како актер, особно треба да ја гледаа новата верзија на овој хорор. Човекот комплетно се внел во улогата и ја извел маестрално. Инаку приказната на повеќето им е позната и е работена врз база на урбана легенда ( демек вистинит настан според некои) според која животот на едно семејство станува прав пекол откако ќе се всели во својот нов дом. Куќата е опседната со вонземни сили кои не им даваат мир и кои постепено го опседнуваат мажот, втерувајќи му налудничави мисли за убиство на своето семејство.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
8. Drama

1. Forrest Gump (1994)

My name is Forrest, Forrest Gump... Кој може да ја заборави оваа реченица на Том Хенкс во филмот за еден неинтелигентен човек кој случајно се наоѓа во многу историски важни моменти и на многу пати го менува курсот на настаните, без да биде свесен за истото. Приказна за љубовта, за пријателството, за лојалноста, чесноста... Forrest Gump е вистинска лекција и задолжително четиво.

2. The Shawshank redemption (1994)

Во вечната трка со The Godfather, моментално е во водство, иако често пати двата филма се менуваат, и тоа не само на листата на IMDB. Скоро совршен филм за пријателството на двајца затвореници низ повеќе години, со одличните Морган Фримен и Тим Робинс во главните улоги. Со оглед на тоа дека моментално е број 1, не е ни потребно да споменеме дека ова е еден од најдобрите затворски филмови на сите времиња, како и најдобар филм правен според делата на Stephen King, автор со најмнногу филмски адаптации.

3. Mystic River (2003)

Искрено, направивме голем превид со овој филм кој требаше да се најде во делот за Крими, но ете може и тука. Една прекрасно раскажана крими приказна како што само чичко Клинт Иствуд знае да го направи, филм за тројца пријатели и трагедијата од детството која повторно ќе се надвисне над нивните животи, кога еден од нив ќе ја загуби ќерката. Шон Пен и Тим Робинс освоија Оскари за нивната изведба во филмот.

4. One Flew Over The Cuckoo's Nest (1975)

Летот над кукавичкото гнездо, еден од филмовите кој ја исфрли ѕвездата со име Џек Николсон. Филм за група пациенти во ментална институција кои организираат бунт против главната сестра која се однесува диктаторски. Со 5 Оскари и на 8 место на вечната листа, според мене превисоко но сепак филм кој не се заборава.

5. Good Will Hunting (1997)

Бен Афлек можеби не го бива за глума ама просто е неверојатно како со Мет Дајмон им успеа да напишат вакво сценарио, за кое беа заслужено наградени со Оскар. Добриот Вил Хантинг (или „Ловот на добрата воља“ според Милунка Рашиќ :) ) е филм за еден гениј кој работи како чистач и му е потребен психијатар за да тргне по вистинскиот пат. Не пропуштајте.

6. Unfaithful (2002)

Е според многумина длабоко потценет филм и филм во кој Diane Lane беше ограбена за Оскар. Едно неверство кое ќе води во понатамошни компликации и ќе доведе до несакани последици. Филм со Ричард Гир, Дајан Лејн и Оливие Мартинез, убава приказна и одличен саундтрак. Снимени се два краја за филмот, прашајте откако ќе го изгледате :)

7. Magnolia (1999)

Магнолија, филм на П.Т. Андерсон режисер кој на прво место ја става глумата и вложува многу напор за актерите да дадат се од себе па затоа во сите негови филмови главна тема се емоциите. Магнолија е тежок емотивен филм, динамичен, длабок и вистинит. Том Круз и Џулиен Мур ги играат најдобрите улоги во својата кариера. За многумина е ремек дело и еден од најпотценетите филмови воопшто.

8. Rain Man (1988)

Една незаборавна драма која собра оскари за најдобар филм, режисер, актер и оригинално сценарио. Дождливиот човек Дастин Хофман и неговиот себичен брат Том Круз, кого средбата со брат му ќе го промени...

9. An Officer and a Gentleman (1982)

Го „позајмив“ од романтичните драми, затоа што сметам дека филмот е повеќе за израснувањето и оформувањето на личноста, за оној период кога се одлучува што понатаму. Во филмот, Зак Мајо (Ричард Гир), кој растел во секакви бордели и дупки, се пријавува во воена академија, затоа што и нема каде да оди, а таму наидува на еден строг наредник со безмислосна тренинг програма која се заканува да го врати на улица. Еден според мене мнооогу потценет филм, класика.

10. Cast Away (2000)

Том Хенкс како Робинсон Крусо на еден напуштен остров, во надеж дека ќе се врати дома пред да го изгуби разумот. Борба за опстанок!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
9. Sport / Drama

Sport/Drama

1. Rocky (1976)

Најдобрата спортска драма на сите времиња. Силвестер Сталоне во неговата најдобра улога. Неверојатно инспиративен филм. Не се работи само околу спортот, туку околу љубовта, борбата за опстанок во пониските слоеви на општеството и ентузијазмот за постигнување нешто големо. Цела антологија вреди да се погледне, иако останатите делови заостануваат од овој за нијанса, сепак таа нијанса не е многу голема. Пред неколку години повторно се врати на големото платно со Rocky 6 и не разочара, туку направи уште едно ремек дело со инспиративни цитати.

2. Raging Bull (1980)

Тандемот Скорсезе – Де Ниро во 1980та година го носи Raging Bull на врвот на многу листи на спортски драми. Филмот е базиран според вистинска приказна. И не е се околу боксот, т.е. не е од оние типични спортски филмови во кои се знае шаблонската приказна направи сто изгуби и накрај... победи. Еден од најдобрите филмови во таа декада, must see (нека не ви смета тоа што е црно бел... ако некому воопшто му смета тоа, затоа што има такви луѓе...)

3. Goal (2005)

Ретко се прават филмови за фудбал... За Goal може да се каже дека е еден од подобрите. Многу го имаат гледано, кај нас беше особено актуелен кога излезе. Другите продолженија од филмов мислевме дека не се вредни за да влезат во листата затоа што сепак, ова не е серијал во кој продолженијата го надминале оригиналот. Сепак, откако ќе го изгледате овој можете слободно да се префрлите на нив, а и не мора. Интересен, и пред се лесен филм за гледање и релаксирање.

4. Million Dollar Baby (2004)

Дедо Иствуд е исто толку добар режисер колку што беше добар актер. Еден од најдобрите на сите времиња. Да не ја споменуваме неговата богата филмологија, за филмов една интересна работа е што заедно со Rocky се единствените два спортски филма што освоиле Оскар за најдобар филм. Емотивен филм, цврста приказна, добра глума (а што друго да се очекува). Ова е задолжителен филм за оние кои сакаат да видат нешто што не може понатака да се очекува во Холивуд како што тргнале работите... направен оваа декада, филмот е еден од најдобрите филмови за/околу спортот, во случајов бокс.

5. Cinderella Man (2005)

Кој друг ако не Расел Кроу... Во режија на Рон Хауард (кој патем беше режисер на Прекрасен Ум) истиот тандем носи уште една емотивна биографска драма. За време на големата депресија во Америка, Jim Braddock прави крајни напори за да го издржи своето семејство. Кога неговата жена го одвлекува од идејата да се врати повторно во рингот, тој одлучува да се врати, да го направи тоа храбро, пред се поради фамилијата. Инспиративен, емотивен филм кој е задолжителен за секој филмоман.

6. Invictus (2009)

Клинт Иствуд повторно. Ако се двоумите околу филмов, да знаете дека нема промашување кај него. Проверено милијарда пати. Морган Фриман и Мет Дејмон се во главните улоги што е причина плус. Еден од најдобрите филмови во последниве години и еден од посолидните кои биле номинирани за Оскар, затоа што знаеме дека оскарската понуда во последно време не е како што имала обичај да биде порано. И запаметете, it’s all about inspiration. Затоа ваквиот жанр е добар... инспирира.

7. Days of Thunder (1990)

Екипата што работеше на Top Gun се собира повторно за да направи еден сличен филм, во кој и овој пат главна ѕвезда е Том Круз, да не ги заборавиме и Никол Кидман и феноменалниот Роберт Дувал. И да не сакате коли, да не сте големи обожаватели на трки со коли, овој сепак ќе ве размрда малку и нема да ве остави рамнодушен.

8. Enter the Dragon (1973)

Брус Ли е повикан да учевствува на турнир чиј креатор е многу опасен човек. Култен филм, класика, изгледан стопати кај понапредните филмомани, инспиративен, дава адреналин. Порано луѓе откако ќе излезеле од кино сали се тепале од сликата што ја создава овој филм така да...

9. Karate Kid (1984)

Исто многу инспиративен филм. Мислам дека пред брзо време направија римејк на филмов... Станува збор за дете кое е малтретирано од останатите. Неговиот комшија, мастер во боречки вештини му помага да ги совлада техниките на каратето... Има и продолженија, погледнете ги и нив, но сепак овој задолжително.

10. Hoosiers (1986)

Good old Gene Hackman. Како и многу спортски филмови, така и овој базиран според вистинска приказна за човек кој има интересно минато а сега сепак е најголемиот пијаница во градот на кого му е дадена шанса да води училишен кошаркарски тим. Инспиративен филм исто така, кој не од овие 10... ама мора да се напомене. Одлична глума, интересна приказна, малку подзаборавен филм ставен во сенка на останатите ама вреден за гледање.

:cautious:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
10. Romance Drama

1. Love Story (1970)


Дефинитивно класика во овој жанр. Каков било опис да му се даде на филмов, може да се се сврсти во само една реченица. Boy meets girl, girl meets boy. Сепак не е лесно филмче и не се заборава за пет минути. Оваа љубовна приказна ќе ја запомните.

2. The Notebook (2004)


Кога станува збор за романтични филмови мора да се признае дека овој филм за поновата генерација е исто што и Love Story за постарите генерации. Филм направен според делото на Николас Спаркс во кој главните улоги ги имаат Рајан Гослинг и Рејчел МекАдамс, двајца актери кои после филмов направија извонредни кариери. Приказната се врти околу љубовната приказна на двајца млади чија врска е забранета заради социјални разлики. Ако не сте го гледале би требало да го гледате, без разлика што некои сметаат дека е врвот на патетикометарот. Всушност сите љубовни филмови помалку или повеќе се патетични, но тоа не значи дека се лоши.

3. Legends Of The Fall (1994)


Прво мора да се спомене дека филмов има одличен кастинг сочинет од Бред Пит, Ентони Хопкинс и Џулија Ормонд. И мора да се напомене дека овде патетикометарот не пука, бидејќи гледајќи го овој филм многумина нема ни да бидат свесни дека гледаат класичен љубовен филм бидејќи во него е содржано многу повеќе. Судирот и љубовта во едно семејство, за кој најголем причинител ќе биде една жена е главната приказна, а сепак самите карактери кои го носат филмот на грб се приказна сама за себе која неминовно ќе ве воодушеви.

4. Pretty Woman (1990)



Тешко дека некој не го гледал филмов. На ТВ го имаа свртено едно мал милион пати. Поради овој филм Џулија Робертс го доби прекарот Убава Жена, а Ричард Гир се потврди како срцекршач. Хемијата помеѓу нив двајца во филмов е нешто што ретко се гледа. Приказна за еден богат човек кој бара ескорт дама ( т.е проститутка) за подоцна да се заљуби во истата.

5. Titanic (1997)


Еве еден филм кој има многу хејтери. Буквално има луѓе кои го мразат од дно на душа. Шансите да го поднесувате се 50 - 50, но тоа ќе го утврдите само откако ќе го изгледате. Џејмс Камерун преку Титаник, пред едно 15 тина година донесе во индустријата нешто револуционерно, ефекти достојни за почит и брод изграден само за да се сними филмот. И вредеше за сите пари. Ги наполни кино салите и растури на Оскарите. После него, Леонардо Ди Каприо се вивна во ѕвездите, а Селин Дион се утепа од собирање пари на саундтракот кој растури на топ листите. Приказна за бродот Титаник раскажана преку една љубовна приказна, која започнува на бродот.

6. When A Man Loves A Woman (1994)


Енди Гарсија и Мег Рајан = прекрасен филм. Без патетики, лигави реченици или нешто слично. Може да се рече дека има доста голема суровост во филмов. Приказна за еден брак кој се соочува со огромна криза откако жената станува алкохоличар, а со тоа не само што влијае на самиот брак туку и на своето дете кое мора да го преживува тој хорор.

7. Shakespeare in Love (1998)


Верувале или не Гвинет Палтроу доби Оскар за улогава. Најпознат момент во доделувањето на Оскарите таа година беше расплаканата Гвинет која не можеше да престане да липа на сцена. Многумина сметаат дека таа се посрамоти со таквото однесување и дека не е чудна нејзината реакција со оглед на фактот дека нејзината глума никогаш нити била нити ќе биде достојна за Оскар. Ама сепак бидна и тоа. Гвинет глуми жена која очајно сака да биде актерка, но мора да се преправа во маж за да ја добие улогата. Притоа се развива љубовната приказна помеѓу неа и Вилијам Шекспир кој очајно се обидува да создаде дело кое ќе и се допадне на публиката.

8. Ghost (1990)


Деми Мур и Патрик Свејзи вајаат глина = една од најеротичните филмски сцени. Приказна за еден пар кој бескрајно се сака, за да биде разделен од смртта. Меѓутоа онаа реченица додека смртта не не раздели не функционира така бесспрекорно овде, бидејќи ликот кој го толкува Свејзи нема така лесно да премине на оној свет. Наместо тоа, неговиот дух ќе ја чува неговата девојка од опасноста преку една жена која комуницира со духови ( Вупи Голдберг).

9. Sweet November (2001)


Прекрасна трогателна приказна со Шарлиз Терон и Кијану Ривс. Толку добро им стои улогата на пар што човек ќе си помисли дека навистина се заедно. Сара е ексцентрична девојка која го живее својот живот вадејќи максимум од него. За разлика од неа Нелсон е стегнат човек кој не знае да се опушти, а однесувањето на Сара ќе му дојде како шок. Иако врската ќе им оди глатко некое време, ужасната тајна што ја крие Сара ќе је урне идилата.

10. Meet Joe Black (1998)


Повторно Ентони Хопкинс и Бред Пит како филмски пар, кој очигледно докажано функционира на сцена. Извонредно се надополнуваат еден со друг на екранот. Бред Пит се јавува во ликот на смртта која го прогонува бизнисменот Бил Периш ( Хопкинс). Смртта или како што се нарекува во филмов, Џо Блек, има намера да види како живеат луѓето на земјата и бара од Бил да му биде водилка низ тој пат. За возврат тој добива повеќе време живот. Меѓутоа, работите добиваат неочекуван тек кога Џо ќе се вљуби во ќерката на Бил.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
12. Comedy

Ова е дефинитивно најтешката категорија. Вкусовите варираат многу, она што за еден е урнебесна комедија, за друг е многу досаден филм. Воопшто не се надеваме дека ќе направиме прифатена листа, туку само се обидовме да искомбинираме некои важни филмови со некои сосема обични комедии. Еве што испадна:

1. Monty Python and the Holly Grail & Life of Brian

Започнуваме од легендарната дружина Монти Пајтон, и бидејќи е невозможно да се одбере, нека стојат и двата филмови како предлог. Во првиот дружината е во потрага по Светиот Грал, при што наидува на најчудни пречки по патот. Многу незаборавни сцени, како онаа со вештерката. Вториот е сатира на филмовите со теми од библијата, како и на меѓурелигиската нетолеранција. Се работи за Брајан, кој ќе се роди во ист ден со Исус, во соседната пештера, по што сите ќе веруваат дека тој е избраниот Месија (нема да може да ги убеди човекот
)
Легендарни филмови. Ќе ги обожавате, или ќе го изгасите филмот за 15-20 минути.

2. Airplane

Мајка на сите disaster movies, во главна улога „оној со белата коса“. „Има ли пилот во авионот?“ и ден денес, после 30 години, е урнебесна комедија. И вториот дел не е лош. Само за информација, ова е еден од најомилените филмови на Вуди Ален.

3. Dumb and Dumber

Се кладам дека и ден денес кога ќе го спомнат Џим Кери, првиот лик (а имаше многу јаки ликови) што ви паѓа напамет е оној на Лојд од „Глуп и Поглуп“. Авантурите на двајцата неверојатно глупави другари, задолжително да се погледне. Ако има некој што не го гледал...

4. See no Evil, Hear no Evil

За малку ќе го заборавевме овој легендарен филм. Дејв е глув, Воли е слеп. Сведоци се на убиство и ќе мора да бегаат од многу опасни луѓе. Richard Pryor и Gene Wilder се неверојатен тандем.

5. Hot Shots!

Во едно е и disaster movie и пародија на Топ Ган, со Чарли Шин во незаборавната улога на Топер Харли, психички нестабилен пилот. И вториот дел не е за фрлање.
P.S. Гол пиштол намерно ќе го скокнеме затоа што ќе почне ова да личи на листа од disaster пародии.

6. Police Academy

Неверојатно популарен филм во тоа време: Полициската Академија прима нови членови... кој од кој понеспособни. ОК, и по некој паметен кој не сака да биде таму, но им задава проблеми на претпоставените. Ова е филм кој се учеше и знаеше на памет. Има седум дела, но како оди нагоре, квалитетот драстично опаѓа.

7. Me, Myself and Irene

Џим Кери во улогата на фин полицаец со повеќекратна личност во „Јас, лично јас и Ирена“ одглуми за 10-ка. А приказната вришти од неверојатни моменти: жена му го напушта за џуџе, џуџето да ти има висок IQ, жена му и џуџето прават 3 деца кои се огромни и црни, Џим не може да свати дека не се негови...
Општо лудило. Одличен филм.

8. American Pie 1, 2, 3

Некој не може да ги смисли, но факт е дека беше многу популарен филм и има многу фанови. Вреди да се погледнат првите три дела додека е старото друштво: Џим, Крис, Мишел и Стифлер...понатаму имаше беден обид за уште три дела но тие се далеку. Ако сакате практични шеги, Американска пита ќе ви се допадне.

9. Dirty, Rotten Scoundrels

Стив Мартин и Мајкл Кејн како „Валканите, расипани измамници“ за кои едно гратче е премало место, па се договараат да измамат една жена. Победникот останува, поразениот да го напушти градот. Врвна претстава од двајца големи актери.

10. The 'burbs

Во едно мирно соседство се доселува чудна фамилија, додека тројца соседи се обидуваат да откријат што точно се случува...

То је то. Спешл трибјут за Чарли Чаплин, „Онлио и Станлио“
:) , Џери Луис, Еди Марфи, Робин Вилијамс...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
13. War / Antiwar

1. Apocalypse Now

Ако од негде мора да се почне тогаш најдобро е прво да се спомене ова ремек дело на Френсис Форд Копола. Култен воен филм со одлична актерска постава, глумците се кој од кој... Интересно е тоа што должината на филмот воопшто не се чувствува. Филм кој изобилува со цитати и од аспект на режија е феноменален. Сигурно многу филмомани веќе го гледале неколку пати... ама кој не, нека не се двоуми, ова е вистинскиот избор.

2. We were soldiers

Еден од најдобрите филмови на декадата. Еден од најдобрите воени филмови излезени во поново време. Мел Гибсон и во овој филм не ги крие своите квалитети и даде се од себе. Се познава.. напнат филм, филм кој реално го прикажува апсурдот на војната. Се гледа во добра атмосфера... може и во друштво.

3. Full Metal Jacket

Нема зборови со кои може да се опише ова ремек дело. Кога станува збор за Кјубрик се знае за какво ремек дело може да се работи. Ова е филм кој тешко се опишува, необичен е за тој жанр филмови, војната е прикажана на многу посилен и поинаков начин... Само се доживува, тешко да може да се опише така да.. не се двоумите ако го немате гледано овој филм.

4. Platoon

Како и останатите од овој жанр, така и ова ремек дело на Оливер Стоун е неверојатно доживување. Со исто толку добра богата актерска постава, Platoon е на самиот врв со останатите ремек дела спомнати погоре. Не се споменува толку често како Apocalypse Now или Full Metal Jacket ама ова е филм кој по никоја случајност не смее да се пропушти.

5. The Killing Fields

Ретко актуелен филм, преретко на форумов. The Killing Fields многумина го ставаат на исто ниво со Saving Private Ryan и Flags of our Fathers. Ова е еден од оние antiwar филмови во кои приказната не е раскажана од аспект на војникот, туку, од аспект на сосема трета личност која по некоја несреќа се нашла заробена во хоророт на војната.

6. Black Hawk Down

Еден од најдобрите филмови на минатата декада. Black Hawk Down е добро познат филм. Многу пати сме имале прилика да го гледаме по македонските телевизии и понекогаш сме имале прилика да го дискутираме овде на форум. Филмот е динамичен и инспиративен. Ако уште се двоумите дали да го гледате филмов а ви седел во компјутерот долго време, само погледнете кој стои зад него, еден од најдобрите режисери на сите времиња, Ридли Скот.

7. Tears of the Sun

Филм во кој главната улога ја толкува Брус Вилис и тоа е доволно за да седне човек и да го изгледа филмот. Моника Белучи е повеќе од доволна причина за да се изгледа филмов. А кога станува збор за добра воена драма од режисер кој има некоклу добри филмови зад себе, тогаш тоа е поинтригантно. Не е во класата на Апокалипса или Ние бевме војници, ама е вреден за гледање. Филм кој е малку потценет , ама сепак и покрај вообичаените клишеа, носи добра порака.

8. The Deer Hunter

Што и да би пишеле за филмов би било излишно додека не се изгледа. Не би го опишале во една, две реченици. Вакво ремек дело може само да се доживее. The Deer Hunter е безвременски филм. Многумина досега го гледале... а оние што дозволиле да го остават за понатака, нека не ја прават таа грешка. Ретко се раѓаат вакви филмови и во првата прилика, одвојте маклу повеќе време и изгледајте го. Must see.

9. Born on the 4th of July

Уште еден одличен филм на Оливер Стоун. Том Круз го глуми ликот на Рон Кович, човек кој се чувствува предаден од сопствената земја за која се бори. Ова е еден од оние antiwar филмови во кои пред се се ставени правата на човекот и на најсилен можен начин се претставува приказната од страна на тие кои го почувствувале теророт на своја кожа и кои се свесни што се претставува војната.

10. No Man’s Land

Ничија Земја. Многумина го имаат гледано. Култен филм од нашите простори. Еден од најдобрите балкански филмови воопшто. Мешавина од хумор и трагедија, атмосферата во филмот е прилично напната и вознемирувачка. Филм кој не е препорачлив да се гледа во друштво. Уметноста на ваквите филмови е во тоа што атмосферата се доживува многу тешко, се соџвакува повеќе пати и е далеку од холивудско клише. Иако мислам дека многу луѓе имале прилика да го гледаат, сепак во оваа топ 10 листа вреди да се спомене и тоа како.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
14. War / WWII
Одиме малку на тема Втора светска војна:

1. Schindler's List

Филм на Стивен Спилберг кој освои 7 Оскари и остави траен белег во светската кинематографија. Во 1993 Спилберг се реши да сними филм во главно во црно бела техника за да го долови чувството на старите филмови за Втората светска војна. Биографската приказна за Оскар Шиндлер, Германец кој им помага на работниците - евреи во времето нивниот прогон, со сигурност е еден од најдобрите воени драми. Liam Neeson, Ralph Fiennes и Ben Kingsley во главните улоги.

2. Enemy at the Gates

Битката за Сталинград и вистинската приказна за двобојот на двајцата снајперисти е вистинско уживање за љубителите на WWII филмови со многу борба. Jude Law, Ed Harris, Rachel Weisz и Joseph Fiennes се во главните улоги

3. Saving Private Ryan


Група војници одат зад непријателските линии во мисија да го најдат војникот Рајан. Филм на Стивен Спилберг со одлични визуелни ефекти, освои 5 Оскари и се наоѓа високо на ранг-листите.

4. The Dirty Dozen

Одиме малку на стари филмови, Lee Marvin и неговите „Валкани дванаесетмина“, во филмот во кој еден Мајор ќе се обиде да истренира група од 12 воени затвореници и да ги поведе во самоубиствена мисија. Класика.

5. The Pianist

Доаѓаме до филмот кој го направи Adrien Brody славен. Оскар за него како и за режисерот Роман Полански. Филм за еден евреин музичар, кој се обидува да преживее во Варшавското гето.

6. The Longest Day

Денот Д од гледна точка и на сојузниците и на Германците е вистинска воена авантура која не смеете да ја пропуштите. Трае цели три часа што интересно, обично е недостаток но не и во случајов. Се зборува на Англиски, Германски и Француски така да задолжително ќе ви требаат преводи.

7. Inglorious Basterds

Кој би рекол дека Quentin Tarantino ќе сними WWII филм, но човекот собра група славни актери и ги сними „Неславните копилиња“. Иако Brad Pitt е најголемата ѕвезда во филмот, Christof Waltz беше вистинско откритие и заслужено освои Оскар за Најдобар актер во споредна улога.

8. Where Eagles Dare


Кај нас своевремено познат како „Во Орловото гнездо“, филм за група војници во мисија да освојат еден Германски замок во кој се чува Американски затвореник. Richard Burton и Clint Eastwood во главните улоги.

9. The Great Escape

Еден исклучително добар и забавен филм со тогаш славниот Steve McQueen во главната улога. „Големото бегство“ е еден од најдобрите филмови на тема бегство од затвор воопшто. Базиран е на вистински настан, ќе ви се допаднат ликовитеи и начинот на кој сето тоа е направено.

10. Letters From Iwo Jima & Flags of Our Fathers


Во 2006 чичко Клинт Иствуд направи нешто што колку ни е познато, е оригинално: сними два филма за истиот настан (Битката кај Iwo Juma) од две различни перспективи: Американската и Јапонската. И овој интересен обид сам по себе е доволен да ги ставиме двата филма во пакет како предлог за гледање, бидејќи еден без друг не одат. Цело е кога има се. Уживајте!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
15. History / Epic

1. Braveheart

Храбро срце е филм кој е задолжителен за сите филмаџии без разлика на тоа каков вкус за филмови имаат. Дело е на Мел Гибсон, кој испробувајќи се како режисер и притоа играјќи ја и главната улога во филмот се закити со Оскар за режија. Постојат дилеми околу вистинитоста на приказната, според која е снимен филмот. Според едни шкотскиот бунтовник Вилијам Валас бил обичен селанец и не би требало да му се даде толкава значење, според други храбриот Валас, заслужил да добие вака добар филм. Храбро Срце нема да ве остави рамнодушни. Зборот FREEDOOOMMM ќе ви одѕвонува по гледањето.

2. Gladiator

Ова е филм кој полека станува класик од рангот на Бен Хур. Тоа значи дека оригиналот направен од страна на Ридли Скот не смее да доживее римејк од Холивдуските шарлатани во никој случај. Ваков каков што е филмот е извонредно направен и не треба да се чепка. И покрај доста големите проблеми при снимањето, Ридли сепак успеа со својата упорност да го дотурка до крајот овој проект кој му донесе номинација за Оскар за режија, а на Расел Кроу му го донесе Оскарот за главна машка улога. Освен него, мора да му се оддаде огромна заслуга и на Жоакин Феникс за одиграното во овој филм. Филмското платно ретко памети така добра изведба на филмски негативец.

Римскиот генерал Максимус е обожуван од кралот кој пак има проблематичен син по име Комодус, кој сака да го наследи кралството. За негова несреќа Максимус без да има било каква намера стои на патот до неговиот сон и затоа ќе посегне по животите на семејството на генералот, а тој ќе заврши како гладијатор. После извесен период Максимус добива шанса да се одмазди за неправдата која му е нанесена.

3. Troy

Сите оние кои се сомневаа дека Холивуд може да продуцира добар епски историски спектакл, особено заради фактот што Гладијатор веќе ги освои срцата на гледачите три години претходно, а истата таа година се случи дебаклот на Оливер Стоун со филмот за Александар, наидоа на прекрасно склопен филм од страна на Волфганг Петересен и ѕвездена екипа во која се наоѓаат имињата на Бред Пит, Орландо Блум, Даен Кругер и Ерик Бана.

Филмот ја обработува приказната за познатиот Хомеров Еп во која прекрасната Елена Тројанска е причина за судирот помеѓу Грците и жителите на Троја. Ова е доволен вовед за да знаете за што станува збор, а истовремено не ви скратува од два и пол часовното уживање во филмот.

4. Kingdom Of Heaven

Филмов е доказ дека првава деценија од 21 век, донесе доста добри епски историски филмови. Орландо Блум кој година дена порано го одигра младиот Парис во Троја, овде глуми млад човек по име Балијан, син на крстоносец. Неговиот пат ќе го доведе во Ерусалим каде ќе се најде во средиштето на едно кревко примирје кое на некои нема да им одговара. Па така Балијан, ќе мора да го брани градот притоа давајќи акцент на мултикултурноста на местото во кое живее.

Инаку и овој филм е полн со навистина големи актерски имиња како Едвард Нортон кој го игра лепрозниот крал. Ова е веројатно неговата последна добра улога. Покрај него се појавуваат и Лиам Нисон и Џереми Ајронс.

5. The Patriot

Уште еден филм во овој жанр во кој Мел Гибсон ја игра главната машка улога. Филмов е доста почитуван и тоа мошне заслужено, не само заради прекрасната приказна и режија туку и заради силната изведба на Гибсон кој во филмот го игра мирниот фармер Бенџамин Мартин. Бенџамин не верува во насилство и не му се допаѓаат приказните кои ја поддржуваат војната и конфликтот, токму затоа што еднаш во својот живот бил дел од една таква. Меѓутоа неговиот став ќе се смени и тој ќе биде приморан да реагира и да се одмазди, откако неговиот син ќе биде убиен.

6. The Last Of The Mohicans

Кој не стигнал да го гледа филмов (макар што е постар и доста често даван по нашиве телевизии), задолжително нека го симне за да се увери зошто Даниел Дел Луис е проклето добар актер. Приказната е поставена среде колонијална Америка во која Французите и Британците водат своја битка, користејќи помош од локалното население. Помеѓу нив е и еден млад човек кој бил израснат од Мохиканците. Тој започнува романса со ќерката на еден од Британските офицери и се става среде конфликтот кој вклучува многумина.

7. The Last Samurai

Овој филм е доказ дека Том Круз не е дел од просечната Холивудска актерска екипа. Човекот, без ралика што и да одиграл, почнувајќи од Џери Мегваер до ветеранот Нејтан во овој филм, секогаш го давал својот максимум. Овде тој ја игра улогата на поранешен капетан кој ќе биде пратен од Американската страна да ја обучи Јапонската војска. Иако ќе замине само да заработи нешто, тој самиот ќе се најде во средина на конфликтот кој се одвива помеѓу Јапонците и група отпадници Самураи кои остануваат верни на традицијата и династијата. Капетанот Нејтан ќе има можност да ги види двете страни на паричката и диркетно ќе учествува како припадник на една од тие страни.

8. Amistad

Едно мало ремек дело на Стивен Спилберг со завидна ѕвездена екипа составена од Ентони Хопкинс, Морган Фримен и Метју Меконахи. Обработува приказна која со сигурност ќе го трогне гледачот. Амиштад е името на брод преку кој се пренесуваат робови од Куба кон САД. Меѓутоа, ужасните услови на бродот ќе ги испровоцираат робовите под водство на еден од нив да поведат бунт во кој ќе ја убијат посадата на бродот. Надевајќи се дека ќе наидат на помош кога ќе стигнат на Американскиот брег, тие всушност се затворени заради бунтот и убиството на екипажот. Не зборуваат англиски и не можат да се одбранат во процесот, се до оној момент кога еден адвокат не реши да им пристапи за помош.

9. The Passion Of The Christ

Тематиката која се обработува во филмот е многу добро позната на сите. Она што го прави филмов нетипичен и поразличен од останатите филмови за Исус Христос е фактот што е снимен на Арамејски т.е на јазикот на кој луѓето зборувале тогаш, факт заради кој Академијата на Оскарите го третираше филмот во режија на Мел Гибсон како филм со странско потекло.

Филмот ги третира последните 12 часа пред распнувањето на Исус Христос кој го игра Џејмс Кавизел, инаку познат како еден од најконзервативните актери во Холивуд. Интересно е што неговата возраст за време на снимањето била идентична со онаа на која Исус бил распнат ( 33 години), а истовремено и делат исти иницијали ( J. C). Патем за време на снимањето на филмот, додека снимале една од сцените на крстот Кавизел бил погоден од гром.
Филмот изобилува со експлицитен приказ на насилство, заради што и беше зголемена возраста на гледачите. Некои од сцените се толку сурови и реално прикажани, што се причина за неколку срцеви удари и една смрт на свештеник кој го гледал филмот во кино.

10. Agora

Малку нетипично за ваков вид филмови, како носител на приказната се наоѓа жена, што беше големо освежување во овој жанр. Рејчел Вајс игра професорка по философија која предава во Александрија и која е мошне посветена на науката. Еден од нејзините ученици е заљубен во неа, исто како и нејзиниот роб. Таа ќе се најде во расколот кој тогаш ќе завладее помеѓу науката и религијата, а кој директно ќе го загрози нејзиниот живот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom