Ова сигурно важи за Молови, Кафичи, Дуќани итн? Не верувам дека ќе го укинат сертификатот за влез во земјата.
На ТВ кажа дека целосно ќе се укинат СИТЕ рестриктивни мерки. Дека вирусот нема да исчезне, дека е ослабен и дека ќе се третира како што се третира и грипот. За разлика од Делта мутацијата што ги оптоварувала болниците, не е случај со Омикрон и поради тоа, повеќе нема потреба од било какви понатамошни рестрикции.
Не ги спомна границите, но кажа општо дека Република Грција од средина до крај на март ќе ги укине целосно сите рестрикции.
Инаку кога сме кај тоа, премногу е строго во Грција... секој на врата има поставено обезбедување... и секој ебан бар код го скенираат и бараат пасоши да се покажат за да не биде лажен сертификатот.
Бидејќи сум со Синофарм и голем проблем е тоа, морам да објаснувам дека не е ЕУ вакцина бидејќи нормално им јавува забрана за влез на нивната апликација. Во MANGO имавме само проблеми, не не пуштија поради тоа што не било ЕУ вакцина. Се налутивме и им рековме дека ова е крајно дискриминирачки и ги откачивме.
Друго се беше океј и немавме никакви проблеми со сертификатот.
P.S. MANGO, кур да пушите.
Знам дека е строго, секаде се скенира. Мораат да контролираат зошто казна им е од 10.000-30.000€ во зависност од големината и типот на локалот.
Во Грција се признати сите вакцини, без исклучок. Јас сум со прва и втора Астра, трета Фајзер апликацијата нормално ме чита.
Ова не сум го слушнал од никого, дека има проблем со нон-ЕУ признати вакцини. Ај ако сакаш пушти ми го во порака кодот со Синофарм, баш да те скенирам со CovidFreeGR од грчка ИП адреса.