Власта се меша во медиумскиот бизнис

Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Власта се меша во медиумскиот бизнис

Власта со новиот закон за авторски права ќе изврши сериозен упад во работата на приватните медиуми, обвинуваат претставници на радиодифузерите. Со мерките што ги предвидува министерката за култура, приватните медиуми ќе треба на здруженијата на авторите, продуцентите и изведувачите да им плаќа цели 12 проценти од бруто приходот.

Тоа негативно ќе влијае врз финансиската состојба на најголемиот дел од медиумите. Сметаат дека на овој начин владата создава државно-спонзорирани здруженија кои ќе ги направи нови сопственици на медиумите.
Радиодифузерите велат дека никој не е против плаќањето на авторски права, но надоместокот да биде правичен, врз основа на остварена добивка и со јасна назнака кому ќе му бидат платени парите, зошто се сомневаат дека парите не завршуваат во вистинските раце.
Медиумите стравуваат и од фактот дека според предлогот на министерката Канчевска –Милевска, МВР ќе го врши инспекцискиот надзор, без да се прецизира кој полициски орган ќе биде одговорен за контрола на авторските права. Посочуваат дека предложениот закон содржи и небулози како што е плаќањето авторски права за фотокопир-хартија.
Обвинувајќи ја владата за фингирана транспарентност во носењето закони, претставниците на приватните медиуми соопштија дека жестоко ќе се му спротистават на донесувањето на законот за авторски права и ќе ги мобилизираат сите засегнати актери на кои новата регулатива ќе им предизвика негативни импликации во работењето.

http://www.time.mk/story_dfb927393b_article_066b4a23e6.html
 
R

RAYTHEON23

Гостин
еееее ова е претерано...данок на добивка е 10% нели кога е рамна тревата топката полесно се врти:salut::salut::salut:
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
еееее ова е претерано...данок на добивка е 10% нели кога е рамна тревата топката полесно се врти:salut::salut::salut:
е 10% од добивката во овој случај се бара 12% од вкупниот бруто приход што е далеку од здравиот разум.
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
е 10% од добивката во овој случај се бара 12% од вкупниот бруто приход што е далеку од здравиот разум.
Груевски многу добро знае дека без наклонетоста на медиумите (која од ден на ден се повеќе ја губи) неговото владеење ќе се скрати за пола, па затоа овој закон ќе му служи како начин за поткусурување и пазарење со медиумската фела.....за на крај нормално, владата да "попушти" во интерес на радиодифузерите.
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583

А да беше БЦ премиер дали ќе го напишаше истото?
Ако решила владата што може Груевски,не знам што толку го издигавте вие комунистите,се гледа дека ви е ноќен кошмар :nesvest:.
Треба да се одговори на прашањето кај ќе одат парите а не се да пишуваме за двајцата токмаци Груевски и Црвенковски...
Можеш да продолжиш со плукањето...:helou:
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
А да беше БЦ премиер дали ќе го напишаше истото?
Да.
Ако решила владата што може Груевски,не знам што толку го издигавте вие комунистите,се гледа дека ви е ноќен кошмар :nesvest:.
Се читаш што пишуваш ?

P.S. Во Македонија нема комунистичка партија.
Да не случајно зборуваш за грција ?
Треба да се одговори на прашањето кај ќе одат парите а не се да пишуваме за двајцата токмаци Груевски и Црвенковски...
12% од бруто приход ?:uvo:
Можеш да продолжиш со плукањето...:helou:
Јас не те нареков испран портокалов мозок :toe:
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
P.S. Во Македонија нема комунистичка партија.
Јас не те нареков испран портокалов мозок :toe:
Во Македонија нема ама има нејзини наследници...
Не те нареков ни јас тебе со испран мозок ама веќе доста пишувавме за Бранко и Грујо...
Кој е одговорен во Советот за радиодифузија треба него да го прашаме зошто 12% и кај ќе одат тие пари,во партиската каса или на авторите?
 
realen_07

Опозиционер
Член од
12 април 2008
Мислења
3.636
Поени од реакции
134
Во Македонија нема ама има нејзини наследници...
Не те нареков ни јас тебе со испран мозок
Туку комунист.
Кој е одговорен во Советот за радиодифузија треба него да го прашаме зошто 12% и кај ќе одат тие пари,во партиската каса или на авторите?
Главната полемика е, зошто 12% ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom