Владата прави терен за забрана на абортусот

  • Креатор на темата Креатор на темата Јован
  • Време на започнување Време на започнување
Од секоја општина во Македонија по двајца ќе си го извадат лебот за месецот.
И абортусите пак да си продолжат по старата "зошто да си одговорен кога можеш да абортираш"? Не фала.
Владата е закон. Кај мене одамна загубија акции со нивни 300 глупи закони, ама со овој пак добија доста.
 
Принц подобро спречи,наместо да лечиш.Едукацијата е долготраен процес,во тоа е клучот на успехот.Мене оние постери кој се излепија,освен гадење кон творците не ми предизвикаа никакво друго чувство.Да се прикаже ликот на дете како го убиваш е жално.Очекувам рекламите да бидат по ист тертип правени,одсега си ги жалам парите.И не е само овој закон,многу ги промашија,многу пари фрлија.Јас ја поздравувам идејата на владата за промовирањето на реформите,но тие реформи толку се нецелосно размислени,толкави кратери имаат,што впрочем се прашувам кој е таму тој толку паметен што ги смислил.
 
Еремија: 29:6 Женете се и раѓајте синови и ќерки, за да раѓаат и тие синови и ќерки! Множете се за да не се намалите!
ПРВО ПОСЛАНИЕ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ ДО ТИМОТЕЈ
Глава 2


13 Зашто, прво беше создаден Адам, потоа Ева. 14 И Адам не беше измамен, туку жената беше измамена, и падна во престап.
15 Но таа ќе биде сочувана со раѓање на деца; ако останат во верата и љубовта и во светоста со умереност.


Многу се осовременивме, свртете се назад ,малку.




Немој да мислите дека многу сум побожен ,не.
 
Ме доболе таквиот дали на Гвујо екипата и некои инфантилни створења ќе забранеле абортус,право да ви кажам.
Ало бе клошари.... кај живеете вие бе?
У земја што е 250 на 200км?
Па за саат време ако така решам има да бидам у екстра Гинекологија ја у Белград,ја у Софија,ја у Тесалоники.
И на враќање ќе и го дадам и на Боркица еднаш.
Ебате тоа кловновите ебате...

Месец дена труба труби ќе забранеле абортус.
Забрани бе... :toe:... кловн!
 
Не си ни оддалеку побожен.Икона за аватар,е најнепристојното нешто што го имам видено на форумов,па уште и имаш лице да цитираш пасови од библија.И немој да си се осудил да ми пропагираш верска страна на абортусот,зошто уште поништожен испаѓа твојот пост.
 
Лично, абортусот го гледам како убиство, но сум против ригорозни забрани.Еве зошто:
1. Во бременоста можат да се јават компликации, некогаш дури и генетски деформации. Лекарската етика е битна овде, некогаш дури и да сака мајката да го зачува плодот, мора да се абортира. По битно е да се спаси мајката , која ќе зачне нов плад, отколку да отидат “курбан“ и мајката и плодот. Во вакви и слични ситуации, го одобрувам абортусот.
2. Многу, да не речам премногу зачестија абортуси од претерано аздисување, демак ајде не е време, ова ќе го баталам, и.т.н. неколку пати..Кога ќе дојде време да создава семјство, оп не може бремена да остане, па после ин витро, па вештачко, па што ти ја знам, кампањи раѓајте, ќе ви платиме.... Тука најстрого го осудувум абортусот..
Значи, не кампања за забрана на абортусот, кампања за едукација од последиците од абортусот, ама здрава едукација и све ќе си дојде на свое место.
Кога една девојка добро ќе ги согледа последиците од насилно прекинување на бременоста, добро ќе размисли дали би се одлучила на таков чекор...
Едукација, не закони...
 
Абе луѓе џабе ја тупите-секоја забрана постигнува контра ефект.Решение за овој проблем е само образованието-наместо веронаука воведете сексуално образование во училиштата,отворете советувалишта,кога веќе се даваат толку пари за стимулирање на наталитетот нека направат и една реклама во врска со абортусот,неговата не етичност и опасноста по здравјето.А не забрани како Саудиска Арабија да сме м.м.е!Жената што одлучила да абортира ќе абортира ако не во болница во Скопје ќе абортира во болница во Софија(како што рече зевсус) или уште по лошо во некоја визба...
 
Која си ти да ми го одземаш правото што да ставам на аватар. ОООООО извини Модератор. упсссссс.
Нели демократија сме што сакаме да правиме треба, неќете закони.
Со вакви жени , отиде Македонската нација бајбук.
 
Не е демократија повреда на туѓи верски чувства,погрешно си ја протолкувал.Ако си за анархија направи си свој форум и стави си слика со Тит на чело ако сакаш.Да не сакаш подробно да ти го објаснам терминот демократија или доброволно ќе го симнеш аватарот?
 
Се,но не се долготрајни.Колку ќе платиш,толку ќе клатиш.А ќе платиш многу за пократко време од едукацијата,на која има взаемна комуникација,а не монолог.
 
Се,но не се долготрајни.Колку ќе платиш,толку ќе клатиш.А ќе платиш многу за пократко време од едукацијата,на која има взаемна комуникација,а не монолог.
Добро па и тоа е некој почеток.
 
Да, може едукација...

Да се преплави градот со билборди на кои пишува Абортусот е убиство! со пропратните симпатични експлицитни прикази на абортирани фетуси.
Па, таа слика да се вреже во свеста на секоја цура која у TO DO листата има:
1. Да одам на фитнес.
2. Да абортирам.
3. Да одам на козметичар.
 
ц ц ц ц

Добро бе, зарем толку слепи луѓе да има ц ц ц.... Абре закачи овај закон или барем спореди го со другиве што ги донесоа ќе видиш што ти се готви. Ова не е закон за пропишување некои "прописи" ова е нечија лична фрустрација! Изгледа заборавате каде живеете па ви паѓа на памет советување, информирање и тн. ROFL!!! Не ми се верува дека некој верува во државава :D Патем, во доколку ова помини и се изгласа јасс 100% сигурен дека ќе туркаат со што поригорозни прописи што можат. Што значи ова? Ќе го "склепаат" така згодно закончево понатаму што скоро ќе дојди и невозможно некоја жена да абортира а мож и ќе закачат и казна некоја, да не прајме муабет ако поскапат абортусот! И што после?! Кој е следниот закон? Ма гони се.. остај ти вакви срање про-комунистички закони! Дај брат ако одиме да одиме силно! За инат на се! Дајте најдобрите мажишта ќе ги одбериме, ќе ги складираме жените во штала па да му рснат овие да ги расплодуваат! Да живее супер расата! За инат на Албанците! Кој бе? За инат на сите! ц ц ц ц
 
Абортусот е убиство! Ова е факт, и јас ја поддржувам владата да преземе соодветни мерки за да го намали бројот на вакви убиства, ама ЗАБРАНАТА НА АБОРТУСОТ НЕ Е СООДВЕТНА МЕРКА!
Решението треба да се бара во позитивистички пристап, процедура која ќе подразбира разговори со психолог и социолог, поддршка за идната мајка да го задржи плодот ако може, и, што е најважно, систематско и квалитетно сексуално образование.
Голем број од абортусите ги вршат (жално, но вистинито) малолетнички. Ако се забрани абортусот, овие деца кои убиваат деца ...... не сакам ниту да помислам какви одлуки и чекори ќе преземаат:nesvest:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom