Soreno
Big Brother
- Член од
- 14 јануари 2009
- Мислења
- 530
- Поени од реакции
- 19
Владата прави трговска бродска флота која ќе плови по море до сите дестинации под македонско знаме. Одлуката за формирање на флотата била донесена на една од минатите владини седници и веднаш е формирана работна група со членови од повеќе институции која работи на постапката за регистрација на бродови кои ќе пловат под македонско знаме.
Неофицијално дознаваме дека на владината седница се зборувало и кое пристаниште може да се искористи како матично. Во ниту еден случај не се споменало солунското пристаниште кое е на најмала оддалеченост од Македонија. Во опција биле само пристаништата во Драч, Албанија и Истанбул, Турција.
Владата одлучила флотата да се формира врз основа на јавно- приватно партнерство. Во почетокот да има не повеќе од 10 брода, а со текот на времето да се развие во поголема поморска трговска флота, какви што веќе имаат некои земји во светот, иако не излегуваат на море.
Од Министерството за транспорт и врски од каде што во Владата пристигнала иницијативата вчера ни потврдија дека се прави поморска флота. Оттаму велат дека работната група веќе работи на формирање на регистар на бродови кои низ светот ќе пловат под знамето на Македонија.
"Очекуваме повеќекратна придобивка од поморската флота. Освен трговска корист, Македонија ќе добие едуциран кадар на македонски државјани за работа на брод. Исто така, ќе се прави промоција на државата, бидејќи македонските бродови ќе пловат на сите дестинации под македонско знаме", велат од Министерството за транспорт и врски.
Владата на Македонија неодамна направи и измени и дополнувања на Законот за внатрешна пловидба. Со нив е предвиден нов начин на обука на бродскиот екипаж, како и нов начин на полагање на стручниот испит за добивање звање за член на бродски екипаж.