Владата најави нови 8000 вработувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
Државата проеба 500 милиони евра на земјоделски субвенци. Ефект? Нема никаде. Подобро да изградеа 300 метарска пирамида во Скопје на плоштад. Да се знае барем каде се парите.

Сакаш да кажеш дека нема ефект од субвенциите ? :tapp:

Ете како прво не сме целосно зависни од увоз или ја намалуваме зависноста со што парите одат во државата плус со поголема домашно производство цената на производите е помала за разлика од светски рамки, еден куп невработени сега имаат свои приходи и потикнати се да работат во земјоделството значи не се незадоволни и невработени, со субвенциите се натераа земјоделците да се регистрираат со тоа да плаќаат и приноси на државата, со тоа што обработуваат поголеми површини трошат и повеќе нафта, препарати, вештачко ѓубриво итн со што и други гранки/бизниси остваруваат профитабилност, зголеменото произвдоство прави нови откупни центри/винарии со тоа и нови вработувања. Незнам дали беше сериозен но ако си тогаш ..

Државата има ќар од таквите луѓе што произведуваат - многу поголем од субвенциите, покорисни се од обичниот човек што работи во некоја си приватна фирма или пак да речеме ако воопшто може да се стават тука државните службеници :)
 
Cover Story
РАСТАТ СУБВЕНЦИИТЕ, РАСТЕ И УВОЗОТ НА ХРАНА. МОРА ДА СЕ СМЕНИ МОДЕЛОТ НА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ!

Александра Спасевска

getImageThumbnail.axd
strelka_red.gif
Увозот на храна минатата година достигна фантастични 672 милиони долари, што е 20,4% повеќе споредено со претходната година, а трговскиот дефицит кој го има Македонија во трговијата со прехранбени производи достигна фрапантни 298 милиони долари и за една година се зголемил за околу 30%. Од друга страна, растат и субвенциите кои ги дава Владата за земјоделците, а годинава се 12% поголеми од лани. Информациите на терен покажуваат намалување на производството на прехранбени производи и раст на увозот. Произлегува дека аграрната политика која ја води Владата не ги дава посакуваните ефекти. Потребна е итна промена на моделот!

В
ладата и годинава продолжува со интензивната поддршка на аграрот. Уште 113 милиони евра ќе се исплатат за субвенции во земјоделството во 2012 година според програмата за финансиска поддршка во земјоделството. Но, шест години откако почнаа да се исплаќаат субвенциите не видовме ефекти од милионските суми исплатени за развој на аграрот. Владата досега ниту еднаш не излезе со конкретна анализа за тоа колку порасна производството на земјоделски производи, колку порасна извозот, а колку се намалил увозот на храна, колку се зголемил сточниот фонд и обработливото земјиште, но податоците за рекорден раст на дефицитот во трговската размена со прехранбени производи јасно покажува во која насока ни се движи аграрот. Само минатата година, кога беа исплатени над 115 милиони евра за субвенции, увозот за храна порасна за 20,4% во однос на претходната година.
 
Не ми се веруе ова што го читам.. увоз на храна 672 милиони :facepalm:
А ние земјоделска држава :facepalm:
 
нем да ми кажеш дека Слаткарот го слушате и у Словенија :S ... the end of the world is near .. :cautious:

Ме принудија еднушка да го слушнам овој Шеќерково, имав задача да ја сумам лириката,и да се произнесам на една тема и рефреенот му го запамтив!
Иначе Слаткар = :гомце:
Офф топик сне...јас се извинувам, морав да се произнесам!
 
Не ми се веруе ова што го читам.. увоз на храна 672 милиони :facepalm:
А ние земјоделска држава :facepalm:
Јас што зборам цело време дека кај нас субвенциите купуваат социјален мир а немаат развојна компонента во моите претходни мислења кажав зошто е тоа така. А до сега се потрошени околу 700 милионо евра за субвенции а резултати некој нема со 700 милиони евра се прави гасификација на цела македонија и се прави коридор 8 железница со тие пари. Скопје 2014 е заебанција во однос на овие пари.
 
Мал буџет, мала администрација, 0 субвецнии, без Скопје 2014, кратење на пензии и плати, отпуштање на административци, без задолжување, приватизација, либерализациија и демонополизација и дерегулација. Ако се исполната овие услови Македонија ќе има раст од 10% како во Кина. Ќе има мал крах на почеток ама после ќе летне економијата турбо.
Чекај-чекај малку, па размисли за ова што си напишал.

Велиш "без Скопје 2014" - а пред малку бараше пирамиди таму на плоштад.

Велиш "кратење на пензии и плати" - не можеш да кратиш пензија и да менуваш закони кога ќе ти текне тебе. Постојат и пензионери кои земаат помала пензија отколку што плаќаат за комуналии. Од кај му бре пари за да плати за струја, а цел живот рмбал за пристојна пензија, и сега кога не може да работи, да му менуваат закони?

Велиш "отпуштање на административци" - а темата е за вработување на административци и остали структури кои се хранат директно од буџетот.

За задолжувањето, приватизацијата, либерализацијата, демонополизацијата, .... да не ги коментираме посебно едно по едно, оти ќе заземе многу време и нерелевантни и исполитизирани извори. Само системот на Кина и прекувремената неплатена работа за нас. Пак се сведува на таа народната, "колку и да те е*ат, пак ти е убаво". http://forum.kajgana.com/threads/Прекувремената-работа-невидлива-за-газдите.60802/
 
Јас што зборам цело време дека кај нас субвенциите купуваат социјален мир а немаат развојна компонента во моите претходни мислења кажав зошто е тоа така. А до сега се потрошени околу 700 милионо евра за субвенции а резултати некој нема со 700 милиони евра се прави гасификација на цела македонија и се прави коридор 8 железница со тие пари. Скопје 2014 е заебанција во однос на овие пари.

Постов ти држи вода ........... за 6 години скоро една милијарда евра за субвенции во земјоделието, а навистина ефектот=ЗЕРО ........ уствари субвенциите за земјоделците се социјална помош за земјоделците ......... развој=ЗЕРО !
 
Тоа е еден од најбрзите начини Македонија на среден рок да почне да има стапки на раст од над 7% но тој што ке го направи ова во Македониај ке ги изгуби следните избори и тоа убедливо и јас имам размислувано често што би направил ако сум јас премиер, но мислам дека кензијанската политика во време на криза да се инвестира во капитални инвестиции коридор 8, гасификациа автопати и сл е подобра варијанта, а ти тоа што го предлагаш на хајек тероријата државата што помалку да се меша и да троши е сепак политика кога нема криза кога светската економиај расте да ја сум за хајек ама во време на растови не во светска криза.
Апсолутно се сложувам буџетски кратења сега не се најпаметна работа. Може кензијанство да се употребува за време на криза и да се пумпаат буџетски дефицити и да се оди со виски капитални инвестиции ама после се да се врати и одплати долгот со рестриктивна буџетска политика. А владава сега крати на капитални инвестиции а пумпа социјалистички глупости. Големиот буџет е смрт за Македонската економија и го убива растот во време на експанзија. Ама тоа е тоа и Вмроовциев се служат со комуњарски трикови да добијат избори тоа е недостаток на основна економска едукација и секави будали ги лажат со субвенции, минимални плати и пензии, државна работа и останати социјалистички бомбончиња.
 
Не ми се веруе ова што го читам.. увоз на храна 672 милиони :facepalm:
А ние земјоделска држава :facepalm:

Без субвенции ќе биде ем 50% помало производство, ем милијарда минимум увоз.. ем намалена потрошувачка на гориво/препарати/делови итн.. ем еден куп нови невработени, ем партијата што ќе ги укине ќе изгуби пратеници/гласачи па и избори.
 
Постов ти држи вода ........... за 6 години скоро една милијарда евра за субвенции во земјоделието, а навистина ефектот=ЗЕРО ........ уствари субвенциите за земјоделците се социјална помош за земјоделците ......... развој=ЗЕРО !
Абе јас сум економски и финансиски писмен како и некој други ама иди тоа објасни му го ова на земјоделецот ќе те убие ама тоа кај нас сите станаа експерти и економисти затоа економијава ние е на ова ниво.
 
Без субвенции ќе биде ем 50% помало производство, ем милијарда минимум увоз.. ем намалена потрошувачка на гориво/препарати/делови итн.. ем еден куп нови невработени, ем партијата што ќе ги укине ќе изгуби пратеници/гласачи па и избори.
Што е подобро да се фрлаат пари во воздух или партијата да ги изгуби изборите?
 
Што е подобро да се фрлаат пари во воздух или партијата да ги изгуби изборите?

Зависи за кого прашуваш, ако е за партијата побитно им е да фрлаат пари во “воздух“ иако според мене воопшто не се во воздух тие пари кажав зошто погоре. И да не им смета што се ставаат во Скопје а им сметаат субвенциите за земјоделците ..

Ете нека ги укинат и ќе видиш дека увозот ќе оди над миљијарда ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom