Владата го штити монополот на телекомот

Член од
12 јануари 2006
Мислења
60
Поени од реакции
1
Владата и управните органи наместо да го либерализираат пазарот за телефонија, ги штитат интересите на монополот на "Македонски телекомуникации" и свесно го попречуваат работењето на конкуренцијата, се жали фирмата "Нексттел" во писмото испратено до сите амбасади и меѓународни организации и институции во земјава.

"Во периодот од стапувањето во сила на Законот за електронските комуникации до денес се регистрирани повеќе компании со телекомуникациска дејност. Но и по 11 месеци од донесувањето на Законот, граѓаните се уште не можат да ги почувствуваат поволностите од пазарната економија во овој сектор. Тие и понатаму се принудени да ги користат само услугите на монополот на телеком", пишува во писмото.

Од "Нексттел" укажуваат дека, како и другите конкурентски компании, изминатиов период континуирано наидуваат на закани и технички пречки од страна на телекомот.

- Агенцијата за електронски комуникации, иако е надлежна да ги штити интересите на сите компании од овој сектор, но и интересите на крајните корисници, до овој момент очигледно ги штити само интересите на "Македонски телекомуникации". Наместо либерализација на пазарот, Агенцијата застанува зад интересите на монополот и свесно го попречува работењето на реалната конкуренција на телекомот со дезинформации, непостапување за приговори, неотвореност за контакти и информации и со нетранспарентност за донесените подзаконски акти - велат во "Нексттел".

Тие се сомневаат дека на овој начин на телекомот намерно му се овозможува што подолго да биде монопол на пазарот, со што се кршат многу закони, а не само Законот за електронските комуникации.

- Обврските што Владата ги презеде со одговорите на Европрашалникот, за телекомуникациите и антимонополистичките закони и за пазарни правила, воопшто не се совпаѓаат со реалноста, а нејзините заложби очигледно се само декларативни - велат во "Нексттел".

Во писмото се бара меѓународните организации да ги преземат сите формални и неформални средства за конечно граѓаните на оваа држава да ги почувствуваат благодатите на конкуренцијата во телекомуникацискиот сектор. (М.Б.)
 

Carlito Brigante

Хаусмајстор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
844
Поени од реакции
8
На ист начин попречуваат и други бизниси кај шо можеш да расипеш сметки на некој какаван од влада. Ептен стара шема. Си најдеш инвеститор од страна кој може да протурка квалитетен производ, ... и симптоматично почнуваат да идат луѓе во сиви мантили со легитимација на пазарна, трудова, санитарна и друга инспекција.
Бетер беа црвените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom