Вистинската причина за нападот на Либија? Западот добива договори за обнова вредни 300 милијарди дол

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
НАТО ја заврши воената операција во Либија, но присутноста на западните сили е далеку од својот крај. Државите кои ја борбардирале државата богата со нафта, сега ќе добијат богати договори за да ја обноват.


Британските бомби ја разрушиле земјата, па така сега богато ќе ги платат британските компании за да ја обноват. Новата либиска власт е отворена за работа, а британската власт ги поттикнува своите компании за да се вклучат во обновувањето.

"Либија е релативно богата земја со резерви на нафта и верувам дека ќе има можност британските компании и, се разбира, компаниите од други држави да се вклучат во обновувањето на Либија." изјавил британскиот министер за одбрана Филип Хамонд.

На инвазијата потрошиле 500 милиони долари, а обновувањет ќе чини 300 милијарди

Британците за интервенцијата на НАТО во Либија потрошиле околу 500 милиони долари. Но, судејќи според пресметките на британското Министерство за трговија, вредноста на договорот за обнова на Либија на разни подрачја, би можела да достигне до 300 милијарди долари во наредните 10 години.

Овие факти ги поттикнуваат прашањата за вистинските мотиви на интервенција во Либија. Извршниот директор на хуманитарната организација War on Want, Џон Хилари, рекол дека слична ситуација се случила и кај инвазијата на Ирак.

На французите им се ветени 35% од нафтените резерви

Новинарот Џон Пилгер вели дека постојат докази за поткупување на западните сили за влегување во војна. Либија има повеќе нафта од било која земја во Африка, вклучувајќи ја и Нигерија.

"Од Советот за транзиција им рекле Да на Французите, ако испратат воени авиони, со тоа ќе добијат 35% од нафтените резерви.", рекол Пилгер.

i posle nekoj ce kaze deka se borci za covekovi prava
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Па тие 300 милијарди во Либија ќе влезат како обнова. Шо е проблемот?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ќе бидат земени од Либија, немој да мислиш дека некој ќе извади од неговиот џеб.

но но но но но но...
А Гадафи земаше од Мексико пари за да инвестира и гради во Либија??
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Мислам дека прашањево е за предшколска возраст(y)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
А Гадафи земаше од Мексико пари за да инвестира и гради во Либија??
да но овие сигурно профитот нема да го инвестираат во Либија,и нма веќе бесплатно здравство,образование итн...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
да но овие сигурно профитот нема да го инвестираат во Либија,и нма веќе бесплатно здравство,образование итн...
па 300 мислијарди не се малце шо ќе клат во Либија. И Гадафи профитот знаеше да го става на сметки на своето семејство.
А бесплатно здравство му даваше на либијците оти ги затвараше мачеше рануваше... им беше потребно.

Либија извезваше 1,5 милиони барели дневно. Треба појќе од 5 години да извезува нафта само да собре од продажба (не сметајќи тошоци) 300 милијарди долари, или грубо земено ако 1 третина е заработка а 2 третини трошоци, и 15 години извоз на нафта Гадафи не беше толку добар спрема својата земја!
 
S

Sagan

Гостин
Значи: енглезите (заедно со америте и франките) ја бомбардираа Либија. Сега ќе потпишат договор со либиската влада, истите тие да го обноват тоа што го срамниле со земја, за што новата послушна влада на Либистан ќе искешира 300 милијарди на спомнатите хиени.

Или нацртано и обоено: мајстор-ѕидар си, ама немаш работа; комшијата твој е богаташ; земаш динамит и ја срамнуваш со земја куќата на соседот, а потоа идеш кај него и потпишуваш договор дека ти ќе му ја градиш за добра сума кеш.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
па 300 мислијарди не се малце шо ќе клат во Либија.
Кој каде ќе го кладе???
Кладоја тие бомби за милијарда евра. Во замена ќе заработат 299 милијарди.
Или нацртано и обоено: мајстор-ѕидар си, ама немаш работа; комшијата твој е богаташ; земаш динамит и ја срамнуваш со земја куќата на соседот, а потоа идеш кај него и потпишуваш договор дека ти ќе му ја градиш за добра сума кеш.
Не е тоа некој вид на рекетарство?
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Абе какви човекови права човече, на воа ѓубрињава ( американо ) нафтата им го помати мозокот o_O
 

Kajgana Shop

На врв Bottom