Ptolomej
Дрвен адвокат
- Член од
- 7 август 2005
- Мислења
- 1.768
- Поени од реакции
- 1.058
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Едноставно можеше да отиде кај судијата (а отиде и повторно премолчи) и да му каже дека Хана е неписмена. Дека таа не била главниот актер и злосторник како што другите ја претставија. Дека нејзиното однесување не посочува на непоправливост, безобзирност или дрскост, туку едноставно дека тоа е резултат од недостатокот на познавање на обвиненијата и ракописот од книгата, како и од отсуство на каква било смисла за стратегија или тактика. Дека таа во својата одбрана очевидно си наштетуваше. Точно беше виновна, но не толку виновна, како што навидум изгледаше.Се сложувам со Темнатадама дека Михаел Берг и морално и правно е виновен за пресудата над Хана . Ако не друго , имаше правна обврска да интервенира во судењето и да го каже тоа шо го знаеше за Хана ( дека е неписмена ) . Нели одеа со неговиот професор по право да го гледаат судењето .
И јас би сакала да ја прочитам „Се мислам да ставам крај“, си ја купив деновиве па супер штом рокот за читање е продолжен. Ќе успеам да ја прочитам вака секако.Дечки, во Филмскиот клуб, поради годишните одмори, направивме едномесечна пауза. Мислам дека и тука, од истата причина, треба да покажеме одредена флексибилност, со оглед на тоа дека никој не ја рецензираше, да не предложиме нова книга за овој месец, да ја читаме онаа која беше предложена минатиот месец: Се мислам да ставам крај од Ијан Руд. Јас ја почнав и ми се допаѓа.
Ако некој досега не предложил книга, а има желба и волја, слободно нека ми напише или листа на книги или една книга која сака да ја читаме наредниот месец. @Lavender и @Ptolomej, сакате?![]()
Утре ќе ја рецензирам.Како ви оди со книгата? Јас вчера конечно најдов време и ја завршив. Интересно и језиво четиво![]()