Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.097
Воведувањето четири вида визи е најголемата новина во предлог-законот за странци, со кој треба нашиот да се усогласи со визниот режим во Европската Унија.
Законот предвидува воведување аеродромска виза, транзитна, виза за краткорочен и виза за долгорочен престој. Во него ќе бидат вградени меѓународните инструменти, стандарди и правила, кои ќе бидат приспособени на нашите услови.
Транзитната и визата за краткорочен престој ќе може да се издаваат како групна виза, а ќе се добиваат и на граничен премин. Законот за странци е резултат и на потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со која државата презеде обврска да ги усогласи нашите со законите на ЕУ, а меѓу нив и законските норми од областа на миграцијата.
Со законот квалитативно се менуваат дефинирањето на поимот странска патна исправа и определувањето на условите што треба да се исполнат се таа да се смета за важечка.
Заради спречување на илегалната миграција со законот се заоструваат казните за тој што ќе му помогне на странец нелегално да влезе, да помине или незаконски да престојува во државата.