Ве поканувам во најпопуларниот JailBreak сервер на Балканот

Член од
3 октомври 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Здраво на сите. Би сакал да ви го претставам најпопуларниот JailBreak сервер за Counter-Strike на Балканот. Серверот е бугарски, но човекот што моментално одговара за него е Македонец (јас) и се труди серверот да се издигне на светско ниво. Македонски сервер сличен на овој се' уште нема и не се очекува да има во блиска иднина. Доколку досега не сте го играле овој мод или не знаете што да играте, нема да зажалите ако го посетите овој сервер. Според Gametracker.com највисокиот ранк на серверот во светски рамки е #459, со вашата помош може да се издигне на многу повисоко ниво.


iPlay.bg JailBreak ULTiMATE [jb.iPlay.bg:27015]

Jailbreak е мод за Counter-Strike, кој драстично се разликува според изглед и начин на игра. Во него јасно се изразени две спротивставени страни - стражари, кои го заземаат местото на Counter-Terrorists и затвореници, соодветно на местото на Terrorists. Целта на затворениците е да ги почитуваат командите (мисиите) поставени од “главниот“ стражар, наречен Симон, или да се ослободат преку бунт. За разлика од останатите сервери, кои го користат овој мод, JailBreak ULTiMATE серверот на iPlay.bg располага со најразлични уникатни и авторски плугини, кои нема да ги сретнете на друго место.



IP адреса на серверот: 31.13.221.74:27015 или jb.iplay.bg:27015
Uptime: 24/7
Список со мапи: http://forum.iPlay.bg/viewtopic.php?f=60&t=19443
Правила на серверот: http://forum.iPlay.bg/viewtopic.php?f=60&t=20959
Секција за серверот: http://forum.iPlay.bg/viewforum.php?f=60
Тема за поплаки од играчи: http://forum.iPlay.bg/viewtopic.php?f=60&t=26332
Тема за поплаки од администратори: http://forum.iPlay.bg/viewtopic.php?f=60&t=26333
Список со дминистратори: http://forum.iPlay.bg/viewtopic.php?f=60&t=16217
Поплака от незаслужен бан: http://forum.iPlay.bg/viewforum.php?f=88
ВИП систем: http://vip.iPlay.bg
Кандидатури за администатор: http://forum.iPlay.bg/viewforum.php?f=33
Предлози за серверот: http://forum.iPlay.bg/viewforum.php?f=50
Највисок ранк [Gametracker.com]: 459

Во оваа тема ќе изложам дел од додатоците на нашиот сервер. Останатите ќе можете да ги видите со вашата посета.


Како и повеќето Jailbreak сервери, така и нашиот сервер располага со специјални денови. Деновите во серверот доста се разликуваат от оние, кои ги има во готовите плугини. Специјален ден може да се игра само во присуство на администратор, затоа што командата е ограничена со цел да се спречат злоупотреби од страна на Симонот. При повеќето специјални денови, затворениците и стражарите добиваат оружја, живот и други екстри, со кои треба да ги убијат играчите от другиот тим. Исто така, серверот избира еден произволен затвореник, кој ќе биде "MVP" на денот, то ест ќе добие специјални привилегии до крајот на рундата.

Список со специајлни денови: Spartan, Knife, War, Ninja, AWP, Scout, Sniper, Hide 'n' Seek, Matrix, Drug, Rambo, Matrix, Shadow, Assassin, Shark, Nemesis, On the Line и Lumberjack. Следете ја темата во нашиот форум за секакви промени поврзани со деновите - http://forum.iPlay.bg/viewtopic.php?f=60&t=22871


Во серверот има вкупно 4 различни продавници, од кои играчите може да си купуваат најразлични предмети (items):

  • Prisoner Shop: се отвара со командата "/shop"; достапен е само за затворениците; предметите се купуваат со JBPacks
  • Knife Shop: се отвара со командата "/knifeshop", "/kshop" или "/shop1"; достапен е само за затворениците; предметите се купуваат со JBPacks, а ВИП корисниците добиваат дополнителни предмети, кои се купуваат со пари
  • VIP Shop: се отвара со командата "/vipshop" или "/vshop"; достапен е за ВИП корисниците од двата тима; предметите се купуваат со пари
  • Day Shop: се отвара со командата "/dayshop" или "/dshop"; достапен е само за затворениците и може да се користи само за време на специјален ден; содржи различни предмети за различните денови; предметите се купуваат со JBPacks


Тоа е плугин, кој целосно ги заменува обичните радио команди. Сите се преведени на бугарски јазик и се прилагодени за самиот мод. Менијата се отвараат соодветно со командите radio1, radio2 и radio3 во конзолата (или со притискање на "z", "x", "c" стандардно). По задавање на радио команда, играчот може повторно да ги користи менијата после 1 минута. ВИП корисниците добиваат достап до специјалната опција "Custom", односно сами може да си ја напишат пораката, која ќе ја изпратат преку радио командата.



Покрај добро познатиот начин за заработување JBPacks (со убивање на играчи), затворениците може да заработуваат дополнителни пакови и преку погодување на произволната порака, која се појавува на екранот на секои 4 минути. Првиот играч, кој ќе успее правилно да ја напише, ќе биде награден со сума од 10 JBPacks. Стражарите исто така може да учествуваат во овој "event", со што спречуваат купување на поскапи предмети од страна на затворениците.


Системот за автоматско наградување овозможува затворениците да добиваат дополнителни пакови на секои 10 убиства, започнувајќи од 10 JBPacks, а за секое ниво наградата се зголемува за +5 пака.


Серверот го користи и добро познатиот плугин за Soccerjam топка во Jailbreak. Истиот е малку модифициран со цел да се разликува од тој во останатите сервери. Дел од промените вклучуваат:

  • Различна боја на ефектот, кој се појавува кога играч постигнува гол: црвен за затворениците, син за надзирателите, бел за гледачите (спектаторите) и зелен за Симон.
  • Различна боја за пораката, која се појавува кога играч постинува гол: бел за испод 1000 јунита, портокалов за 1000 или повеќе јунита и црвен за 2000 или повеќе јунита.
  • Додадени се звуци, кога играч ја зема топката и кога постигнува гол.
  • Топката има светло сина боја (glow), како и trail (опашка) со истата боја.



Се разбира, дека серверот нуди и специјални привилегии за корисниците, кои сакаат да си купат "ВИП". Некои од нив се: достап до командата "/hats", преку која играчите може да си стават една од многуте капи; достап до ВИП продавницата; достап до уникатни ВИП скинови; дополнителни JBPacks при убиство, како и при влегување во серверот; достап до специалните опции на радио менијата; права за префрлање на играчи по различните тимови и многу други. Посетете vip.iPlay.bg за повеќе информација.



Последниот преживеан затвореник добива достап до мени, од кое што може да избере најразлични игри. При секоја победа во играта наречена “дуел“, затвореникот добива една “дуел точка“. При 4 такви, тој автоматски ќе добие слободен ден на следната рунда, а при 7 убиства ќе добие и дополнителни 10 JBPacks. Менито ги содржи следните нешта:

  • One vs All: Слично на freegun, само што затвореникот не е бесмртен. Тој добива произволно оружје и произволно количество на живот. Возможни се следните комбинации: M4A1 + 100HP, AK47 + 100HP, Scout + 300HP, AWP + 50HP, TMP + 250HP, Deagle + 250HP, Duel Elites + 300HP, XM1014 + 200HP и SG550 + 150HP. Затвореникот добива и дополнителни 100% живот за секој еден жив стражар.
  • Deagle Duel: Двајцата играчи добиваат deagle со еден куршум и треба да се убијат. При секое репетирање оружјето си останува со само еден куршум.
  • Scout Duel: Исто како горното, само што тука оружјето е scout.
  • AWP Duel: Исто како горното, само што тука оружјето е AWP.
  • Knife Duel: Играчите добиваат нож, со кој треба да се убијат.
  • Freeday sledvashtiq rund: Добивате слободен ден на следната рунда.
  • 250HP sledvashtiq rund + 10 JBPacks: Добивате 250% живот на следната рунда и дополнителни 10 JBPacks.



Ова беше дел од нештата, кои ги предлагаме во iPlay.bg JailBreak ULTiMATE. Ве очекуваме!

 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.608
Поени од реакции
930
...
Jailbreak е мод за Counter-Strike, кој драстично се разликува според изглед и начин на игра. Во него јасно се изразени две спротивставени страни - стражари, кои го заземаат местото на Counter-Terrorists и затвореници, соодветно на местото на Terrorists. Целта на затворениците е да ги почитуваат командите (мисиите) поставени од “главниот“ стражар, наречен Симон, или да се ослободат преку бунт.
...
Meh. Counter-Strike со специјалци и терористи е класика.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.050
Поени од реакции
4.936
Батали врие расисти. Да ти се мочам на серверот бугарски. Ако е твој (или у фаза си на присвојување) очисти си ги прво модераторите оти за крив стап не ги бива. Ги прашав како се игра, оти стварно не ми беше јасно отпрва, тие се фатија шо сум бил србил ли сум бил, румунец, грк...
Вака дефинитивно не се полни сервер. Извини...
 
E

Epsilon

Гостин
Овие мапиве измислени се за зомби модот и си реков има повеќе сервери, па да се реактивирам на зомби серверите. :)
 
Член од
3 октомври 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Батали врие расисти. Да ти се мочам на серверот бугарски. Ако е твој (или у фаза си на присвојување) очисти си ги прво модераторите оти за крив стап не ги бива. Ги прашав како се игра, оти стварно не ми беше јасно отпрва, тие се фатија шо сум бил србил ли сум бил, румунец, грк...
Вака дефинитивно не се полни сервер. Извини...
Брате, chill out. Серверот постои од далечната 2010 година. Серверот е бугарски, да, точно и јасно го напишав во првите реченици од темава. Неколку македонци редовно играат во него, вклучувајќи ме и мене како негов да речеме "главен" администратор. Доколку некој те навредил по некој начин, директно ќе биде санкциониран доколку можеш да дадеш доказ за "стореното дело". Точно за таков вид на расизам лично јас ќе се погрижам администраторот да си го добие заслуженото, но, верувај ми, серверот е на високо ниво и целиот "ланец" на сервери е еден од најразвиените во Бугарија. Овој е на прво место на целиот Балкан, па затоа решив да го споделам и тука, за да може да влезат и да се заинтересираат малку повеќе Mакедонци, бидејќи не постои македонски JailBreak сервер, а лично јас немам намера да пуштам и да поддржувам таков.

ПС - можно е да те прашале дали си Македонец, Србин или што и да е, но, не верувам дека некој од тимот се обидел да те навреди. Сепак кажи ми ако такво нешто се случило. Веројатно биле љубопитни затоа што ретко се случува да влезе човек, кој не е од Бугарија, со исклучок на редовните "странци", кои сите добро ги познаваат.
 

MackO

Away with you .. !
Член од
21 февруари 2007
Мислења
255
Поени од реакции
204
А за Global Offensive некој да направеше комјунити со сервери не ке беше лошо нели.. Коа ке искочите од ерата нa Minecraft 1.6 Counter strike која што во светот умре пред 4 години.
 
Член од
3 октомври 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
А за Global Offensive некој да направеше комјунити со сервери не ке беше лошо нели.. Коа ке искочите од ерата нa Minecraft 1.6 Counter strike која што во светот умре пред 4 години.
Играта е далеку од умрена. Се' уште е на прво место според играност во целиот свет, само што за да се постигне некаков успех во денешно време се бараат креативни и уникатни идеи, како што е овој сервер. Во секој случај и оваа "заедница" (community) има во план да пушта CS:GO сервери, но не се знае точната дата.
 

MackO

Away with you .. !
Член од
21 февруари 2007
Мислења
255
Поени од реакции
204
Играта е далеку од умрена. Се' уште е на прво место според играност во целиот свет
Не знам од кај ти се податоциве ама не ти се точни дека 1.6 е "на прво место".Еве само за денес steam статистика CS:GO има 710,693 peek players додека пак Counter-strike 1.6 има 21,961 играчи кој што денеска ја играле/пуштиле играта.Ова другар е многу голема разлика во бројки еве ке го земам и фактот дека во 1.6 е по доминамтна пиратската nonsteam верзија ама и таму нема повише од 50,000 до 60,000 илјади играчи што е огромна разлика во бројки.Како и да е не те хејтам или нешто во тој стил,имаш 5+ за вложениот труд кај мене во очи само што играта не е на место.Ова би било феноменално да го има на македонски сервер со македонско community само за CS:GO. Јас би бил прв и редовен да играм jailbreak или kz мапи со македонски играчи пошто е премногу забавно.Толку од мене да не јадам поише бубрези со среќа понатака
 
Член од
3 октомври 2015
Мислења
4
Поени од реакции
1
Според Steam статистиката, да. Но, поголем број од играчите ја немаат купено играта, така што таа статистика не ги брои нив. Веројатно најточни резултати може да се добијат од Gametracker, кој во моментов брои 37,635 играчи на CS:GO и 104,370 на 1.6, кое е 3 пати повеќе. Играта си постои, но, за жал во Македонија не е толку популарна, особено ваквите видови на сервери.
 

MackO

Away with you .. !
Член од
21 февруари 2007
Мислења
255
Поени од реакции
204
Еве сега пак ке ти кажам дека не си во право. Gametracker ги брои community серверите поткренати од идивидуалци кој што имаат ражлични сервери со ражлични модови на тие сервери (bhop/surf/jailbreak/kz), така да например официалните Matchmaking сервери на Valve за CS:GO не спаѓаат и не се листирани под Gametracker а ги има многу
 
На врв Bottom