Верски вести III

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Православен манастир во Турција го претвориле во дискотека

Денеска повторно беше нарушена верската хармонија во таа земја: во главното историско светилиште на понтичките Грци, манастирот Панагија Сумела во Трапезунд, локалните власти дозволија отворање на дискотека – изјави шефот на московската управа, митрополитот г. Иларион. oдделение за надворешни црковни односи на Патријаршијата.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Изгледа ќе биде интересен документарец полн со историја :)

ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА НА 15 АПРИЛ НА YOUTUBE И МТВ

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ ќе се емитува на МТВ на 15 април 2022. Истовремено ќе биде достапен за гледање и на официјалниот YouTube канал на Бигорскиот Манастир.

1650008826398.png
 
Член од
1 мај 2021
Мислења
188
Поени од реакции
760

Е ај за убо нека е
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Патријархот Порфириј упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија

Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.

1653391727533.png
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
45 украдени икони пронајдени во Албанија

Откриени 45 украдени икони во Албанија за кои се тврди дека припаѓаат на нашата земја. Идентификацијата на иконите ја врши тим од Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство во соработка со тимови од соседна Албанија. Ова е втор случај, откако успешано беа вратени 25 украдени икони пронајдени на албанска територија.

 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА како автокефална сестринска црква

Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква – Охридска Архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот Поглавар, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, во светите диптиси, објави на својата веб страна Руската православна црква.
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Се е оваа во ред но мислам дека на некој му текнало пари да прави..моментално на севишниот погледот му е насочен према балканот(хелмот) и од тука чека да се роди здравата/правата вера..има трпение..
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези

За ритуалот на погребување на Бенедикт Шеснаесетти во три ковчези, кој важи за сите папи, теологот Бери Етериџ од Универзитетот во Кент вели дека првиот ковчег, направен од дрво чемпрес, симболизира дека папата е обичен смртник како и сите други.
Вториот ковчег, кој обично е или цинк или олово, симболизира времетраење и стабилност. На него е поставен едноставен крст и плоча со името на папата и времетраењето на неговиот понтификат.
Третиот дрвен ковчег обично се прави или од костен или од брест и го симболизира достоинството на папството. Закована е со клинци од чисто злато.

Церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.138
Поени од реакции
10.150
Папата Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези

За ритуалот на погребување на Бенедикт Шеснаесетти во три ковчези, кој важи за сите папи, теологот Бери Етериџ од Универзитетот во Кент вели дека првиот ковчег, направен од дрво чемпрес, симболизира дека папата е обичен смртник како и сите други.
Вториот ковчег, кој обично е или цинк или олово, симболизира времетраење и стабилност. На него е поставен едноставен крст и плоча со името на папата и времетраењето на неговиот понтификат.
Третиот дрвен ковчег обично се прави или од костен или од брест и го симболизира достоинството на папството. Закована е со клинци од чисто злато.

Церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти.
Интересно...чемпресот симболизирал обичен смртник...:confused:.....а да заштедеа малку од "скромноста " па наместо златни клинци обични да ставеа????:rolleyes:....ко за обичен смртник, нели...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
ЗАПАЛИЛЕ ДЕТСКИ БИБЛИИ, БИЛЕ ПРОТЕСТАНТСКИ Безумие, зилотизам или нешто трето?

Лица кои се претставувале како верници на МПЦ-ОА, од Преспанско-пелагониската епархија, повикуваат на палење и палат Библии за деца, само затоа што биле напишани од автори кои не се православни, пренесува Религија.мк.

Иако Библиите се издадени и рецензирани од високо еминентни професори по Теологија од Богословскиот факултет и се со благослов на МПЦ-ОА, тие сметаат дека таквите книги треба да бидат јавно запалени.

Повикот преку Фејсбук го објавил извесен К.П., кој напишал: „Браќа и сестри, доколку му подарија ваква библија на вашето дете денес, најмалку што можете да направите за вашето дете , а и за вас, е да ја фрлите или запалите. Толку“.

На неговиот пост во коментарите е прикачено и видео во кое друг корисник на социјалната мрежа пали два примерока на оваа книга, а како наслов на видеото напишал: „Православие или смрт“.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.143
Професија свештеник една од најбараните во Романија.

Професијата свештеник е една од најбараните во Романија, според истражување објавено во „Антена опсервер“.
Податоците говорат дека поп со средно образование заработува околу 4.000 леи (815 евра), а оној со високо образование – околу 5.000 леи (1.020 евра).
Износот може да се зголемува зависно од акумулираниот стаж, па да достигне и десетици илјади леи месечно, за повисоките позиции во Романската православна црква.
Патријархот Даниел, кој раководи со црковната хиерархија, има плата слична на онаа на претседателот на Сенатот или на претседателот на Домот на пратеници.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom