Македонија | 3. мај 2013 - 16:45
Велики Петок во Прилеп
Велики Петок – ден на строг пост, денеска спасителот Исус Христос, по распетието, е положен за погребение.
Страсната, според Библијата, а Страшната, според народот, седмица – привршува. По вчерашното вапсување на велгденските јајца, како симбол на воскресението Христово, денешниот ден, Велики Петок, всушност е и последно земно простување на верниците од архипастирот Исус Христос, кој на крст пострада заради човечките гревови.
По повеќе од 2000 години, христијанските верници, на овој ден ја целиваат Исусовата плаштеница. Понизно, со многу тага и во строг пост, но, и со исконска радост заради најавеното воскресение, и прилепчани, денеска, масовно ги посетуваа Божјите храмови.
Вака беше годинава, така беше лани, така беше и во претходните години, а така е веќе две ери. Верниците, а меѓу нив и се повеќе млади, кои со силна понизност, но, и со исконска верба во Бога, свесни дека светот се повеќе се губи во критериумите за моралното, покајанието и прошката ја бараат во духовното смирение и кртокост на Божјите храмови.
http://www.sitel.com.mk/veliki-petok-vo-prilep
--- надополнето: 3 мај 2013 во 17:33 ---
Благодатниот оган доказ дека Бог е со православните
пред 2 часа
Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина).
Интересно е тоа што во оние години кога Велигден сите христијански верници го празнуваат во ист ден, а со самото тоа и припадници на различните христијански вери се во храмот Христово Вскресение благодатниот оган се симнува само на православните патријарси.
Литанијата (црковната церемонија) на Светиот оган започнува приближно 24 часа пред почетокот на Православната Пасха, која, како што е познато е подвижен празник.
Во храмот на Господовиот Гроб се собираат поклоници, кои сакаат со свои очи да го видат слегувањето на Благодатниот оган. Меѓу присутните има многу инославни христијани, муслимани, атеисти. Церемонијата е следена од еврејската полиција. Во самиот храм се собираат до 10 илјади луѓе, целиот плоштад пред него и галериите на околните згради се исполнети со народ.
Во храмот влегува литијата. На крајот од литијата врви православниот Патријарх придружуван од ерменскиот Патријарх и свештенослужители. Литијата минува покрај сите значајни места во храмот: светата гора, каде што бил предаден Христос, местото каде што бил биен од римските војници, Голгота – каде што бил распнат, каменот на Помазанието, на кое телото Му било приготвено за погребение. Литијата стигнува до Кукувлијата и ја обиколкува три пати. После тоа православниот Патријарх пред влезот во Кукувлијата ги соблекува одеждите и останува само по подрасник за да се види дека не внесува во пештерата кибрит или што и да е друго што може да запали оган. Во турско време вообичаената „контрола“ се спроведувала од турските јаничари кои го претресувале патријархот пред неговото влегување во Кукувлијата. Со надеж дека ќе ги фатат православните во измама, градската муслиманска власт поставувала насекаде низ храмот турски војници со голи јатагани, спремни да му отсечат глава на секој што ќе го забележат дека внесува или пали оган. Но, никој не бил фатен во тоа, во целата историја на турското владеење.
Потоа Патријархот поминува низ контрола на израелските полицајци. Малку пред влегувањето на патријархот еден служител внесува во пештерата големо кандило, во кое треба да се запали главниот оган, и 33 свеќи – според бројот на годините на земниот живот на Спасителот. После тоа, православниот и ерменскиот Патријарх (последниот исто така го соблекува горното одејание пред да влезе во пештерата) влегуваат внатре. Однадвор ги запечатуваат со големо парче восок и ставаат црвена лента на вратата; православните свештенослужители ги ставаат врз восокот своите печати. Во тоа време во храмот се гаси светло и настапува напрегната тишина – се чека. Присутните се молат и ги исповедаат своите гревови, молејќи се на Господ да даде Благодатен оган. Сите, кои се наоѓаат во храмот очекуваат трпеливо Патријархот да излезе со Оган во рацете. Впрочем, мнозина чекаат не само со трпение, но и со страв и трепет: според преданието на Ерусалимската Црква се смета дека денот кога Благодатниот оган нема да слезе, ќе биде последен за луѓето во храмот, а самиот храм ќе биде разрушен. Поради тоа поклониците вообичаено се причестуваат пред доаѓањето на ова свето место.
Молитвата и обредот продолжуваат до моментот кога се извршува чудото, очекувано од сите. Во различни години, мачното чекање траело од пет минути до неколку часа.
Слегувањето на Огнот
Пред слегувањето на Огнот храмот започнува да се озарува со блескави пламени на Благодатна Светлина, тука и таму се појавуваат мали светкавици. При забавен кадар се гледа многу подобро дека тие излегуваат од различни места во храмот – од иконата, која стои над Кукувлијата, од куполата на храмот, од прозорците и други места, и исполнуваат сѐ наоколу со силна светлина. Освен тоа, меѓу столбовите и карпите блеснуваат молњи, кои не ги повредуваат луѓето што стојат во храмот.
Само за миг целиот храм се исполнува со молњи и светкавици, кои струјат по карпите и столбовите надолу и се собираат во подножјето на храмот и се разлеваат по плоштадот меѓу луѓето што се молат. Истовремено се палат свеќите на луѓето во внатрешноста на храмот и на оние однадвор од храмот, кандилата на двете страни од Кукувлијата се запалуваат сами (со исклучок на 13-те католички) како и некои други во самиот храм.
„…Огнот пулсира и дише, а од отворот во куполата на храмот од небото врз Гробот се спушта вертикален широк сноп светлина“. Храмот или одделни негови места се исполнети со светлина, која не се споредува со ништо – тоа е светлината за која се верува дека се јавила за прв пат на самото Воскресение Христово. Во тој момент дверите на Гробот се отвораат и излегува Патријархот, благословувајќи ги собраните и раздавајќи им од Благодатниот оган.
За тоа како се запалува Благодатниот оган раскажуваат самите Патријарси: „Кога вратите зад мене се затворија, внатре владееше потполна темнина. Светлина се провлекуваше само преку две мали странични дупки. Одеднаш врз мермерната плоча на Господовиот Гроб забележав посветла точка. Го отворив молитвеникот и видов дека спокојно можам да читам. Плочата врз Гробот стануваше посветла. Потоа, врз неа почнаа да засветлуваат разнобојни бисерчиња. Тие се соединуваа едно со друго. Од целата плоча струеше светлина. Го допрев памукот по неговата површина и тој беше загреан. Се допрев до него со крајот на свеќа и се запали, мислиш беше барут“.
Јеромонах Мелетиј ги цитира зборовите на архиепископот Мисаил: „Откако влегов во Светиот Гроб Господов, видов врз целата гробна плоча да блешти светлина, подобна на распрснати ситни бисери, обоени во бело, сино, црвено и други бои; тие се слеваа во едно, поцрвенуваа и стануваа пламен… и токму од тој пламен се палат приготвените
кандила и свеќи“.
Уште кога Патријархот е во Кукувлијата, служителите земаат од него оган низ специјални отвори и го разнесуваат низ храмот; огнениот круг постепено се распространува низ целиот храм. Иако не сите ги запалуваат свеќите од Патријархот, кај некои тие се палат сами.
Еден од присутните забележува дека свеќите на жената која стои до него се запалуваат три пати сами, и таа два пати се обидувала напразно да ги изгаси.
Првите 3 до 10 минути Благодатниот оган има восхитувачки својства – апсолутно не гори, независно од која свеќа и каде бил запален. Може да се види како луѓето буквално се мијат во овој Оган – си го допираат лицето, го земаат во раце, и тој не нанесува никаква повреда, дури ни косата не ја гори.
„Запалив на едно место 20 свеќи и си ја горев брадата со нив, и ниедно влакно не ми изгори; и ги изгаснав сите свеќи и ги запалив пак од други луѓе, и за трет пат ги запалив – и исто беше…“, пишува еден поклоник од пред четири века.
Капките восок кои паѓаат од свеќите, се нарекуваат од поклониците: „Благодатна роса“. Како спомен за чудото Божјо тие ќе останат на облеките на луѓето засекогаш, никакво перење и прашоци нема да ги измијат.
Луѓето, кои во тоа време се наоѓаат во храмот, се исполнети со неискажливо и со неспоредливо чувство на радост и духовно спокојство. Според зборовите на оние кои биле на плоштадот или во самиот храм во моментот на слегувањето на Огнот, чувствата во тој момент се фантастични – од храмот очевидците излегуваат како повторно родени. Особено интересно е дека рамнодушни не остануваат дури ни оние за кои чудото противречи на нивните убедувања.
Се случуваат и поретки чуда. Кадрите на еден од снимените филмови сведочи за направени исцеленија. Визуелно камерата демонстрира два такви случаеви – кај човек со деформирано распаднато уво, раната намачкана од Огнот заздравува пред нашите очи и увото добива нормален надворешен облик. Покажан е и случај на прогледување на слеп на двете очи после „миењето“ со Огнот.
Понатаму со благодатниот Оган ќе бидат запалени кандилата низ целиот Ерусалим, а со специјални авионски летови Огнот се доставува до Русија, Кипар, Грција и низ целиот свет.
Во блиските области до храмот на Божјиот Гроб свеќите и кандилата во храмовите се запалуваат сами.
http://denesen.mk/web/2013/05/03/blagodatniot-ogan-dokaz-deka-bog-e-so-pravoslavnite-2/