Велики Петок

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960


Беше тоа многу одамна, одамна пред многу векови, во една бучна ноќ во градот Ерусалим.
Пред резиденцијата на управителот Понтиј Пилат стоеше еден премален и изнемоштен човек со крвави лузни и модрици по целото тело. Тој иако не изгедаше претставително, сепак целото внимание беше насочено кон него.
Одеднаш се создаде голема бучава. Разбрануваната толпа на луѓе гласно и непрекинато викаше: "Распни го! Рапсни го!", "Ослободи ни го Барабас! А овој распни го!", "Ние немаме друг Цар, освен Цезарот.", "Ако го ослободиш овој, непријател си му на Цезарот!", "Распни го! Распни го!"
Имено, таа ноќ му се судеше на Назареќанецот Исус, за кого се ширеа гласини дека е долгоочекуваниот и пророкуваниот Месија, Спасителот на Израел и на целиот свет.

Тоа беше судењето на Исус Христос.

Вината не беше баш јасна. Никој не знаеше за што точно на овој човек му се суди. Едни велеа: "Овој човек рече дека може да го урне Храмот и повторно да го изгради за три дена". Други велеа: "Тој се претставува себе си дека е Цар", а трети велеа дека Исус се нарекувал Син Божји и се изедначувал со Бог.
Иако имаше повеќе обвиненија, сепак меѓу нив не се најдоа ни две усогласени за да можеше да се донесе правосилна пресуда.
Управителот Пилат рече: "Не наоѓам никаква вина во овој човек". Но толпата стануваше се погласна и погласна и тие не чекаа правна одлука од Пилат, туку само формална дозвола за да го распнат. Пилат се досети дека на секој празник управителот има обичај да амнестира еден затвореник, па го предложи Исус и уште еден прочуен затвореник по име Барабас. Но првосвештениците и старешините го наговорија народот да го измоли Барабас, а Исус да биде распнат.
По долго двоумење и натегање, Пилат зеде еден сад со вода, ги изми рацете пред народот, се огради од вината за убиството на овој праведник и дозволи да биде распнат. Тогаш целиот народ извика: "Неговата крв нека биде на нас и на нашите деца!"
Тогаш Пилат им го ослободи разбојникот Барабас, а Исуса, откако го бичуваа, им Го предаде да го распнат.


Мнозинството од топлата не знаеше Кој е всушност Тој Човек и Кого тие всушност судат, но сите имаа можност да видат или барем да чујат за многубројните чуда кои Тој ги беше направил низ Галилеја.
Некои се сомневаа дали е навистина Тој истиот Исус, и ако е Тој, тогаш зошто не ја употребува Својата моќ за да се ослободи од лажните обвиненија и од смртната пресуда која штотуку Му беше пресудена. Некои си велеа: "Сигурно им дозволува привремено, за да им ги види намерите, да ги искуша, но пред да Го распнат, тогаш сигурно ќе се ослободи." Баш како во америчките филмови, кога супер херојот е речиси поразен, но на крајот прави спектакуларен пресврт и ги соборува сите. И затоа го следеа се до крстот, во исчекување да видат уште едно од Неговите спектакуларни чуда. Но не видоа.
Малкумина пак знаеа Кој навистина Тој е. Но тие исто така се чудеа зошто Исус молчи, зошто не повика ангелска војска од небото и да ги погуби сите овие кои зинале по Неговиот живот.
Каква е оваа иронија, размислуваа тие.



Тоа беше Божјиот Син, Исус Христос, Создателот на светот.

Луѓе грешници Му судеа на Праведниот Судија над судиите, пред кого сè што дише или дишело еден ден ќе се појави на Суд.
Каква иронија, Господ да стои пред своите созданија, а тие да му досудат смртна казна. Дали е тоа целата приказна, толку нелогична и збунувачка?
Не! Тоа не е целата приказна. Зад целата оваа велипеточна драма се криеше нешто многу поголемо, поважно и посериозно. Во тој момент, додека луѓето Му судеа на Исус, паралелно се случуваше уште едно судење, многу подлабоко и посуштинско.

Бог му судеше на човекот.

Бог Му судеше на Последниот Адам, Човечкиот Син во Исус Христос.
Но кој е тој Последен Адам? Зошто Бог му суди нему?
Првиот Адам, заедно со својата жена Ева, многу многу одамна направија сериозно погрешен избор со катастрофални последици. Се побунтуваа против Бог, поверуваа на лагите на Сатаната, ја изневерија Божјата љубов и посакаа и тие да станат богови, еднакви со Бог. Тоа беше првиот грев, за кој Бог им вети дека ако го направат, ќе мораат да се ракуваат со смртта.
Смртта е казната за гревот, а со гревот сме заразени сите, бидејќи Адам и Ева се заеднички прародители на сите луѓе.
Правдата и Светоста на Бог побараа смрт од Адам и Ева, но Милиста и Љубовта Божја побараа одложување на оваа пресуда. Одложувањето беше закажано за Велики Петок, а одреденото местото за извршување на пресудата беше - Голгота.



Еден праведен човек згреши и Божјата Правда побара еден праведен човек да ја плати казната за тој грев. Доброволецот, жртвеното Јагне, беше токму Тој, Исус Христос, врз чии плеќи беше натоварен целиот грев на човештвото.
Го измачуваа, а Тој не се противеше и не ја отвори Својата уста. Го одведоа како јагне на колење, како овца нема пред оние што ја стрижат. Не ја отвори Својата уста.
Иако беше целиот премален, столчен и раскинат од камшикувањето и безмилосното тепање, Тој сепак храбро го носеше Својот крст и одлучно гледаше кон Голгота, нестрплив да го закова на крстот тешкиот грев на човештвото.
Тој на својот грб ги носеше и гревовите на оние кои против Него викаа: "Распни го! Распни го!", не знаејќи дека Тој ќе биде распнат и заради нив, заради нивните престапи и гревови. Сепак Тој тоа не им го зема за грев и на крстот рече: "Прости им Татко, не знаат што прават!"

Колкава само љубов беше собрана во еден човек. Како ли може да им прости? Зошто би сакал да им прости? Пак да ги сака оние кои на смрт го испратија?
Каква ли љубов беше таа? Да го дадеш својот живот за некој кој со чекан ти набива клинци во рацете и нозете и те распнува да висиш и да искрвариш на крст пред очите на твојата мајка, роднините и пријателите. Сигурно не човечка. Што ли ги задржа клинците во моќните раце Христови?



Тоа беше Божјата Љубов.

Неискажлива со човеки зборови, но ветувана од дамнии, пророкувана од пророците и најпосле потврдена од Исус Христос.
Тој во една прилика рече: "Бог толку ги возљуби луѓето од светот, што го даде Својот Единороден Син, за секој кој верува во Него, да не загине, туку да има живот вечен!"
"За секој кој верува во Него" Бог му ветува вечен живот. Каква радосна вест од устата на Бог!
Голготскиот крст не беше наменет за Исус, бидејќи Тој не направи никаков грев. Но ние, јас и ти, имаме еден куп гревови зад себе и којзнае уште колку пред нас.
Тој крст беше нашиот крст, мојот и твојот.
Разбојникот Барабас сме токму ние, јас и ти, сите луѓе.
Еден крст беше определен. Или Барабас, или Исус.
Разбојникот беше ослободен, а Праведникот распнат.
Барабас беше ослободен заради Христовата пожртвителна љубов, со чија сила, Тој ги рашири Своите раце на крстот, на местото на Барабас.
Тие раширени раце Христови до ден денес претставуваат отворена прегратка за секој грешник кој се кае. Во нив има љубов за целиот свет.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Многумина прочитав денеска посакуваат честитки за празникот што е сосема погрешно , ова се денови на жалост денес и утре се тагува а од недела доаѓа радоста за спасенијето ..
денови на Пасха и страдание ...
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
да, да, овие се најтажни и најмачни денови за христијаните.
строг пост е и кој не е по постењето толку мислам дека овие денови (вчера, денес и утре) пости.
и јас прочитав дека некои си честитаат, јајца вапцани видов некои носеа што мислам дека тоа не се прави до недела.
али што е тука е.....
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
Тоа беше Божјиот Син, Исус Христос, Создателот на светот.
Зар не го создаде Отецот светот.

Одличен текст Чорба.Жално е тоа што Господ Исус пострада и умре за нас грешниците а до денешно време се повеќе има луѓе кој се откажуваат од верата и се безбожници,атеисти кој тие не веруваат па и другите ги одвраќаат од верата.Но верувам дека до второто доаѓање божјиот гнев ќе биде врз нив.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Зар не го создаде Отецот светот.
Отецот во соработка со Синот или преку Синот. Фала за корекцијата, ќе го поправам текстот.

„Тој (Исус Христос) е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него.“ (Колошаните 1:16, Библијата)

„Бог, Кој од стари времиња, многупати и на многу начини, им зборуваше на нашите татковци преку пророците, во последниве денови ни зборуваше преку Синот, Кого Го постави за наследник на сè и преку Кого ги создаде и вековите.“ (Евреите 1:2, Библијата)

„Во почеток беше Словото (Исус), и Словото беше во Бога, и Словото беше Бог. Тоа беше во почетокот во Бога. Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него... Беше во светот, и светот настана преку Него, но светот не Го позна.“ (ев. Јован 1:1,3,10, Библијата)

Но верувам дека до второто доаѓање божјиот гнев ќе биде врз нив.
Подобро верувај дека многумина од нив ќе се покајат и Божјата милост ќе биде врз нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom