Anon
/b/ House /b/
- Член од
- 13 декември 2007
- Мислења
- 16.700
- Поени од реакции
- 27.627
Последниве години, вежбите со сопствено тело се тотално ставени во сенка и омаловажувани. Зошто? За да цветаат теретаните. Сите почнаа да одат по теретани мислејќи дека тоа е единствениот начин да се ослабе и да се дојде до поголема мускулна маса. Немам ништо против (а може и да имам, читај) одењето во теретана и вежбањето со тегови меѓутоа мислам дека не треба да се занемаруваат вежбите со сопствено тело. Споредено со одењето во теретана, вежбите со сопствено тело имаат многу предности. Прво, одењето во теретана ви троши повеќе време а и многу повеќе пари. Второ, ќе почнете да се навлекувате на гејнери, мејнери, креатини, шејкови, суплементи и слично. Трето, вежбањето со тегови е најмногу сконцентрирано на мускулите а ги занемарува тетивите и зглобовите. Поради ова, многу полесно се доаѓа до повреди и константна болка која поискусните сигурно ја имаат осетено. Четврто, вежбите со сопствено тело може да се прават секаде и за повеќето од нив не е потребна додатна опрема.
Да не ви дрндам уште, знам дека повеќето билдери ќе ми се нафрлите, следат најдобрите вежби со сопствено тело:
Склекови (push-ups)
За многумина најдобрата вежба на сите времиња. Не е за џабе основна во војска. Кога ја правите оваа вежба ви се активираат голем број на мускули од горниот дел на телото: градите, трицепсите, рамениците. Но, во правилна форма се зацврстува и целото тело. Како се изведува правилно:
Кога правите склековите бидете сконцентрирани, и целото тело зацврстено. Доколку ве боли кичма или зглобови, нешто правите погрешно.
Чучњеви (squats)
Билдерите со големо искуство знаат дека без чучњеви не бива. За жал, доста потценета вежба особено од рајата во Македонија која си оди во теретана само колку да изгледа јако во горниот дел од телото, нозете кој ги ебе. Без чучњеви нема прогрес. Се мисли дека чучњевите ги работат мускулите само на нозете меѓутоа како и склекот, целото тело се зацврстува. За оваа вежба признавам, кога се прави без тегови нема голем раст на мускулите. Но има други потешки варијации кои помагаат околу тоа. Како се изведува правилно:
Има многу полемики околу тоа дали треба да се клекнува скроз до доле, нема да навлагам околу тоа бидејќи не знам гуглајте или некој друг во темава ќе не просветли. Најбитно е грбот да не ви биде заоблен и кога клекнувате колениците да не одат подалеку од прстите на нозете.
Plank (мислам дека немаме соодветен македонски збор)
Ми беше омилена пред да ги засакам склековите. Правилно изведен plank ги активира мускулите од јадрото на телото, абдоменот, грбот, рамениците. Почнете со 30 секунди па пополека накачувајте до една минута. Како се изведува правилно:
http://www.telegraph.co.uk/men/active/10378192/Best-bodyweight-exercises.html (4)
И кај plank-от треба да сте целосно зацврстени и после одредено време да осетите како ви работат стомачните мускули. Бидете во права линија и внимавајте да не сте наведнати доле до подот или пак задникот да ви е нагоре. Ако ве боли кичма или ви се тресе цело тело, прекинете со вежбата и пробајте полесна варијанта се додека не станете поцврсти.
Згибови (pull-ups)
Една од потешките. Како беше она од шаолин монковите, вистинскиот маж може да направи pull-up. Најдобрата вежба за горниот дел од грбот: делтоиди, трапези а исто така и бицепс и абдомен. Како се изведува правилно:
http://www.telegraph.co.uk/men/active/10378192/Best-bodyweight-exercises.html (3)
Во случај да не можете да правите некоја од вежбите, не тагувајте. За сите вежби има полесни и потешки варијанти кои ќе ви помогнат да можете да ја изведувате правилно а и да изведувате потешки варијанти од истата. Ви препорачувам да си ја "купите" (lol piratebay) книгата Convict Conditioning. Во неа ќе прочитате како авторот минал 20 години во затвор и посветил добар дел од времето на вежби со сопствено тело. Ги имате полесните и потешките варијанти од горниве вежби а и 3 други (leg raises, мостови и склекови со стој на раце).