Загревањето треба да биде кратко и ефективно. Има различни размислувања за тоа како треба да се загреваш. Муабетот со загревањето е да им се "каже" на мускулите дека следува нешто напорно за нив, за да се припремат. Затоа, логично е загревањето да бидат всушност истите вежби кои се дел од тренингот (или полесни вариации), само во помали количини. Што вежбаш ти по дома? На пример ако вежбањето ти се состои од 3x15 чучњеви, 3x10 склекови, загревањето може да ти биде 1x10 чучњеви, 1x7 склекови.
Објаснето ви е и ова во Convict Conditioning, симнете ја
Авторот на Convict Conditioning вели дека повеќе од 2 или 3 серии не се потребни. So there's that.
Колку време вежбаш? Како ти изгледа еден просечен тренинг моментално?
Ако си почетник, тресењето на раце ти е нормално. Едноставно мускулите не ти се навикнати на ваков напор и треба да си посконцентриран и да не претеруваш. Ако не си почетник а ти се тресат рацете, претеруваш со вежбањето. На крај краева пробај да правиш поедноставни варијанти на склековите (Convict Codinitioning just download it already) и полека прогресирај.
Одморот од една минута за почетник е малце, меѓутоа не верувам дека тоа е причината за тресење на рацете. Јас би ти препорачал одмор од 2-3 минути помеѓу сериите па со тек на време намалувај го. Дишењето се знае, како што се спушташ вдишуваш, како што се креваш издишуваш.