Не те разбрав баш што точно мислеше под поимот „портал“, али ајде да пробаме да ја наредиме...
Ако си тотален почетник, мораш да научиш HTML и CSS, па откако ќе ги научиш нив можеш да преминеш на PHP и пожелно е и JavaScript (или пак на некој друг програмски јазик).
Значи грубо кажано, со HTML и CSS (описните јазици) го правиш изгледот на сајтот, а со програмскиот јазик ја правиш функционалноста на сајтот.
Ако веќе ги знаеш HTML и CSS и како што викаш ти сакаш да е во PHP, тогаш можеш да прочиташ повеќе на
официјалниот сајт на PHP и да ја прочиташ официјалната
PHP документација.
Други линкови поврзани со PHP:
-
PHP getting help
-
W3Schools PHP
-
PHP Frameworks
-
PHP Wikipedia
Е сега, бидејки PHP се извршува на сервер, за тоа ќе ти треба и
Apache сервер.
Ако си почетник, за да не се испогубиш ептен, најдобро би било да инсталираш
WAMP Server (Windows, Apache, MySQL, PHP со интегриран phpMyAdmin) или пак ако користиш Linux оперативен систем инсталирај LAMP Server.
Следно, откако ќе научиш (или пак ако веќе знаеш) PHP, можеш да преминеш на MySQL (или некоја друга база на податоци), за ова ќе ти треба да знаеш SQL (како за почеток мислам дека
W3Schools SQL ќе ти заврши работа).
Е сега, ти спомна дека сакаш да направиш портал, ако си почетник подобро првин научи статички сајтови, па после премини на динамички сајтови, портали и слично.
vlatko_95 напиша:
Е сега да ми дадете некој почеток, ако може да ми дадете некој портал да го видам како е направен, да го разгледам кодот и сл. Неможам да најдам никаде вакво нешто. Би сакал да е во php.
За болдираното: Можеш да го видиш кодот на Joomla, WordPress, Drupal, MODx... и сите CMS кои што се со OpenSource.
Е сега, не кажа што знаеш, што незнаеш, што точно ти треба... такада незнам колку ова ќе ти заврши работа, ама ако имаш нешто нејасно... прашувај па ќе пробаме да ја наредиме.