Ваши приоритети?

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Темава ќе ја започнам со еден интересен тест па после ќе дискутираме дали е тоа точно или не.

Еве го тестот:


Тест за приоритет

Кои се приоритетите во вашиот живот? Често влегувате во ситуации кога донесувате одлуки без ни малку размислување а ова е вистинскиот момент за да дознаете каква личност сте.

Што прво би направиле ако сте во ситуација каде што:

- Бебето плаче
- Облеката ви се суши надвор а само што почнало да врне
- Водата тече од чешмата
- Ѕвончето ви ѕвони
- Телефонот ви ѕвони

Размислете што прво би направиле, а што второ и така натаму. Запишете си за да можете да го видите објаснувањето.













Еве ги резултатите:

__________________________________________________________
Секоја од ситуациите ги претставува приоритетите кои ги имате поставено во вашиот живот. Погледнете ја следната табела за да видите кој приоритет ја претставува дадената ситуација.


Ситуација =====>Приоритет
Ќе се јавите на телефонот =====> Кариера или работа
Ќе видите кој е на вратата=====> Пријатели или роднини
Ќе ја земете облеката =====> Секс
Ќе одите кај бебето =====> Фамилија
Ќе ја затворите чешмата=====> Имот


Ако првото нешто што го одбравте е да се јавите на телефонот тогаш вашиот најголем приоритет во вашиот живот е вашата кариера или работа. Скоро исто и ако четвртата ситуација што ја одбравте е да му помогнете на бебето тогаш вашиот четврт приоритет ви е фамилијата.


Е сега да анализираме:

Како стојат вашите приоритети? Што вели тестот?

Како ќе ги подредите: кариера или работа, пријатели или роднини, секс, фамилија и имот по ред од 1 до 5.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.614
Поени од реакции
5.283
1.Ќе проверам околу бебето
2.Ќе отворам на врата тој што ѕвони
3.Ќе се јавам на телефон
4.Ќе ја земам облеката
5.Ќе ја затворам чешмата..(btw ако не ја искршам:))
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
прво ќе појдам кај бебето сигурно...
па телефонот
па врата ќе отворам
па чешмата
па облека
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
1.Ќе ја затворам чешмата
2.Ќе се јавам на телефон
3.Ќе ја отворам вратата
4.Ќе го смирам бебето
5.На крај одам по облеката
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
1.бебето(нема смисла да плаче)
2.облеката(ќе требаше да чекам уште денови да се суши)
3.вратата(да не кидне тој што ѕвони)
4.чешмата(сеа ја слушнав зашо досеа трчав навака натака)
5.телефонот(не се замарам мн пошо и онака можам да се јавам ја)

Скоро и ќе се согласам со резултативе, освееен би ја ставила кариерата пред името и пријателите пред сексот.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
1. Ќе појдам кај бебето за да не плаче. (фамилија)
2. Ќе отворам врата да видам кој ѕвони. (пријатели или роднини)
3. Ќе се јавам на телефон ако не прекинал да ѕвони. (кариера или работа)
4. Ќе ги соберам алиштата. (секс)
5. Ќе ја запрам водата да не тече. (имот)

Па, горе-долу можеби може да се каже дека е така.
 
F

Foxy`BuTTerFLY

Гостин
се двоумам меѓу бебето и телефонот но сепак бебето, па телефонот. потоа иде вратата ќе ја сопрам водата и ќе ги соберам алиштата
многу интересна тема инаку..:salut:
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
1. имот
2. кариера
3. пријатели и роднини
4. секс
5. фамилија

weird
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
1.Бебето плаче.
Без двоумење прво бебето, тоа би ми било најбитно во моментот.
2.Телефонот ви ѕвони
Можеби е нешто итно, некој ме бара, тоа би ми било второ.
3.Ѕвончето ви ѕвони
Ќе отидам да видам кој е, нема смисла да го оставам човекот да виси пред врата.
4.Водата тече од чешмата
Ќе ја затворам додека не ми се поплавило се.:pos:
5.Облеката ви се суши надвор а само што почнало да врне
Ова ми е најмалце битно, затоа е и последно, врнело-врнело, пак ќе се исуши облеката.

Значи испадна овака:
Фамилија
Кариера или работа
Пријатели или роднини
Имот
Секс


Па воглавно е точно, само што роднините и пријателите ми се пред кариера и работа.
 

*^Ѕверче^*

**InVaLid TiTle**
Член од
15 февруари 2008
Мислења
168
Поени од реакции
10
1.Фамилија
2.Кариера или работа
3.Пријатели и роднини
4.Секс
5.Имот
 

Мар мар

Take me to paradise
Член од
9 август 2006
Мислења
1.294
Поени од реакции
11
Прво ќе одам кај бебето, па ќе видам кој ѕвони на врата, па ќе се јавам на телефон, додека зборувам на телефон ќе ја затворам чешмата и на крај ќе ги соберам алиштата.
Значи би било
1. фамилија
2. пријатели или роднини
3.кариера или работа
4. имот
5. секс
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
1.ќе одам кај бебето-фамилијата
2.ќе се јавам на телефон-кариера или работа
3.дури зборам на тел ќе отворам врата-пријатели и роднини
4.па ќе ја затворам чешмата-имот
5.на крај ако не ги заборавам алиштата ќе ги соберам-секс:pipi:
 
A

Anck-Su-Namun

Гостин
1.Ќе ја затворам чешмата
2.Ќе се јавам на телефон
3.Ќе ја отворам вратата
4.Ќе го смирам бебето
5.На крај одам по облеката
лееј не ми се верува. можно ли е исто да размислуваме? :):):)

значи и за мене важи ова истово. :)

1. имот
2. кариера, работа
3. пријатели, роднини
4. фамилија
5. секс
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
1. Одам кај бебето;
2. Ќе се јавам на телефон пред да престане да ѕвони;
3. Ќе одам да видам на врата кој ми ѕвони;
4. Ќе ја затворам чешмата која сигурно ептен ме изнервирала до тогаш;
5. И на крај ќе одам по облеката, која е најмалку вредна во случајов.

Да не е морално да се подредат работиве, само по бебето би пошла. Врата не отварам, на телефон не кревам на секој некој, чешма не оставам да тече, а алиштата па ако ми се накиснат - ич не ми е гајле:pusi:
 

doti4nata

Drama Queen
Член од
25 септември 2005
Мислења
3.390
Поени од реакции
35
1. Секако прво бебето.
2. Пошто имам безжичен фон, ќе се јавам и потоа...
3. Ќе отворам врата.
4. Обично не оставам чешми, али ме нервираат кога течат, така да...
5. Облеката, не се замарам мн со облека дали ќе накисне или не.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom