Ова се деси во Средата.
Имавме час по физика - повторување. Сите се тресиме пошо нов професор не знаеме како испитува и детево што седи до мене ми вика:
„ Еј, Катја ај да ти ја раскажам последнава лекција пошо ич не ја знам“.
И јас му викам важи бе ајде почни..
Последната лекција беше нешо за фрекфенција арно ама, детево да не може да каже фрекфенција туку
фрекференција. Раскажува тој јас го слушам.. и кога заврши му викам: „Ајде бе кажи фрекфенција!“ и тој
фрекференција јас запаѓам од смеење а овој тажен ми вика ајде ма научи ме како да викам
фрекференција правилно.
И јас му викам ајде повторувај по мене.. фенција, фенција, фенција - фрекфенција. Се научи малку да вика

Влегува професорот и овој: „Леле, страв ми е може мене да ме стане“. Јас му викам седи бе не треси.
И ко за малер го прозива него.. излегува овој на табла и му вика професорот ајде последната лекција за фрекфенција!
И почна овој.. раскажува, раскажува.. и само на сред раскажување..
„.. и тоа е всушност фенција, фенција, фенција - фрекфенција!“
:poos: :poos: :poos: :poos: :poos: :poos: