Ваше гледање на АРХНето.

Fastyofficial

Егизстенцијалист
Член од
24 март 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
Здраво, мои кајганџии.Со овој профил, ќе имам поинаков пристап кон вас, како публика, другари, следбеници, и тн.Овојпат решив да ве чепнам на тема филозофија.
АРХН (архе) е всушност нешто што означува, праоснова на светот.-Метафорички збориме.
Јас пред се како егзистенцијалист, се занимавам со проблемот на слободата.
Што е слобода?Како може да се достигне ниво на апсолутна слобода на секој граѓанин во светот?Зашто?Кога ќе биде светот спремен за тоа и сл.
За мене праоснова на светот би бил, оганот. Но од мој аспект гледано тој метафорички оган, претставува страста и љубовта од коишто овој свет настанал.
(Секако на ова би рекле : ако овој свет е од љубов настанат, тогаш која е смислата да се водат војни, ирак,либија,палестина,египет,косово,босна,крим, итн.)
-Иронично додавам, епа кога „господ“ го создал доброто, по грешка му се лизнало нешто од рака и настанало и лошото.
ШТО Е ЗА ВАС АРХЕ
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Идеален копнеж за постојано усовршување, чекорење кон совршенството но никогаш не достигнувајќи го тој идеален стадиум.

Имено, самата слобода на човекот се содржи во изборот и можностите кои му се пружаат. Меѓутоа со чекорење кон тој идеален свет на мир, хармонија и еднаквост, можностите ќе му се намалат. Можеби престрого би било да се рече дека во хаосот најдобро е да се пронајде човековата слобода (бидејќи тоа веќе би граничело со анархизам или оклократија што лично не го оправдувам воопшто на ниеден начин), меѓутоа во еден таков идеален свет како што го нареков, би се изгубила слободата на човекот. Според мене светот е поставен на многу добар начин. Важно е да се одржи рамнотежата во секој поглед, добар и лош, а таа рамнотежа секогаш останува помалку или повеќе одржана, свесно или несвесно поткрепена од индивидуалците.

Иронично, би рекол, е тоа што толку луѓе сметаат дека општеството треба да се стреми кон совршенството, кога всушност според мене одлично е поставен животот. Колку повеќе чекориш кон совршеноста, толку повеќе се поставува таа рамнотежа, меѓутоа не во поглед на еднаквост на луѓето, туку во поглед на добро и зло, тешко и лесно и сл. Човекот како човек се повеќе се стекнува со таа слобода, иако не е свесен. А тоа што е несвесно за него, а воедно според мене многу интересно, е како со чекорење кон идеалноста се повеќе се дознаваме себеси и ја полека ја откриваме општата потреба од таа рамнотежа. Хиерархиското подредување на работите е клучно за оваа рамнотежа, тргнувајќи од најмоќниот до најслабиот, колку и да звучи контрадикторно. Меѓутоа она што ќе ја "активира" рамнотежата преку хиерархијата е можноста индивидуалецот да се стекне со поголема моќ (сега нема да зборувам на кој начин може да се стекне со таа моќ бидејќи се граничи со друга тема и би требало преопширно да зборам). Според мене токму во тоа е слободата на човекот. Можноста да се искачуваш на врвот на таа хиерархија го претставува она АРХЕ кое постои од самиот зачеток на цивилизацијата, до ден-денес, а сепак е толку запоставено и ставено во втор план од мнозинството луѓе.

П.с: Знам дека имам некои недостатоци и flaws у ова, али не е лесно да го пополнам со зборови начинот на кој размислувам во главата :)
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
За мене АРХЕ претставува енергијата како двигател на постоењето и на се што денес постои. Од самиот настанок на планетата Земја (па и сите останати планети и ѕвезди) преку формирањето на јадрото, на атмосферата, на водата, првите праорганизми, диносаурусите па до самиот човек. Енергијата создава и уништува но никогаш не исчезнува.
 

Fastyofficial

Егизстенцијалист
Член од
24 март 2014
Мислења
6
Поени од реакции
0
ШТО Е СОВРШЕНСТВО?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom