Салатиче со праз и маслинки.
Леќа со сува лута чушка во тенџерето, не е на одмет од време на време и со к'баси.
Сарма со лоза лист или кисела зелка.
Посна сарма за лаиците тоа е сарма со кисела зелка ама наместо месо има праз.
Сукано, тегнето нема врска со спанаќ, сирење, зеље.
Пита пастмајлија (за тие лаиците од Штип да знаат дека у пита пастрмајлија се става и пастрма*) у Марија, Деспина или Сината сала.
Традиционална баклава (не тие измезелените туку кори, ораси и шербет друго ништо), кадаиф, так тук од време на време тулумби од Лалата или Жито Вардар (добри им се).
Боза или пак боза измешана со лимунада (не права туку направена од лимунов концентрат за блага и так тук по едно лимунче да се врти у садот).
*Пастрма - солено офчо месо, се подготвува на тој начин што месото од овца се посипува со крупна сол и стои така убаво затворена некој си 45 дена, а од време на време се проверува до каде е стигнато.
П.С. Додека го пишувам ова ми викаат ајде Сашко готова е дроб сармата сакаш ли во чинијата да ти ставам од тоа течноста за макање.