Тенка линија помеѓу...
Тагата и среќата,
насмевките и солзите,
благословувањето на животот
и неговото проколнување.
Уморен си од кревање,
а неможеш да се кренеш...
Тенка линија помеѓу
она што го сакаш,
и она што го мразиш,
она што го мислиш
и она што го правиш.
Уморен си од чекање,
а неможеш да дочекаш...
Тенка линија помеѓу
разумот и срцето,
желбите и забранетото,
посакувањето на нештото,
и истовремено одбивањето.
Уморен си да докажуваш,
а неможеш да докажеш...
Тенка линија помеѓу
она што те исполнува
и она што те празни,
она што те нервира
и крева до самите облаци.
Уморен си од објаснување,
а неможеш да објасниш...
Тенка линија помеѓу
стравот и храброста,
лудилото и сталоженоста,
прифаќањето на реалното,
но не и на реалноста.
Уморен си од преболување,
а неможеш да преболиш...
Тенка линија помеѓу
копнежот, страста,
и самоуништувањето,
она што си,
и она што те прават.
Уморен си од помирување,
а неможеш да се помириш...