Ваша поезија!

С

Сатори

Гостин
Не вреди да ме чуваш под стаклено ѕвоно,
ако дозволуваш силно ехо
и влага на моето лице.
Не вреди да ми дадеш сила
ако не знам како да ја искористам кога ќе ми треба,
кога ранлива ќе бидам.
Не вреди да се бориш,
за нешто што не е твое,
туку мое.
Не вреди да ме сакаш
ако јас не те сакам тебе.
Не вреди и јас да сакам некој кој не вреди да биде сакан...
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
веб колачиња и низи
јас чкембе-чорба киселина лук и црн бибер
ти палачинка јаболко цимет и бела нутела
јас ден сонце и насмевка
ти ноќ месечина и солзи
јас црно вино
ти водка-џус
јас дрога
ти религија
јас точак
ти автомобил
јас планина
ти езеро
јас лето
ти зима
јас ???
ти !!!
јас .
ти ,
јас воз
ти автобус
јас пијаница
ти алкохоличар
јас луле качак и кибрит
ти цигара и електрична запалка
јас само краток разговор по телефон
ти крцкање прсти на 150 букви и симболи
никако, никако \n, стави <br> за едноподругост
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Самурајот со тажни очи

Осамен Воин
се спрема за борба.
Кобната Зора
во заговор со Ноќта
го пресече
без милост Сонот
на овој Самурај тажен.

Мирис на зелен чај
набран
на планината страшна,
крај езерото
каде Богови
се капат голи
а, Демони ги
ѕиркаат скрушкум.

Избледени сенки
на црвениот ѕид
ја вежбаат
вештината на летање.
И, додека
капките вода
од чешмата в дворот
медитираат со
утринската светлина,
расцветаниот цвет
на црешата
танцува паѓајќи
на влажната земја.

Самурајот
со тажни очи,
полека го стега појасот
на телото складно.
Го зема в рака
и го става на рамо
својот меч,
својата Катана.
 

*БоРовИнкА*

јас не сум ЛУДА, јас ЛУДО живеам
Член од
20 јули 2007
Мислења
638
Поени од реакции
16
Mislitel

Lezese toj taka sam
taka sam i
razmisluvase vo temninata
razmisluvase vo tisinata
razmisluvase za prv pat
vo svojot zivot
za svojot zivot
bez da gi slusa drugite
bez voopsto da misli na niv

Lezese toj taka sam
razmisluvase kako
kako da gi presece koncite
koi sto nikogas
nikogas ne gi drzel sigurno
sigurno i cvrsto vo racete svoi
i nikogas ne resaval nisto
bez tuga pomos
bez tugi race da go zazemat
negovoto mesto vo
negovite misli
negovite cuvstva
negovite zborovi.

Lezese toj taka sam
i razmisluvase
dali i posledniot zdiv
da go potrosi na drugite
ili da go cuva za sebe
da go 4uva za sebe posledniot zdiv
kij treba da bide najdlabok
koj treba da bide najtopol
koj treba da bide najsilen
ednostavno ne znaese
dali toj go zasluzil toa,
bidejki toj ne ziveese za sebe
bidejki toj ziveese za drugite
bidejki toj bese mislitel....
 

Dark Angel

Unfaithfull to life...
Член од
14 јули 2006
Мислења
1.081
Поени од реакции
6
Солза

Црни прамени ми се растекуваат
бразди под очите
демек ќе вадат нечија си радост
од која немам капка.
По белите ридчиња итаат
да се вкотват таму негде
каде сите гомна се раѓаат
каде сите гасеници се претвораат,
за еден збор за една пеперутка
за само еден ден последен.
И уште надоле подлизнува спрепнува
се свива тагата во секое чуство
како мачка се лиже
се’ до срцето најдолу.
И таму ќе престане да вриска
ќе се изгуби длабоко во памукот,
кој знае ќе чуе ли срцето
кога сета соленост ќе се изгуби
низ прашоци и омекшивачи,
во мојата нова машина за алишта.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
And the poetry and madness
keeps me in life
despite all the mistakes i have made
I'm still the same
but ready for a change
because I'm better
when I'm punished
love is a mistake
that i need to pay
my soul is nothing
without you
my soul is sacrificed
in a temple
of your worship
my goddess
I'll keep on learning
till my soul is ready for burning
to hell or heaven
my soul is yours
till we pray
and keep on writing songs
my prays are now on my mistakes
to get me shaped up and
ready for my misery's
to undertake
If i don't love you
i wouldn't cry
if i didn't love you
i would say goodbye
and turn my back
like it wasn't nothing
or i won't given you my soul
or say you something
like i care about you and
I'll live to the last moment
Till the end of time
Give me punishment I'm willing to take
But don't take me the right to love you for god sake
I'm not a god I'm not perfect
I'm a man i make mistakes
And willing to change
Like the wind that changes
Warm and cold
I offer you my soul
For my words told
Even if my soul is sold
I sell it to the person that i love
And that's my punishment for the rest of my life
Drain me drain me
because I've made a crime
I'm locked up ready for my prime
That is you my beloved
And let the time pass
when i come undone the filling will last
I'm a scum I'm a hero
I'm in a point of starting from zero
My heart is a desert
Crying and crying this pain will not change
I need a rain
To borrow this filling so strange
The pain is the misery that my soul is taking
Is the same as yours even worse
God damn why always love is a curse
Why i mess up?What If i change for eternity would be better?
Would you love me like you always did?
Or I'm a scum that you needed to get rid?
borrow me then and in my grave
I don't need your tears that you can save
For another man that you love
i will stay peacefully there
eating my flesh
part by part
but my soul will remain
in love blessed
i won't fall down in the next test
Please please forgive I'm willing to change
Without you i give up
Join me for a new start...
To love is easy it ain't easy to walk away
 
С

Сатори

Гостин
Совршено излакирани нокти
и цигар во левата рака,
дим,
вдишување,
повлекување,
нефес,
издишување.

Музика уште рано на сабајле,
до доцна во утрото,
чад.

Откажување од мојата најсилна потреба
и
желба,
никогаш.

Нешто што ме спасува
нешто со што се лажам,
пепел врз тестатурата.

Острина низ грлото,
мала доза на живот
на задоволство,
сатисфакција,
лична слика на изопачен рај,
жаришта.

Аххх,
конечно цигар ова утро.​
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
Плочка,
на крајот на опера.
О,
смисло каде си?
Сакаш синови
како Него?
Ползачи како
Нејзе?
Три работи
кои немаат смисла
одделени
ни врзани?
Ебете се
мали моменти
што живот значат.
Ни големите браќа
ваши
не ме привлекуваат.

Сакам постам,
не знам кажам.
не знам речам.
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
Зајаче

Зад зградата закопавме зајаче
меко, мртво, подуено од зелено

Здрвените шепи
не ја откопаа земјата
Од опавчето заборавивме
да направиме амајлија

Во прегратките држев зајаче
живо, меко, скокотливо...
...свежо умртвено, обезводнето

Зад зградата засадивме зајаче
ушињата му ги натопивме со смола
и ги покривме со пластични шишиња
за да не му студи в зима

Зад зградата никнаа зајачиња
им накалемивме кратки црева
и остри заби

Зајачињата јадат изнутрици
- срца јадат

Зајачето со полно стомаче
по скалите навечер се качува
Не верува во привиди,
тоа сеуште е живо
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Кога ти треба некој и кога се чувстуваш тажен
погледни во ѕвездите
пронајди ја својата и биди снажен
допри ги
види како треперат и како твојата ѕвезда блеска
зашто твојата реалност во твојата глава ти донесува треска?
Солзите избриши ги не плачи
има личност кој на пиедесталот ќе те качи
погрижи се да ја најдеш и не се мачи
солзите вредат за тие што ги сакаш
а не за тие што љубов си дал
а за возврат ништо не си добил
и на крај твојата реалност ти ја здробил
Дали се чувстуваш како скрешено огледало
кое од твоите солзи се крши
а од друга пот таа тебе те пржи
се влева под твојата кожа
не те остава да дишеш
ништо не ти дава
освен една тага блага
која чека полека во тишината да замре
зашто оставаш таа сенка тебе да те фати
врати се во реалноста и сите маки скрати ги
остави го минатото зад себе
и погледни ги амбициите твои
само времето пред тебе
сите рани што ги имаш
ќе ги скрои
во една иднина во која ќе имаш се
има надеж
и љубовта не е одговор на се
за љубов не треба да молиш
само докажи се
ако вреди тоа да го освоиш
стави крв во една ружа обелена
за таа љубов да сцрвени и да расте
кога е најтешко подари и ја таа ружа
за љубовта да не спласне
и да е касно и да таа љубов е срушена
секогаш таа ружа ќе стои во градината недовршена
чекајки нега
од љубов таа никогаш не бега
љубовта никогаш не лаже
само кога боли
остај на времето само да си каже
Сега сакаш да живееш
И нови искуства сакаш да доживееш
ослободи се од тоа што те мачи
зашто ќе останеш во тој кафез
од твојата тврдоглавост и нестрпливост
ќе се скршиш самиот себе
остај се и дај си време
време за нов почеток
и остај времето да го каже своето

Let it be..
 

MorrisonKA

You need a fucking hobby, bitch!
Член од
23 март 2007
Мислења
815
Поени од реакции
27
Бегај одовде

Бегај одовде, бегај
пред да те распнат
на превртен крст.

Слечи го стравот
како змија и
прободи го
невиното срце
со сите болни
желби и илузии
во него.
Застани гола
пред сите
како ефтина курва
без шминка.
Пред да те плукне
в лице,
поради откриеноста грда
не барај сјај
в очите на Крвникот,
тие се веќе одамна мртви.
Пред да замавнеш
со сечилото
прашај го Мудрецот
што е храброст.
Ако незнае, убиј го
и нежали за тоа.
Потоа погребај го
делот од тебе
што згина заедно
со оној мудрион горе.
Паднатиот дожд
нека одново те крсти.
А, ако знае
послушај го
прави се храбра,
закопај го секој сомнеж
и секој облик на страв
па гази по коските
во калливата земја.

Не, сепак
бегај одовде, бегај
пред да те распнат
на превртен крст.
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
сакам да легнам на тие лажни гради кај што нема ништо,
само пот и солзи слеани под брадата,
кај што не изгрева никаква светлина
само молк во пулсот зарива,
а јас очекував да е барем...
Мажественост вистинска.
 

Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
BLUE EYES

Never saw something like those
blue eyes
wide open and bright
windows to a soul deep down
and a heart full of passion
a summer sky by day
and deepest lagoon by night
blue eyes...
blue eyes that mesmerized

Everlasting brightness in those
blue eyes
wide open and bright
the colour of the oceans
in a tropical day light
and a midnight blue skyes
dazzling with life and extasy
blue eyes...
blue eyes that mesmorized

Long for the sailor beneath those
blue eyes
wide open and bright
even when age enters the twightlight
those beautiful jewels will be as ever
cause the light
from the soul
will shine forever

Apart worlds I saw in those
blue eyes
wide open and bright
as they look at me
on a rollercoaster of love
heaven sent I think from above
you have turned my heart on fire
throwing my life into a whirlwind of desire
...oh, those...
blue eyes...
blue eyes that mesmorized.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Вересија

На вересија се роди,
во твојот мал град.
На вересија живееш,
со малкуте луѓе таму!
Вересија начека, таму кајшто појде.
Цигара не сакаш да поделиш,
вересијо една!
Не сакам да пцујам,
во уметничка песна,
од рангот на оваа...
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
Некаде

Во ќошот од собата
Во длабочината на срцето
Во капка..
стих..
книга..
Град на темнината..
крв..и
тивок шепот
живеам некаде..
самата..
нема кој да го затвори кругот
пронајди ме или исчезни .

--------------
2 000 пост:pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom