Ватикан бара да се создаде наднационалнио тело што ќе ја надгледува светската економија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
ММФ и другите финансиски институции не одговараат адекватно на глобалната економската криза, вели папскиот совет во својот извештај Pontifical Council for Justice and Peace.

А политиката, која што е одговорна за доброто на човекот, има примат над економијата и финансиите. Ватикан е загрижен заради растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните, односно се поголемиот број сиромашни. Сходно, вели дошло времето да се создадат нови институции...

“The time has come to conceive of institutions with universal competence, now that vital goods shared by the entire human family are at stake, goods which the individual states cannot promote and protect by themselves” .

“We should not be afraid to propose new ideas, even if they might destabilize pre-existing balances of power that prevail over the weakest”.

http://www.vatican.va/roman_curia/pontifical_councils/justpeace/index.htm

.
 
Да да уште тоа фали .... да и се врати економската моќ на црквата . Е тогаш стварно сме го наебале.
 
Хаха, генијално !
Креирање на фејк криза која ќе биде причината да се креира централна светска банка. Нешто што одамна се предвидува дека ќе се случи...
Подржано од Ватикан, веројатно единствената институција во Европа во која огромен број на луѓе сеуште слепо веруваат.

Следно по распоред, светска влада.
Може да биде потребна намерно поттикната светска војна за такво нешто и милиони жртви, после која светската влада ќе биде понудена како конечно решение за крај на војните. Милина.
 
Стварно од кога Црквата почна да ја интересира економијата?
Или слабо им одат бизнисите, па сега мислат среден век е па глупави сме ние! -.-
Нека не се резилат поарно, прво Арапите нема да дадат а за други па да не збориме.

Еве пример како прават нашиве бизнис
АЈМООО ЛОПАТИ!
 
Да, го видов ова, вчера завчера..
Вакви вести го тераат човека малку да се замисли околу теориите на "фолијашите".
 
Многу плитки размислувања и нешто што гледам се разбрало како моментален хир на папскиот совет.

Освен ако тие во Ватикан немале во предвид некаква папска верзија на тие „наднационални тела„... СЕ РАБОТИ ЗА ОДЛИЧНА ИДЕЈА. Која се разбира, нема да се оствари.
Затоа што елитната светска олигархија која ја контролира светската економија, нема теоретски шанси да ја препушти таа контрола без револуција или војна.

Нејсе. Јас само сакам да укажам на огромниот недостаток од разбирање на реалната ситуација. Во принцип, некакво меѓународно наднационалнио тело за надзор на светската економија би била одлична алтернатива на сегашната состојба.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom