Василиј II vs Самоил

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
12.939
Поени од реакции
2.228
Шо те уплаши ова старо време?Времето например 900 година е старо време со 1000 година.
Масово покрстване започнува 864 година.Дел от поданиците на БГ са били веке христиjaни.Еве например самиот кан е бил покрстен.

Много интересно е чиja круна носи Самуил.За да стане цар треба да биде призната круната му от некого и от некоja црква да му буде дадена.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.539
Поени од реакции
786
Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот

Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први, по потекло Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос” (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclopædia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари. Како што Ерменецот Василиј II стана Македонец за Византијците, така и Македонецот Самоил стана Бугар за Византијците.


Ѓорѓи Војтех, внук на царот ни Самоил, во 972 г. од Унгарија доаѓа во Македонија, каде крева востание против Византија, со цел обнова на средновековната македонска држава. Главен византиски војсоводец во задушувањето на македонското востанието е Управникот на Драч, Никифор Вриениј, кој Македонија ја нарекува Бугарија (како тема), но сите жители на Македонија по народност ги нарекува „племето на Словените” (ГИБИ, том 7, стр. 115, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце”, македонски историчар од Бугарија). По востанието на Ѓорѓи Војтех, Никифор Вриениј бил назначен за управник на цела Македонија. Целта на ова назначување била, како што признава самиот Вриениј, "...преку него да се смири засилениот словенски народ" (ГИБИ, том 7, стр. 116, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце”, македонски историчар од Бугарија).

Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.

Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на цар Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дож Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348). И одовде се гледа дека Јован Ѓакон ја нарекол новата македонска држава, т.е. Самуиловото царство, со името Славинија!

И археолошките извори целосно докажуваат дека Цар Самоил немал врска со Бугарите, ниту со царевите од првото бугарско царство. Во 1965 г. грчкиот археолог, проф. Николос Муцопоулос во црквата Св. Ахил на островот Голем Град го отворил гробот на Цар Самоил. Грчкиот археолог во интервјуто за бугарскиот весник Стандард Њувс од Софија вели дека нашиот Цар бил завиткан во скапоцена пурпурна облека (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: Счупена р'ка доказва, че гроб'т е на б'лгарскија монарх); во ваква пурпурна облека погребувани се само античките македонски цареви, додека ниеден бугарски цар од првото бугарско царство не е погребан по антички обичаи, во пурпурна облека. Воедно, во царската катедрала Св. Ахил се најдени записи на старословенски, најверојатно од 998 г., со содржина „тоа се троновите на Патријархот Герман, на Митрополите на Скопје, Велбужд, Сердика, Бер итн., но никаде не пишува нешто за Бугари или Бугарија (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В ц'рквата има спис'к на епископствата”). Во Св. Ахил мора да постои и запис на која држава и на кој народ Цар Самоил бил Император, но дефинитивно не се работи за Бугарија и бугарски народ, туку за нешто што не им одговара на нашите соседи, оти грците и бугарите по однос на ова прашање мудро молчат! По обичај, македонската историографија воопшто за ништо не се интересира, а целата историја нашите „историчари” ни ја препишуваат од Бугарите или Србите, па затоа имаме доста контрадикторности.

Заклучок:


1. Македонците (заедно со Србите, Црногорците, Власите и Албанците) после 972 г. од страна на Византија се крстени со политичко име Бугари, по византиската традиција, како жители на византиската тема Бугарија, додека правите Бугари се наречени Мизи, а нивната земја, правата Бугарија- Мизија. Македонци се наречени жителите на темата Македонија, која била околу Адрианопол, денешно Едрене. Во Византија, луѓето ги декларирале по административната тема од која што потекнувале, а не по народноста.

2. Затоа, Василиј Втори Македонецот, поради што потекнувал од Едрене, византиската тема Македонија, е наречен Македонец, а по ослепувањето на неколку илјадна самоилова војска е наречен Бугароубиец т.е. убиец на жители од темата Бугарија.

3. Најверојатно името на средновековната македонска држава е Славинија.


Битолската плоча
На бугарските историчари специјализирани за средновековна бугарска и византиска историја, сево ова многу добро им е познато. Самоил и бугарската држава биле непријатели, кој подоцна создал самостојна македонска држава. Но, големобугарските апетити на буржујската бугарска држава за македонската територија, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, мораа нешто да сторат за Бугарија да полога право на Македонија; тоа што мораа да го сторат е фалсификација на македонската историја и представување на се’ македонско како бугарско, бугаризација на Македонците итн. Затоа, во тој мрачен период за Македонија, бугарите се најактивни во фалсификација на македонската историја: фабрикуваат божемни натписи од Цaр Самоил и членови на неговото семејство во кои тие се декларираат како Бугари; тие плочи бугарските пропагандисти ги закопувале низ македонската земја. Така, до сега се пронајдени неколку такви фалсификат плочи, во Битола, Воден, Петрич, Благоевград. Сите од нив се напишани со доцна аглеста кирилица, која не е користена во 11 век, кога е користена валчестатат кирилица. Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже” бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Бл'гарїнь” или бугари како „Бл'гаромь„ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.), запис во бугарска словенска редакција од 13/14 век; поимот бугар во 11 век се пишувал „болгар”. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на Стефан Л. Костов, „етнограф при П'рва б'лгарска армија”, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија или пак е од 13 век, зошто по јазикот и писмото, плочата одговара исклучиво на подоцнежниот период.. Наивноста на бугарските фалсификатори на Битолската плоча иде дотаму, што таа ги содржи термините "Цар" и "Самодржец". Имено, поимот "Цар" кај словенските народи се јавува од крајот на 12-ти век, како скратеница од латинскиот збор "Цезар", што го потврдува и бугарскиот историчар Бакалов (Бакалов, "Владeтел", стр. 155-8). Во старословенскиот јазик до 12 век, се користел поимот Књаз или Цезари (Цри) за терминот Цар. Поимот самодржец (словенски) т.е. автократ (лат.) се јавува за време на Второто бугарско царство, во 13 век (Г. Острогорски, ”Автократор и самодржац„ Глас Српске краљевске акадамије CLXIV, Други раздред 84 (1935), стр. 95-187), а Битолсkата плоча би требало да датира од почетокот на 11 век!
Познатиот славист Др. Horace G. Lunt од Харвардскиот Универзитет, ја има анализирано битолската плоча и со сигурност тврди дека таа е од Иван Асен II од 1234 г., а не од Иван Владислав, синот на Цар Самоил, зошто по јазикот и ортографијата плочата одговара на 13 век, а не на 11 век. Инаку, историчарите Владимир Мошин и бугарските Јордан и Василка Заимови тврдат дека плочата е од Иван Владислав, но Др. Horace G. Lunt ги демантира и вели дека целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината", додавајки си свои зборови и години. Понатаму, харвардскиот професор пишува: "Заимови уверено го "реставрираат" најголемиот дел од текстот, вклучувајки датуми и сакаат да го ПРИКАЖАТ она што тие го ПРИЖЕЛКУВААТ како непобитен доказ за бројни историски настани, инаку НЕПОЗНАТИ. За жал, дури ни од далеку нема докажани критериуми за yтврдување рано јужнословенски натпис и епиграфскиот материјал е раштркан и екстремно контроверзен. Со должна почит, морам да ја демантирам проценката на Мошин дека текстот (од плочата) одговара на раниот 11 век. Палиографските и јазичните аргументи на Заимови се НЕТОЧНИ и НАИВНИ. Една основна поента: Мошин јасно го забележува фактот дека годината (на плочата) што тој уверено ја реставрира како 6522 (1014) е ИЗЛИЖАНА (”датата е излижана„; стр.39 во "Словенска писменост", П.Илиевски, Охрид, 1966). Навистина годината (на плочата) не е прикажана на ниедна фотографија (забележете дека плочата 2 на Заимови е фризирана-дотерана на необјаснив начин, додека плочата 3 е искрено цртеж), ниту пак годината (на плочата) е најдена на латекс отпечатокот кој (од плочата) го зел Проф. Игор Севченко од Dumbarton Oaks. Претпоставувајки дека плочата не содржи дата, некој може да си додаде 6 и на крај 2 и вертикална линија со делумно поврзување кое може да биде Ф (500); но изгледа многу повеќе како ПС (700) зад кој следи простор доволен за М (40). Ако некој тогаш го претпостави бројот како 6742, годината би била 1234. Ова убаво одговара со ортографијата и јазикот (на плочата) и го идентификува Иван како Асен II, кој ја освоил Македонија 1230 г. Тоа ги урива неточните историски објаснувања елаборирани од Заимови..." [Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499].
Ве уби човекот нема што друго да се каже на оваа тема.

Василиј е наречен "Македонец" бидејќи потекнува од областа Македонија но не е Македонец по потекло во тоа време оние Словени Македонци што имале свои Склавинии како Берзити, Смолјани, Ринхини, Струмјани биле наречени бугари од страна на Византија но поради областа но не биле бугари.

Еве добар доказ дека Склавинија и бугарија не е исто (Теофан Исповедник 688-689 "византиските коњанички одреди преку Тракија се упатија кон Бугарија и Македонија со цел да ги подобат Бугарите и Склавиниите").

Со самото тоа што и Цар Самоил ги употребил за своја цел Богомилите против бугарската тиранија за тоа многу добро ни појаснува презвитер Козма , а богомилите доаѓаат од областа БЕРЗИТИЈА баш од таа Склавинија каде што беше создадена Самоиловата држава .

Заклучок: Василиј не е Македонец неговата династија е така наречена поради областа, а Цар Самоил нема никаква поврзаност со Бугарија и Византија.
 
Член од
5 септември 2012
Мислења
27
Поени од реакции
10
Самоил е син на комит (не комес) Никола, а комит Никола бил кафхан при цар Симеон.Според еден натпис пронајден во Северна Добруџа, комити Никола е од племето на оногурите (тjуркско племе), а околу 926 доаѓа кај Симеон поради војната со србите.След како доаѓа на власт Петар Први, во 927 година, станува комити (гувернер) на југозападниот дел на бугарското царство. Освен тоа бил болјарин (највисоката прослојка), а таков е можел да биде само бугарин.А на битолскиот натпис, на која вие не се согласувате, пишува:
"Во лето 6523 од создавањето на светот се обнови оваа тврдина, Зидан и направена од Јован самодржец бугарски, со помошта и со молитвите на пресветата Владичица, наша Богородица, и преку застапништвото на дванаесетте врховните апостоли. Оваа тврдина беше направена за засолниште и за спасение и за животот на Бугарите. Започната беше тврдината Битола во месец октомври во 20-тиот ден, а се заврши во месец (...) на крајот. Тој самодржец беше Бугарин по род внук на Никола и на Рипсимија благоверните, син на Арон, кој е брат на Самуил, царот самод'ржавен и кои двајцата разбија во штипон грчката војска на цар Василиј каде беше земено злато (...), а овој во (...) разбиен беше од цар Василиј во годината 6522 од создавањето на светот во Клуч и почина во крајот на летото. "
Односно Иван Владислав бил Бугарин, па затоа и неговиот татко Арон е Бугарин, затоа дедо му Никола е исто Бугарин, и Самуил е ...

Додека нема ниту еден доказ дека бил Македонец, иако е владеел Македонија, но тој е владеел и денешна Србија, тогаш е и
Србин ... Да пишува некаде "Самуил / Арон / Никола се Македонци /", нема ..

Не бришете...
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Самоил е син на комит (не комес) Никола, а комит Никола ...
Озбилно?:D

Ниту Смаоил е турко-монгол (Оногондур) ниту пак на Битолскиот напис го пишува тоа што си го напишал ти и што бугарската држава се обидува да го протне. Истата е многу пати дискутирана на форумов.

А знаеш според еден друг натпис, пронајден некаде во виртуелниот свет во кајгана,пишува дека благонадежни бугари напразно се надеваат дека бладајќи по форуми ке направат уште благонадежни бугари? :pos:
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Тебе веќе ти дадовме простор ОВДЕ кадешто видовме и се уверивме дека ти дува промаја меѓу уши, и немаш поим од основни работи за историја, а камоли нешто посложено.
Така да не знам од каде имаш толкава потреба упорно да се резилиш овде.
Или те пратија по задача?

Самоил е син на комит (не комес) Никола, а комит Никола бил кафхан при цар Симеон...
Можете да скакате на колку теми сакате, и да праќате слабоумни коњољупци да тресат вакви глупости во недоглед, арно ама тоа нема и не може да ви помогне.



В.Н.Златарски "Историја на блгарската држава през средните векове", Том 1, Софија, 1918, стр. 196



В.Н.Златарски "Историја на блгарската држава през средните векове", Том 1, Софија, 1918, стр. 406

:rolleyes:
Златарски не застанал тука, туку на светската јавност и објаснил кои и што биле КОМИТИ-те како Никола!


- "Македонската Склавинија" или "Склавинии" се многу пати покажани на многу теми овде, и Братот погоре има еден доста детален пост за ова. А и јас многу пати сум го покажал оригиналот на Теофан, ама еве ајде пак специјално за дежурниот бугарски трол




Инаку истиот Златарски и подоцна од издавањето на книгата во 1918 г. во една своја статија објавена во 1925 г. ја повторил истава теза за подоцнежното датирање на овие настани, и таму запишал вака:


V. N. Zlatarski "The Making of the Bulgarian Nation", The Slavonic Review. Vol. 4, No. 11, 1925, p. 367

Превод:
"Првиот Император од новата линија, Лав Трети (717-741) којшто го избегна прекршувањето на договорот од 716 г. само заради што мораше да се справи со по опасни противници, спроведе серија важни мерки во однос на Македонските Словени. Заедно со ширењето на христијанството помеѓу Словените, за коешто Константинопол имаше големи надежи како ефективно средство за потчинување, Лав Трети се обиде од една страна да ги придобие кон себе со донесувањето на неговиот законик, познат како "Агрономија", словенските племенски обичаи--слободно заедничко сопствеништво на земја заедно со мали приватни поседи наместо предходното општо земјопоседништво и селско подаништво--а од друга страна, прибегнуваше кон принуда со цел да ги задржи да останат верни поданици на Империјата, особено кога правеа обиди--спореди го тој на Ринхинскиот принц Пребонд--да се здобијат со национална независност."

И ако ова не е доволно за да престане бугарската ментална дијареа овде, еве да покажам што запишал Златарски на предходната страна од истава статија.


V. N. Zlatarski "The Making of the Bulgarian Nation", The Slavonic Review. Vol. 4, No. 11, 1925, p. 366

Превод:
"Новата држава, којашто за свој главен град го имаше логорот на својот прв суверен кај Плиска, модерата Каспичанска рамнина (близу селото Абоба, северо-западно од Шумен), се нарече Бугарија, според народот којшто ги постави основите на она што првично беше политички сојуз и коешто сега стана политичка и национална единица на Балканот, откако првично беше чисто Азијатска по својот карактер. На нејзиното чело стоеше суверенот којшто ја носеше титулата Кан. после Канот главните офицери на државата беа Кавканот, неговиот главен советник, и Тарканот, неговиот заменик во провинциите. Овие позиции ги држеа членови на благородништвото, коешто беше поделено на две класи: повисоките благородници боили, и пониските багаини. Народот беше поделен во мали племиња или кланови--Бугарски и Словенски--и екое од нив си имаше свое име. Словенските племиња си имаа свои принцови, коишто стоеа на чело на локалните војски и беа познати како комити, додека бугарските кланови си имаа свои главатари. Бугарите беа воинствен народ, дисциплинирани и добро организирани, и претставуваа одлични коњаници. Словенските племиња, од друга страна, ги пополнуваа редовите на пешадијата како свој удел, и им беше доделена одбраната на границите. Како што историјата на дунавските Бугари почна со основањето на новата држава, славната година 679 набрзо потоа од нив почна да се смета како почеток на нова ера и беше земена како почетна точка на нивната хронологија, бидејќи тие ги задржаа старите Азијатски начини на сметање на времето со дводецениските циклуси и лунарни години."

:rolleyes:

И сега треба ли да потсетам кој бил КОМИТА НИКОЛА и кои биле неговите синови КОМИТОПУЛИ, од кои Цар станал Самоил?

Еми тие де што успеале да го направат тоа што предходно тргнал да го прави Пребонд. ;)

Ај нека те потсети побугарената војвоѓанска србенда Љубомир Милетич за тоа чиј е јазикот на погребната плоча за родителите на Самоил:

 
Член од
29 септември 2013
Мислења
491
Поени од реакции
408
ИЛЈАДА ГОДИНИ ОД БИТКАТА НА БЕЛАСИЦА

МАГАРИЊАТА НА НИКИФОРОС ГО ИЗМАМИЛЕ САМУИЛ



Игор К. Илиевски

Велат, историјата ја пишуваат победниците, затоа и се опеваат победите, а малку се знае за поразите. За Битката на Беласица од пред точно илјада години обично се знаат неколкуте пасуси од учебниците по историја, дека византискиот император Василиј Втори го поразил царот Самуил и дека ослепел 14.000 заробени војници, на секој стоти оставајќи му по едно око за другите да ги одведе во Самуиловата престолнина. Истата куса приказна и морничавата епизода со ослепувањето на заробениците ја раскажуваат и жителите на местата околу Самуилова тврдина во Kлучката Kлисура, најголемото утврдување и местото од каде што Самуил командувал со одбраната.
Тоа место, на неколку километри по бугарската граница, на патот од Струмица кон Петрич, е досега најдобро истражено утврдување на одбранбената линија. Најмногу е посетувано од жители на Македонија.

Рид претворен во тврдина

На неколку километри откако ќе се мине граничниот премин Ново Село кај Струмица, од десната страна на патот стои малото „ханче Самуилова крепост“, од патот многу повидливо од таблата која го означува влезот во денес историскиот комплекс на тврдината. Ридот кој бил претворен во утврдување денес е прекриен со шума и неговата вистинска функција е видлива само кога ќе се влезе во комплексот.
Од „ханчето“ камена патека води до брегот на реката Струмешница, која од три страни го заобиколува ридот. Преку метален мост патеката продолжува од другата страна, покрај бараката на билетарницата и продавницата за сувенири. Двајцата чувари и продавачката, кои седaт во бараката, велат дека нема водич, а патеката минува покрај сите места што вреди да се видат.
Kамената патека полека се искачува по благата падина кон првото плато, на кое во 1983 година Бугарија изградила споменик на Самуил и две спомен-соби за битката. Во пресрет на милениумскиот јубилеј на битката на платото се направени и реконструкции на две земјанки во какви што живееле Самуиловите војници и на дрвена ограда - одбранбена палисада со какви што бил обвиен ридот.


Зад споменикот почнуваат вистинското утврдување и вистинската приказна за Битката на Беласица.

Според „Воената историја на Македонија“ на професорот Ванче Стојчев, откако Самуил освоил дел од Византиската Империја, поставил одбранбена линија во Kличката Kлисура на реката Струмешница за да го запре напредувањето на византискиот император Василиј Втори, кој од Цариград преку долините на Струма и Струмешница напредувал кон Струмица. Одбранбената линија почнувала кај денешен Петрич во Бугарија, со одбранбен бедем од околу 7 километри од селото Градешница на планината Огражден до селото Kоларево на спротивната Беласица, пресекувајќи ја клисурата. На секој преслап преку кој воделе средновековните патишта на Беласица биле изградени камена кула и утврдување, а одбранбената линија продолжувала во Македонија, со тврдини кај Мокриево, Струмица и Kостурино.
Ридот на Самуиловата тврдина бил централно и најголемо утврдување од каде што царот го набљудувал и командувал целиот одбранбен систем во клисурата. Во годините пред Битката на Беласица, додека Василиј војувал во Италија, Самуил го соголил ридот и го пресекол врвот. Од земјата од врвот направил три ѕида околу ридот, а од исечените дрва палисади, кои го обвивале утврдувањето.
Токму зад споменикот на Самуил е првиот земјен бедем, кој го обвива ридот. Тесна земјена патека низ него води кон врвот. Зад бедемот е ров, длабок околу два метра и широк пет метри. Над него на падината е вториот бедем и ров, а рамниот врв е опколен од последниот, единствен камен бедем на утврдувањето. Ридот меѓу бедемите бил обвиен со дрвени палисади, а до секоја одбранбена позиција воделе дрвени патеки издигнати на колци. Пристапот до врвот за напаѓачите бил извонредно тежок.


Kулата од која царот командувал со битката


Платото зад камениот бедем во деновите на битката имала 41 земјанка во кои логорувале Самуиловите војници. Според Стојчев, постојат податоци дека војските на Самуил броела 360.000 војници, но тој ги смета за претерани. Земјанките биле направени од греди, покриени со глина, а секоја имала огниште во средината. Според археологот Димка Серафимова, која ги предводела истражувањата, на ридот постоело утврдување и населба уште од 4 век пред новата ера, а Словените го населиле во 9 век. По битката, византискиот император ја урнал и запалил населбата, со што престанува животот на ридот.
На крајната западна страна, најбезбедната страна на платото, во археолошките истражувања што Музејот во Благоевград ги вршел од 1968 до 1973 година, е откриена уште една, многу поголема земјанка, единствена со камена печка. Таа се наоѓа зад единствениот камен одбранбен ѕид на платото. Покрај земјанката, ѕидот ја опкружува и околу два метра високата камена основа на која се наоѓала дрвена набљудувачка кула. Според местото и конструкцијата, сметаат археолозите, кулата не можела да биде ниту одбранбена ниту заштитна. Нејзина единствена намена било надгледување на боиштето. Тоа, сметаат археолозите, е местото од кое Самуил ја надгледувал својата одбранбена линија, а големата земјанка му служела како резиденција додека престојувал во утврдувањето.


Непробоен ѕид од утврдувања

Во 1983 година над царската земјанка е изграден свод, а над основата на набљудувачницата бетонска кула. Спирални скали водат до врвот, од кој има восхитувачки поглед на целата клисура. На запад се гледа целото Струмичко Поле, на север и на југ целите масиви на Огражден и на Беласица, а на исток, од каде што доаѓале Византијците, видикот е непопречен с` до долината на Струма. Одовде денес може само да се замислат седум километри долгиот бедем и попатните кули и утврдувања, кои ги поврзувале двете планини држејќи го Василиј надвор од Самуиловото Царство. Но, првиот поглед од кулата ја објаснува и причината за поразот. Секое од утврдувањата, вклучувајќи го и ова, е сосема незаштитено од западната страна.
Kога Василиј во јули 1014 година со војската стасал во Kлучката Kлисура, бил дочекан од седум километри долг бедем од земјени, камени и дрвени ѕидови. Според д-р Георги Митрев од универзитетот во Пловдив, одбранбената линија почнувала високо на Беласица, со утврдување кај местото Гергевче на 750 метри надморска висина. Словените го користеле теренот претворајќи ги коритата на планинските рекички во ровови, а сртовите на ридовите во бедеми. На планинските позиции поставувале дрвени, а во рамнините земјени и камени бедеми. Од нив стрчеле дрвени колови, под острите врвови врзани со јажиња за напаѓачите да не може да минат меѓу нив.
Од Гергевче дрвена ограда се спуштала по северната падина на Беласица источно од селото Kлуч до друго утврдување со ров длабок околу два метра, засилен со камен ѕид, во должина од околу 2 километра, до ново камено утврдување. Бедемот продолжувал со камена и дрвена ограда, со камени одбранбени кули, до друго утврдување 300 метри посеверно кон реката Струмешница. Местото било природно оградено од три страни, со приод од запад, а токму поради тоа, подоцна Византијците и лесно го зазеле. Уште едно утврдување стоело на јужното крило на одбранбената линија пред Самуиловата тврдина. На север, кон Огражден, биле изградени дрвени ѕидови.
Уште една, помала одбранбена линија, се протегала на југ до селото Kоларово. Kамен ѕид долг 1,5 километар завршувал со утврдување кај преслапот Демир Kапија, еден од ретките премини на Беласица.
Сиот одбранбен систем бил поставен со приоди од запад, од заднината на Самуиловите војски. Поради кусото време за подготовка, Словените го користеле теренот, едноставни техники и локално расположивиот материјал. Во земјените ѕидови како арматура биле ставани дрвени греди, а камените фортификации биле градени без материјал за спојување, само со редење на каменот. Затоа сите имаат широки основи.

Два пробоја на бедемот

Приказната вели дека по неколку неуспешни напади, кога Василиј видел дека не може да ја пробие одбраната на Самуил, пратил дел од војската да ја заобиколи Беласица и да ги нападне Словените од зад грб. Но, историчарите имаат уште неколку други нејзини верзии.
Според Митрев, имало не еден, туку два маневра за заобиколување на одбранбениот бедем - и од југ и од север. Василиј ги пратил својот омилен генерал и солунски владетел Теофилакт Вонтијат и стратегот Никифор Kсипријас по секоја цена да најдат премин преку Огражден, односно Беласица. Според историчарите, за да ги залажат Словените, Византијците ги разделиле силите преку ден, а наместо коњи, војската имала магариња за бранителите да мислат дека со нив ќе донесе храна за Византијците, кои вршат опсада на бедемот. Според познатата приказна, Никифор ја заобиколил Беласица за една ноќ и утредента ги нападнал Самуиловите позиции од зад грб. Но, велат историчарите, византискиот војсководец три дена ја искачувал планината барајќи премин. Според Стојчев, сртот веројатно го минал одејќи од селото Шугово во денешна Грција преку Kоларев Врв, единствениот превој на Беласица. Митрев смета дека преминот бил преку превојот Демир Kапија кон селата Порој или Матница, преку средновековен пат.
Византијците се движеле низ шуми и долови, криејќи се од Самуиловите војници. Откако им се доближиле на околу еден километар, утрото на 29 јули со силни викотници извршиле јуриш. Хроничарите нападот го опишуваат како масакр, во кој Словените биле изненадени од единствените небранети страни на нивните утврдувања.
Според една верзија, тој ден Kсипријас го урнал бедемот кај Kлуч, со што се споил со главнината на силите на Василиј.
Вториот одред за обиколување војската на Теофилакт Вотанијат го минала сртот на Огражден по коритото на Градешка Река и од планината слегол на околу 10 километри западно од бедемот.
Затоа овие сили не учествувале во битката на 29 јули. Но, според историчарите, битката продолжила и следниот ден.
Вториот ден во битката се вклучил и Теофилакт со своите сили и ги изненадил Самуиловите војници на северната страна на бедемот.
Самоил, кој на 29 јули бил во струмичката тврдина, бил отсечен од своите војски во клисурата и кога дознал за нападот, веднаш тргнал да им се придружи на своите војници. Во тврдина во околината на Мокрино се обидел да ги спои своите сили со разбиените војски, но едвај преживеал. Син му Гаврил Радомир го спасил и го однел во прилепската тврдина. Според Стојчев, постојат податоци дека во Битката на Беласица загинале 160.000 Самуилови војници.
Византијците ги уништиле тврдините кај Мачуково и кај Струмица и почнале опсада на градот.
Василиј, сакајќи оттаму да продолжи за Солун, го пратил својот миленик Теофилакт да го испита патот. Kај Kостурино, Самуиловиот одред предводен од Гаврил Радомир, ги пречекал во заседа, а принцот лично го убил византискиот стратег. Тоа, велат историчарите, е причината што Василиј во август 1014 година го наредил ослепувањето на заробените Самуилови војници.

KАЈ КУЛАТА КАЈ МОКРИЕВО СПОМЕН-ПЛОЧА ЗА БИТКАТА

Локалната самоуправа на струмичко Ново Село на денот на битката постави спомен-плоча во месноста Пирго кај селото Мокриево. Таму се наоѓа средновековната кула, која била дел од одбранбениот систем на Самуил.

извор: http://www.dnevnik.mk/?ItemID=CB7933A6AE944B4A8D18FB25DBE1A430
 
Последно уредено:
Член од
28 јануари 2015
Мислења
5
Поени од реакции
3
Токму царската династија од кој потекнува Василиј 2 е била заробена со сета царска придружба и однесена во заробеништво цели 20 години во Ерменија од ерменците. Тој бил мало дете на 3-4 години кога го заробиле, а кога се враќа назад бил веќе зрел маж. Кога го крунисале во св. Софија во Цариград како Македонски цар тој дал заклетва: "О мил Боже еден и единствен јас дури не го убијам и отстранам неверникот Самоил од светата земја Македонија, круната којашто од вас ми е дадена ќе ја вратам во овој ист храм и ќе се откажам од престолот".

Зошто тогаш Киевскиот кнез од Украина Светислав застанал на страната на Василиј 2 во одбрана на православието. Доста е од квази научници и слепи послушници кои ги читат само западните извори од Рим и Ватикан, Лондон и Париз, но знајте дека има обемна литература од источните автори која е објективна, точна и прецизна.[DOUBLEPOST=1451666326][/DOUBLEPOST]
Samoil ne e makedonec i nkogas ne napravil makedonska drzava, najobicen
odmetnik od imperijata ( Istocnoto rimsko carstvo), zaradi parite od Vatkan. Najgolemiot broj istoricari se na mislenje deka e so ermensko poteklo. Samuil, Aron, Mojsej, David - se
tipicno starozavetni evrejski iminja sto Makedoncite mnogu retko gi koristele niz vekovite.



Koja dinastija na Samuil, pa uste Makedonska?
- Platen odmetnik, tako mu Nikola bil nekoj pogranicen knez na Vasilie II, sin mu Samuil, otkako si gi sotrel brakata koi najverojatno ne se soglasuvale so nego, organiziral vojska so parite od
Vatikan i se odmetnal od Vizantija (sakal da bide "kalif umesto kalifa"). Bil krunisan od papata zosto vo Carigrad mozel da bide krunisan samo so odvoena glava od telo. Bil narecen "Bulgarin" - termin koj togas, a i sega ima isto znacenje vulgarno = bezobrazno, vprocem i den deneska toa bugarite se prilicno dosledni na svoeto ime.
Vasilie II koj e od makedonska dinastija vladeel peesetina godini so najmoknito, najdolgotrajnoto i najznacajnoto (za hristijanstvoto) carstvo. Toj i tie pred nego se vistinska tema za proucuvanje, tema kriena
skoro 60 godini, a ni e nafrlan Samoil - luzerot kako nas car.
ВО ПРАВО СИ
 
Последно уредено:

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Токму царската династија од кој потекнува Василиј 2 е била заробена со сета царска придружба и однесена во заробеништво цели 20 години во Ерменија од ерменците. Тој бил мало дете на 3-4 години кога го заробиле, а кога се враќа назад бил веќе зрел маж. Кога го крунисале во св. Софија во Цариград како Македонски цар тој дал заклетва: "О мил Боже еден и единствен јас дури не го убијам и отстранам неверникот Самоил од светата земја Македонија, круната којашто од вас ми е дадена ќе ја вратам во овој ист храм и ќе се откажам од престолот".

Зошто тогаш Киевскиот кнез од Украина Светислав застанал на страната на Василиј 2 во одбрана на православието. Доста е од квази научници и слепи послушници кои ги читат само западните извори од Рим и Ватикан, Лондон и Париз, но знајте дека има обемна литература од источните автори која е објективна, точна и прецизна.[DOUBLEPOST=1451666326][/DOUBLEPOST]
ВО ПРАВО СИ
Повели, поткрепи ги тврдењата, а особено цитатот со некој извор, да видиме сите дали е така како што си напишал?
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
4.020
Поени од реакции
4.963
Зошто тогаш Киевскиот кнез од Украина Светислав застанал на страната на Василиј 2 во одбрана на православието.
Бате ова ти е голема контрадикција .
Источните Словени т.е. Киевските Руси ги има покрстено Владимир 988 год кој му е син на Свјатослав.
Свјатослав не го мешај со православие зашто не само што врска си нема со тоа ,туку бил и противник на него.
А застанал на страна на Василиј од политички побуди. Свјатослав го ослободил Симферопол на Крим од хазарите , и за пари му го шитнал на Васе за да овој го обврзе да му дојде на помош против ``бугарите`` на Самоил а за возврат Васе да му даде некоја роднина за жена. Таа жена е мајката на Владимир која што преку нејзиниот син ја презела државата и ја покрстила со грчко (византиско ) православие наместо со словенско (Владимир инаку го има убиено полубратот од предходниот брак на Свјатослав за да дојде на власт по советување со неговата мајка ).
https://en.wikipedia.org/wiki/Christianization_of_Kievan_Rus'
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
5
Поени од реакции
3
Бате ова ти е голема контрадикција .
Источните Словени т.е. Киевските Руси ги има покрстено Владимир 988 год кој му е син на Свјатослав.
Свјатослав не го мешај со православие зашто не само што врска си нема со тоа ,туку бил и противник на него.
А застанал на страна на Василиј од политички побуди. Свјатослав го ослободил Симферопол на Крим од хазарите , и за пари му го шитнал на Васе за да овој го обврзе да му дојде на помош против ``бугарите`` на Самоил а за возврат Васе да му даде некоја роднина за жена. Таа жена е мајката на Владимир која што преку нејзиниот син ја презела државата и ја покрстила со грчко (византиско ) православие наместо со словенско (Владимир инаку го има убиено полубратот од предходниот брак на Свјатослав за да дојде на власт по советување со неговата мајка ).
https://en.wikipedia.org/wiki/Christianization_of_Kievan_Rus'
Не може информации да читате само од Ротшилд и западните автори, прочитајте нешто и од источните византиски автори, знаете колку сме сакани од римокатолиците и западот.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
4.020
Поени од реакции
4.963
Не може информации да читате само од Ротшилд и западните автори, прочитајте нешто и од источните византиски автори, знаете колку сме сакани од римокатолиците и западот.
Мене барем не збори за Ротшилд и за западот колку не сака. Ова за Свјатослав има материјални докази во тоа што сите цркви во Украина се изградени после 988 кога Владимир е владетел на Киевска Русија.
 
На врв Bottom