Вардар останува во првата лига!

Дали го оправдувате овој потег?


  • Вкупно гласачи
    124

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.283
Поени од реакции
21.598
Најтрофејниот македонски клуб, Вардар останува во Првата Лига - ова го потврди Фудбалската Федерација на Македонија.

Предвидувањата за фузија со Миравци се остварија, овие два тима си ги заменија местата но со различни имиња ќе мора да играат во Првата односно Втората лига.
Ова го потврди првиот човек на Фудбалската Федерација на Македонија, Хараламие Хаџи Ристески.
Се шпекулира дека новото име на Вардар ќе биде "Вардар 2011" или "Вардар 1947".
Миравци исто така ќе игра со променето име, "Миравци 2011" или "Миравци 1951".
Новото раководство на Вардар засилено работи на создавање на нов тим. Клубот го напуштија Бразилците, Нено, Фабио и Карлос, Алиовски, Шабани, Ристов, Стојковски, Василевски и браќата Џангаровски.
Се споменуваа неколку звучни имиња како можни нови фудбалери, Бајевски, Деспотовски, Васоски, Божиновски, Вашингтон и Амбуре.
Сите гласини велат дека нов тренер на Црвено-црните ќе биде Илчо Ѓорѓиоски.
Извор: 24 Фудбал

Сакам да чујам ваше мислење, дали го оправдувате овој потег и зошто.
 
М

Мартин`

Гостин
Мене ова ми е глупо, подобро да игра една година втора лига отколку да си го мењаваат името на клубот ..
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
pogolema glupost od ova zdravje
pak ovoj haralampie mati nekoj vodi :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.611
Поени од реакции
70.134
Си го го купивме местото алоооо
Што има тука незаконски нека каже некој???
Во фудбалот има милијарда вакви случаеви....
Ниту лигата ја проширија ради нас, ниту пак не пикнаа незаконски...
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.022
Поени од реакции
607
Да распишевте барем референдум за промена на име :), слабо демократијата
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Си го го купивме местото алоооо
Што има тука незаконски нека каже некој???
Во фудбалот има милијарда вакви случаеви....
Ниту лигата ја проширија ради нас, ниту пак не пикнаа незаконски...
Кај има ваков пример Туркменистан ,Уганда јас не сум чул дај ми пример.Милан во осумдесетите години два пати отпаѓаше и се враќаше во Серија А и стана наисилен тим во Европа тогаш.
Пред некој ден Ривер Плата тимот со 33 титули во Аргентина отпадна од прва лига.
Вардар отпаѓал и се враќал во Југословенската лига.
За ваков изум јас не сум чул ова си е срам за ``големиот`` Вардар.
 

vac 13

партизановец
Член од
21 мај 2008
Мислења
5.426
Поени од реакции
530
Многу е тапа ова бе,па Јувентус играше втора лига,Депортиво ќе игра сега втора лига,милијарда вакви случаи има низ цел свет ,Вардар за 1 сезона ќе си го смени името,тапа!
--- надополнето: Jun 24, 2011 1:21 PM ---
Кај има ваков пример Туркменистан ,Уганда јас не сум чул дај ми пример.Милан во осумдесетите години два пати отпаѓаше и се враќаше во Серија А и стана наисилен тим во Европа тогаш.
Пред некој ден Ривер Плата тимот со 33 титули во Аргентина отпадна од прва лига.
Вардар отпаѓал и се враќал во Југословенската лига.
За ваков изум јас не сум чул ова си е срам за ``големиот`` Вардар.
Не испадна Ривер,утре играат реванш,ако извади и нерешено дома ,значи само да не изгуби пак ќе опстане.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.611
Поени од реакции
70.134
Кај има ваков пример Туркменистан ,Уганда јас не сум чул дај ми пример.Милан во осумдесетите години два пати отпаѓаше и се враќаше во Серија А и стана наисилен тим во Европа тогаш.
Пред некој ден Ривер Плата тимот со 33 титули во Аргентина отпадна од прва лига.
Вардар отпаѓал и се враќал во Југословенската лига.
За ваков изум јас не сум чул ова си е срам за ``големиот`` Вардар.
Има пример за фузии и во македонската лига па камоли во странство.
Брегалница пред неколку години се фузираше со Алумина, Македонија ЃП лани со Треска Шишево и ред други...
И самиот вардар е настанат со фузија на Победа и Македонија.
Дали е срамно или не тоа што не сме играле ферски во втора лига си е наша работа, АМА ВИЕ СЕ БУНИТЕ ДЕКА ТУКА ИМА НЕШТО НЕЗАКОНСКИ...
ЕПА НЕМА!!!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Реално гледано Вардар не заслужи никако догодина да игра 1лига.Испадна на најпоштен начин од лигата и требаше со крената глава да влезе и да игра во 2 лига.Ако некој требаше да биде замена за Миравци кој наводно нема финансии за прва лига тогаш тоа беше екипата на Скопје,а ако неможат и тие во прва лига тогаш или Тиквеш или било која друга екипа од 2 лига да влезеше во прва лига.Јасно ни е на сите што значи Вардар за во Македонија,јасно е дека е најтрофеен тим во Македонија но сепак вакви работи им се случуваат и на најголемите тимови во светот како што спомна во постот Мите.
Ова ќе остави голем белег во историјата на клубот и е нешто што никој нема да го заборави.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.838
Поени од реакции
15.988
Нели има Фан Клуб Вардар?!
За секоја вест тема ќе се отвара :confused:
Иначе сум го кажал моето мислење во темата за Македонското фудбалско првенство...и уште стојам на тој став.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.878
Поени од реакции
1.092
Јас лично говорејќи за себе сум ПРОТИВ ВАКВИОТ ПОТЕГ.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Остајте ги не им објаснувајте на другите кои само љубоморат што вардар е бренд и големо име. криво им е што толку прашина се дига околу ова славно име и п оова се гледа дека сите сакале да му се ситат на вардар што некој го доведоја во втора лига и затоа сега ќе пукнат од мука што се најде начин и луѓе и спонозори кои ќе го водат клубот на врвот каде што му е местото.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Не го оправдувам затоа што го правите како НАЈЈАКИОТ клуб во македонија , но сепак незаслужено во прва лига.. на местото од Миравци ..
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
110
Поени од реакции
63
Saber Rider* Батец,фузија значи од два клуба да се спојат и да остане еден клуб.А ова што се напрај е тоа дека досегашниот миравци ке си го смени името во вардар 2011 а досегашниот вардар во миравци 2011.Убаво вчера кажаја на а1 само за да остани прва лига името вардар ,вардарци се одлучија теоретски а со тоа и практично да се откажат од своето минато и историја,што во најмала рака е бедно и мизерно.На хартија ова е изводливо, но правото е едно, а фудбалот друго, па ќе им биде ли јасно на идните навивачи на црвено - црните, чиј дрес носеле голем број легенди, на оној или на овој Вардар..
 
T

Tetro

Гостин
Помирете се со фактот дека живеете во Македонија, земја каде одлуќи носат тие кои ги земаат народните пари и ич не им е гајле што мисли народот.
И Јувентус играше во 2-ра или 3-та лига некое време (по казна), па ене го се вратија пак во прва. Јувентус можел, Вардар не можел. (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom